И јас ке прашував како сте шо убаво си заигруваше сам, сега само плачи и сака во раце, си реков дека залади па не шетаме ова време досадно му е па затоа е нервозен, ама по цел ден се пишти Ама ете до скокот било.. Со забите смешни сте моево два долу има
Исто сме, плаче и сака во раце да го носам, а никогаш не сакал строго во раце, навечер станува по стопати, пие млеко малку повеќе, за сѐ нешто квичи. Ама ние вака сме скоро секој скок. Инаку, 9 скок сме, тој е на 14 месеци, 10-ти е помеѓу 17-18 месеци.
Борби е и за ноќно заспивање, повеќе од пола саат го шетав по соба, а тежок е веќе не се држи Ај барем утеха е дека скок е @angel4444 ќе излезат и забите кај ќе одат
Даа, или па ќе заспие веднаш, па се буди свеж по 30-60 мин., па после едвајјј се презаспиваме. Денес од дремка до ноќно спиење имаше ww од 7,5 часа.
Една година е мојот и буквално е истото. Толку плачење немало ни кога беше новороденче. За се што не му е по кејф плаче, фела играчки а за на града да не зборам, нон стоп во секоја прилика и од секоја позиција, веќе сум при крај на сили...Се надевам дека е само фаза и ќе помине...
13м сме, се лигави исто како на 4месеци. Има кецови и двојки и горе и долу. Не знам дали му е вака од забите. И собира плунка и плука И моментално сме и во период каде што сака да ми ја јади косата. И навечер ако не ме држи за коса не може да заспие. Е после во текот на ноќта ме куби и буквално сум без коса и ме полудува. Не знам како да го одвикнам. Му дадов и тетра во рака, и мече, ама тој за косата е упорен
Дали молерс се дава по килажа или не. И кое време од денот и дали може во сокче дали ке го сака така затоа ? Убав ден ☕
Мајки на која возраст почнавте да давате од купените чаеви(филтер или другиве во ќесенце), белешките не ги сака. Нане, камилица за нив прашувам
Молерс се дава 2,5мл до 3год. Така пишува на него. Јас го давам со шприц директно во уста, наутро пред градинка. За во сокче не знам, нека каже некоја ако дава
Здраво. Дете е 15 месеци, уште не јаде парчиња пример месо, се задавува. Пред неколку дена забележав дека млекото почна да му прави проблем ,го повраќаше. Пие битолско витаминско пошто алпско словенско уште на почеток пробав,го нејќеше. Два дена млеко не му давам да пие и не повраќа ама ми одбива и храна, си каснува ама по малку. Дали сте имале слично искуство да споделите. Дали да прекинам млеко, дали да почекам некој ден, да сменам некое ниско маслено. Не знам.
Воопшто нема потреба да пие млеко ако секој ден си каснува млечно - грчки јогурт, крем сир, јогурт, кисело млеко, сирење..
Што ви помогнало за растечено носе? Не ме остава да му го исчистам, цел е со мрсулчиња, како чешма му течи
Сликава е за четкање заби, ама јас и за чистење нос ја користам ако не соработува. Инаку исправено, седнат во скут, едната нога над него, со рацете под мојата нога, само главата слободна, и така најчесто успевам, ама треба малце гимнастика. А друг начин за мрсули вадење освен да се ишмукаат нема
Мака имам со детево, се научи да спие без јорганче, ќебенце и сега штом го покријам, се буди и кенка се додека не се отскрие. Навечер се спушта темп до 21 степен, не знам што да правам. Со вреќа е пробано, не сака ни тоа. Некаде во ноќта ќе успеам да го покријам ко е во подлабок сон и ќе се разбуди пак да се отскрие. Склетчија е за топло, ама јас сум зимурлива и се мислам дека и нему му студи. Има ли некој трик да се научи покриен или така ќе си спие?
Јас седнат кај мене во скут неговите нозе меѓу моите едната рака негова десната кај мене под мишка како да ме има гушнато левата му ја држам со мојата лева рака и влечам мрсули. Звучи комплицирано ама за сама се снаоѓам кога е мм дома он држи јас чистам или обратно.