Боди носи од почеток на септември цело време, овие денови е премногу ветровито, а кај нас ги оставаат често и надвор да играат, така да и по долги ја праќам или хеланки, блуза со куси и дуксер, па кога е внатре да и го соблекуваат, за надвор на неа. Не сме во Ск ние.
Бебе 15 месеци последниов период некој 2 недели станува од спиење и се чеша, најмногу по бутчињата. Некогаш и на грбот позади памперсот кај што му фаќа. Немам сменето ништо буквално од кога е роден, ист прашок, ист гел, исти кремчиња, памперс, влажни. Од јадење се е воведено без реакција. Матичната даде сируп за алергија да пробаме 5 дена па да видиме, ама 3ти ден веќе, пак се чеша. Не како претходно, ама на станување се чеша и се гледа дека го мачи. Инаку ништо нема, тук таму некое ситно брунче што со лупа треба да го бараш, не изгледа суво, да се перута и слично. Дали има шанси од заби што вади па од нервоза да се чеша? Прв заб сега извади на 14 месеци, веќе и втор, а гледам и третото ѕирка. Не е кенкав иначе, не плачи од забите само изразено цицање и чешање. Веледа сменија пакување на гелот, па си мислев од тоа да не е, да не сменија формула, ама неколку дена го мијам со Мустела и не гледам некоја разлика. Што може да е ова?
Мајки што давате кравјо млеко. Дали имаа децата малку потечна столица кога воведовте? Пробав по 100 мл наутро, си го пие без проблем, ама гледам на столицата му влијае. Навечер ад давам. Како период на адаптација мислев да сменам наеднаш. Како сте правеле вие?
Да, неколку дена дур се навикна имаше потечна столица, јас на почеток и го мешав со вода не и го давав чисто кравјо.
И мене ме интересира ова. Мојата е 22.5 месеци. Мама, тато, дај, на.. фала и чао вика не сите а не збори. Ако сака нешто само ме тегне натаму синоќа завршивме кај кпмшииѕе на гости пти виде дека купија крем. На мисла ми е ептен ама не знам ни кај да ја носам ни што да направам. Во градинка децата од нејзината група веќе комуницираат. А за мојата река дека е повлечена и се трга на страна. А дома ако нешто не е по нејзино урла се треска на земја плаче едвај ја смирувам. Ние сме сами со мм. На каков специјалист се оди прво ако некоја знае?
Неможам. Премногу е тешко. Секоја вечер седиме до полноќ. Има ли некоја мајка што се одбиле на 2години па натака па лесно испаднало? У смисла тогаш децата нели полесно заспиваат и слично.
Моето е 1 година и 4 месеци и има еден подој навечер, цица па потоа се заспиваме во спална, досега кратењето на подој ни беше многу лесно, пример последниот кога го кратевме татко и почна да и дава млеко од шише.. Пробајте така, друг да го заспива или да му даде млеко од шише.
Кој молерс го давате после годинка? 2 месеца прекинавме омега, давам само солдевит 2×400 прскања..се мислам дали тути фрути или јаболко? И дали има мерица бидејќи пишува 2,5мл до 3 години?
2,5 ml до 3. Како е означено така даваш. Кој вкус ти го пие тој давај го. Не експериментирај. Не ги сакат сите.
Уште му немам дадено, затоа прашувам кој ви го пијат пред тоа давав заедно д3 омега на Бејбитол, затоа.. Дали има мерица сирупот?
Моите лимон пијат. Сум земала и јаболко ама не беа толку воодушевени. Индивидуално е. Мислев имаш давано.За баткото земам пастиљи.
Јас некни го зедов тутифрути.. Многу убаво мириса, но ќерка ми не е многу воодушевена инаку да пишува 2.5 мл до 3 години, нема мерица, јас прво мерев со шприц од блок макс, а потоа и во мерицата од ефералган, некако од неа најлесно ми е за давање, во неа иди до 4кг.
Ја провери количинава со шприц? И јас сега ја измив од ефералганот Чат џпт ми вика цел дозер бил 5мл, демек пола од тоа..сиг е грешка, тоа е многу некако
Јас и давам со шприц од далерон, и и давам 2,5мл.. а со ефералган не знам како оди, пошо по тежината е