Ние не знаеме уште, ама прееска бевме на гости кај што имаа накитено и не ја пипна, е сеа имаше еден дедо мраз, здравје му зема.. 10 пати го бутна.
Даааа Ако треба со 10 лампиони или само со сијалички ќе ја накитам... без елка не се оставам Па и нека откитува, не ми е проблем. И за првото и второто сум китела, чепкале во првите редови на елката... и што? Не ми било голем проблем тоа. Нека чепка и третово, нек си игра.. ќе ги презакачуваме Да имаш поголемо кое ќе сака елка? И мало блесаво како овие сега? Пак твој избор си е.. ама не е страшно да знаеш и да чепка
Ке ти кажувам како ќе проаѓам откако ќе се роди Може ќе ти врши раб гнеездо а имам читано и дека им осеќаат поголемите деца па барале да спијат со нив иако спиеле во креветче
Мајки, нормално е бе 18 месечно селективно да слуша, кога сака таа одма и реагира и слуша, кога нешто гледа или е активна или кога сме кај баба и дедо можи да се отепам од викање не ме пецепира.. Или јас почнувам да забегувам
Не само тоа, кога ќе и викнам најчесто одма се врти, но има моменти кога можи да викам 3 дена, не бре.. И на крај ќе се заврти и прај фаци или се смеј...
Мене не ме плаши прередувањето на лампионите, ми е страв да не ја бутне елката. Додека не пробаме нема да знаеме како ќе биде . Премногу го сакам периодот и уживам во атмосферата кога ми е украсено дома, ќе украсиме па макар и на две недели. А синко ако намисли да тегне и раскитува џабе ќе зборам, јас кога му објаснувам и викам не тој за инат спротивното го прави и ми се смешка.
Здраво мајки, имавме спуштено на плуча на инфузии бевме, две недели се чувавме дома и веќе ке треба да одиме во градинка. Не знам дали да ја пуштам страв ми е да не се разболи пак. 17 месеци сме.
Цел месец беше дома, имам со кој да седи, после враќањето во градинка, дали 10 дена поминаа пред повторно да се разболи. И тоа не беше баш во ваква сезона кај што врие од вируси. И јас би ти рекла да поседи дома ако имате опција.
Детето многу ми се открива ноќе, дали на 17 месеци би можел да се навикне во вреќичка и совет каква да земам колку дебела и од каде? Околу 21 степен ни е во собата за спиење.
Земи скафандер. Како вреќа ама со нозе. Исто како шпикозни му е на детето, нема да му смета. Јас оваа ја имам од бутик Дизни во Битола, по карго ми ја пратија. Не знам дебелината колку тога е, ама сосема океј е за 20 и некој степен со тенки шпикозни одоздола. Само барај поголем број, лани земав 92, бебе е сега 86см и минимално му се куси ногавиците. Можно е и јас да ја имам смалено на перење, на 60 степена.
Дали ќе се навикне, можеш да знаеш само доколку се обидеш. Ама, ако се открива многу, мислам дека немаш многу избор. Доколку решиш да земеш вреќичка, бидејќи сте веќе година ипол, јас би ти препорачала модел со ногавици, да не биде затворено целото во вреќа и да може полесно да мрда. За 21 степен, би ти препорачала потенка вреќичка или ако е подебела, без ракави да биде.
Јас ваква и ставам, исто цело време е отскриена, со танки пижамчиња и вреќата, ја покривам и со танко кебенце но пак се отскрива ама сум раат, знам дека е во вреќа.. Инаку дека се како шпикозни брзо се навикнавме
Син ми уште спие во вреќа, 6 години има. Нема во продажба толку голема, па по порачка ја сошија. Има 3 всушност, од тенка за лето, до средна за пролет/лето и дебела за зима. Инаку спие во класична вреќа со ракави, а долу е широко. Вреќа со ногавици никогаш не прифати, еднаш како бебе му купив, не можеше да заспие, и на крај како скафандер ја користев.
Мојов сега пак почнав да го ставам спиеше до кај 9 месеци во вреќа, па фати лето спиеше по боди, лани зима не сакаше да ја смисли. Сега пак му земав, 2 години и 3 месеци има спие во вреќа со ногавици без ракави. Тенка е за над пижами таман нас ни е 20-22 степени во спална 1тог мислам е. Ама спас е за деца што не сакаат да се покриваат.