Исто.. во тек на спиење и после спиење едно два саати кашла ептен убаво... ваљда тогаш им се слева надоле Јас му давам проспан со бршлен за да се искашла убаво, имам еве и читам смее и за деца под 2год но со консултација сепак од доктор. Можеш и чај од бел слез, исто за искашлување е и тој, сум го давала под 2год кога беше. Друго да не ви е сув дома воздухот? Јонизатор, навлажнувач е спасот за тоа, или ставај на радијатор кај што спие гезве со вода..
Навлажнувач обавезно, и чистете ги носињата пред да си легнат. Физиолошки обавезно, убаво да се искиваат и после на спиење. Јас така правам со моиве. Иначе додека не го уклучивме навлажнувачот, поткашлуваа повремено. Сега фала му на Бога, добро е.
Спреј во нос. На двајцата, секој ден по неколку пати. Така се' се чисти. Инхалации не правам, немам инхалатор, фала Богу немало потреба до сега. Ама секојдневно прочистувам носе со спреј со солена вода . Големиов после школо задолжително, оти солената вода помага за чистење на бактериите и нечистотиите од носот.
И мене ми треба совет за кашлица, особено за вечерва ако станува во спиењето. Вчера кашлаше малку, ама така продуктивно, без други симптоми. Во аптека го пуштив мм, зошто матичниот од врата препишува антибиотик ко на шала, и му дале мукоплант од бршлен. Денес му дадов, и мислам полошо направив, почна посилно, позарипнато да кашла и почесто. Што да правам вечерва и утре што да превземам? Се работи за вирус мислам, зошто сите сме моментално такви, само кашлицата кај него ме исплаши.
И мојов еве ос 9 е заспан а 100 пати разбуден. Мат ми рече спреј, супи чаеви, ама секогаш пиел по еден тон чај сега едвај едно шише. Нз што дане правам
@kikin зарипнато кашла и твојот? не знам, ме плаши кашлицата мене, во овие две години не сум слушнала вака.
За што е тој од бршлен, за продуктивна кашлица? Таквите сирупи поттикнуваат на искашлување. Да земеш нешто за смирување? Од тегавец или од исландски лишај.
@Annath да, за искашлување е. Денес само во носето спреј му ставам и над пареа го чував, не кашла многу често, ама кашла многу зарипнато како ларингит. Ќе видам денес како ќе биде до поручек, после ќе го носам на преглед.
Мајки денес трет ден имам проблем со синко..Преку ден си е весел игра ке преспие но штом падне сонцево околу 17 18 часот дете се утепува плачејки вриштејки целиот се вцрвенува па од плачење синока и тт ми качи а се стемни хорор ни се овие 3 вечери еве сега од 17часот плаче вришти го шетам пеам ништо не помага..Искуство..? Совет..?
мајки што може да е му се разрануват често ги има подолго време веке..Го носевме и за ск ни препишаа мустела стелатопија антибиотик крем банеоцин и афлодерм но никакво подобрување еве недела дена веке помина.. @wannaBeMomma мислам дека ти имаше постирано ваква слика дали го решивте проблемот..?
Мајкички ве молам совет некој знам дека овде најбргу ке добијам..Препорачајте ми нешто за спиење смирување незнам веке ни јас што..16+ сме преку ден едњн час само преспива а нокта не спие па незнам што е веке ке отспие 10 1тмин се буди го држам и по 4-5часа враце и тоа се нишкајки ако застанам плаче ке се занесе го оставам и пак за 10 15 мин иста песна немам сили веке..Ова недела почна да ја буди и керка ми таа си ја спие цела нок но од неговото викање понекогаш плачење детево почна многу често да се буди и да заплачува во сон и ме бара менњ..Синко во друг нема шанси плаче вришти повеке незнам што да направам..Еве сега си трча наваму натаму неможев повеке да нишкам а тој си гледа само а застанам плаче и го оставив се исплача и му помина сега игра па ја буди керками и таа плаче..Совет за нешто за спиење..?
@blessed.an се изнамачи со спиењето, поточно неспиењето. Пробај и тој час преку ден не го заспивај, ако не му се спие. Нека се уморува повеќе преку ден, играјте игри со скокање, играјте на музика, физички нека е поактивен во текот на денот. За вечера не давај шеќери, овошје, високо енергетски житарици. Давај чајче за добра ноќ бебешко, мислам дека е за над година, немам давано лично, ама знам дека има по аптеките. Друг совет не знам, можеби и така се навикна детето и таков лесен сон има. Редактирам, еве го чајчето.
Нека му помине побрзо.. нема таа градинка така прави, особено овој период, три дена во градинка и толку е Тапкај го плус на грбче со затворена рака да тропка (нз како да објаснам ваљда ме сфаќаш), да му се одлепува од плуќа..
@kristina.k неможе да издржи без сон преку ден а тој час го спие толку мирно не мрднува ама навечер тешко е еве уте го држам..Го имаме пробано чајот не делува..Сепак нлагодарам
Mu se povlece samo, ali nemase on nikakva promena na kozata osven crvenoto. Mackam i jas Stelatopia ali zaradi crvenite suvi krugcinjA.
Пробај со б-комплекс гранули во млеко ако пие, исто и со чајчево што ти го пиша кристина. Јас на син ми после годинка му ставав б-комплекс и он многу се будеше, ама не волку врзуваше по 2 саати барем, поске 1.5г почна да преспива. На некој канал еднаш видов реклама за капки детски за добар сон ама да ме утеоаш не ми текнува на името само знам бугарски беа. стварно се измачи се надевам бегу ќе помине. Зборувај и со доктор некој.