Да и крв да има е нормално. Вадењето заби е еден од најтешките процеси каде воедно и најмногу паѓа имунитетот на децата
Sovet Koristime pamers active baby 6 13-18 kg Ima deteto 13 kg Sekoj vtor den e menuvano bodi vo gradinka, kakata propustila Shto peleni da zemam?
Јас би ти предложила Babylino 6. Ги имаш во Зегин и само големите броеви како 5 и 6 во Рептил. Јас за голеамата тие ги користев последни, пред да почне со тоалет. Држат доста, евтини се, ние исто од актив преминавме на овие без проблем.
Мајки малото ми е 1год и 2 месеци со спиењето е катастрофа има добри 5-6 месеци се буди толку често навечер незнам А последни 2 месеци скоро на секој час будење и тоа со плач се дере Вака нема некој проблем стомак или нешто да го боли, заби има 4 горе 4 доле Нема некој нов Инаку си спие на града и секое будење на града па враќам на спиење и се така во круг
Да еве станавме пак како зомбиња. 16м е, уште не спие (од 6,7м). Овие денови особено крш, на 40мин плаче. Имаше периоди каде демек ќе фатевме ред и ќе беше подобро и по некое време пак истото... Сите ми викаат до доењето е, како ја одбијам дека ќе ја спие цела ноќ. Вчера баш и на именден бевме и мајка една кажуваше за едното дете дека такво било, како ја одбила на 1г и 4,5м, наеднаш ја спиела ноќта... Има некоја логика. Ние сите имаме разни фази во спиењето, се вртиме, се подразбудуваме (имаме light и deep sleep) и она кога е во лесното спиење, се буди и не умее сама да се успие, мисли дека мора да цицне за да спие. Е тука се и комбинации со забите башка... Цуцла не фати. Пример и првите ќе се буделе некогаш, ама цуце и ќе продужеле. Како заспиеа, ќе го плукнеа цуцето. Јас сум и уств цуцла Башка темпераментно дете ако е... од 7м навака уште ѕвезда не направила во спиење. Има деца (како син ми) абе како го ставиш, така ќе го најдеш.. Ова... клоци, шамари од неа имам, боксови, 360 степени се врти, нозе на перница, глава доле
Исто е и моето година и 2 месеци. На адаптирано е. Исто правеше. Сред ноќ плачеше, се вртеше цела ноќ. Пред еден месец почна да ми ја преспива ноќта (и сега дека го пофалив нема да ми спие ) и сам си се одби од млеко. Оти јас веќе бев отрпната и навикната. Ама ете сам си смени, така да, има надеж и за вас, со тек на време ќе биде се..
Јас ја одбив на 12 месеци и почнав адаптирано да и давам, на почеток по малце пиеше чудно и беше после си почна повеќе и преспиваше цела ноќ а со цицање се будеше по 6,7 пати неможев да издржам. Ако можеш одбиј ја дај и замена друго млеко покалорични се адаптирано или кравјо ќе ја држи повеќе ќе спие па ако се разбуди презаспивање со шшш, водичка, звуци за спиење, тапшање
Многу тешко ми ги извади кецови и двојки. 4киве полесно искачаа и искачаат чоече... И сега да ја проверам, алелуја последната 2ка што мислев нема да ја има, се набабрила Од неа е целово лудување овие 2 дена. За 3-5 дена ќе избие убаво, бар од искуство со другите вака набабрени толку им требаше... Ќе пробаме за распуст да спие со други и да не цица навечер. За одбивање мислев бар зимава да ја истераме, па таму пролет (мај најдоцна), да ја одбијам..
Мајкиии колачиња за сите, ми прооде дечкото од нигде никаде Има навика последнава недела да ми го носи телефонот да вртиме по луѓе за да си збори по негово и прееска јас во кујна, тој си дојде фино едно 4 5 метра ми го подаде тел и се врати јас никако не реагирав, отпосле ги викнав маж ми сестра ми си се пушти пак и од тогаш не застана инаку сме 5 дена до 16 месеци..ме изненади колку е стабилен и претпазлив, душа моја. Со месеци вежбаше по ѕидови, по мебел, со проодувалкана трчаше букв Дојдов да прашам нешто, иако педијатаров ми рече дека премногу анализирам и непотребно се секирам.. Дали додека гледаат вашите тв затрепкуваат наеднаш поише пати и ги стегаат очињата? Пуштаме 15 20 мин во денот Биби и Боби ако ептен мора да завршам нешто да не кенка за во раце или да се држи за мене..и само додека нив ги гледа така прави. На филм, вести, друго не реагира така, вака нормално без тв нит трепка нит ништо..маж ми мисли дека ги имитира и затоа така прави ова последниве 3 дена..исто така коа ептен е уморен и вознемирен ( пред спиење веќе ) знае да се лути и по глава да се удира сам 2-3пати..или ако го прашаш нешто врти глава лево десно демек не: вака ..прават така вашите? Ептен ми е на мисла дека до сега вака не правеше..
Истите прашања и мене ми се цело време во глава, термин ми е почеток на јануари а тодлерот ќе е 19месеци така да ептен сме слична ситуација ќе споделуваме допрва искуства. Исто со царски ќе се пораѓам и уште од сега ми фали не сме се делеле посебно не за ноќно спиење. Најголема мисла ми е за спиењето навечер дали ќе се будат еден со друг. Мене уште ми спие во креветче син ми и сега се мислам дали да земам нешто помало за спиење некое креветче-колепка и после да купам кревет како за поголеми деца а бебето да си спие во креветче. Се прашувам и дали ќе има потреба да спиеме во посебни соби за да не се будат еден друг.
Кај мене син ми е многу пргав, бев решена да не украсувам. Немавме ни елка купено. Видовме со маж ми завчера една на попуст, викаме земаме. Пред него украсување немаше шанси, влечеше картони, чепкаше лампиони. Ја средивме и стои во ќош, ама не му е баш на поминување, иако он секаде се пика. Ѝ се радуваше многу кога ја виде украсена, проба да чепне што стигне, ама му реков мама, тие се за да личат, ќе ги скршиме ако играме со нив и разбира. Значи, ако не сме ние околу неа да прередуваме, не оди да растура, ама покажува каде е, ја гледа, се радува, и баш ми е мило што украсивме. Другите украси низ дома секако не сум ги ставила, ќе ги ставам само тие што нема да му се на дофат, па ќе видиме. Мојот е 15++.
Ние решивме да не ризикуваме секој ден да ја бутка, да ја прекитувам, да усисувам го знам колку е мирен и колку "не чепка се и сешто" .. му нарачавме од тему за на ѕид сам да ја кити што се лепат тие и еден куп стикери за на прозори..плус висечки како сијалички лампиони доста е
Кај мене нема да има, не ми се ризикува. Колку е палав само летаат играчки низ соба, кога ќе повлече некој лампион отиде елката.