Еве сме, 1 година и никаква течност освен моето мајчино млеко… се пробано, уште од тава и немам дадено. Не сака и не сака. Еве земав и со цевка, знае да пие од цевка, ама а осети дека не е моето млеко, толку. Па сеа моментално ни служи за гризење цевката зашто и растат 4ки.
Што давате за имунитет? 1 годинка сме, ама пред два месеци лежевме во болница, па сакам да појачам нешто за имунитет.
Дали откако ги одбивте од доење/адаптирано млеко, почнаа да сакат да јадат благо? Откако го одбив синко,му се зголеми апетитот ама и цело време почна да а отвара фиоката со бисквити. Значи порано по една две, сега ќе изеде после оброк 3 и уште сака. Почна да ми одбива и манџи што порано ги јадеше. Инаку да се пофалам, почна да спие многу убаво откако се одбивме.
Јас деновиве купив Дефендил, мојата е 14 месеци, од септември е цело време болна, па ќе пробам со сирупот. Во аптека ни го препорача пријателка. Не дека ќе направи чудо, ама мислам дек колку-толку ќе даде една поддршка оти не можам глава да кренам и од доктори и од антибиотици.
Педијатаров ни го препиша овој Wellbaby, ама некогаш имам приметено, со кој соработуваат па препишуваат.
Земи Киндеримуно на Др. Волц, има колострум во составот. Многу добро искуство имам од големата. Сега им давам на двајцата, со варичела се.
Пола доза т.е. 1 лажичка му давам на синко, 1 г и 5 мес е. За големата педијатар ми го предложи на иста возраст.
Зависи која тегличка, зашто различни се лажичките. Јас големата ја земам, на синко 1 лажичка дневно, на ќерката 2, во млеко им ги мешам.
Му немав вакво купено. Вчера бев во Зегин, реков ајде шо, ќе му купам. And guess what? ПИЕ. Уште не ми е верно
Ова го испофалија многу. А и колегиве на децата даваат и само од сипаници дома седеле децава. А одат и во градинка плус.