Дали некој има искуство со вакво 2 во 1? Првите две многу ми возеа баланс и после брзо и обичен велосипед научија да возат, па сакам да земам и за малово. Па викам додека е мало, ова со 3 ќе го бута.. после баланс се прави. Или да чекам да си пркне и на 2+ само баланс да земам?
Ги немало на залиха тука, ама ваљда би се нашло нешто слично некаде. Еве вакви има на залиха 2 во 1. https://topolino.mk/product/tricikl-i-balans-velosiped-smarty-lime-chipolino/
Мајки ми треба утеха. Од 6 месеци бебево почна да се тресе на возбуда и нервоза. Како спазм такво тресење, тоа строго вака на емоција беше. Не бев мирна покажав на педијатар, го испратила на невролог и рекол дека е експресија на емоции, на 8 месеци прекина да прави. После почна да врти со шаките и стапалцата во круг, тоа траеше до кај 9 месеци и прекина. Сега на година повторно почна со грчење… сабајле виде кифлички и почна цела да се тресе и стега од возбуда. Очекував дека е поминато, зашто веќе сме година, ама ова веќе ме плаши. Сакаме да ја однесеме на невролог. Да потенцирам, ништо друго нема, лази од 9.5 месеци, се исрправа од 10. Од 5 месеци како почна баблинг уста нема затворено. Кажува, мама, тата, баба и сл. Имитира што ќе и кажеш, покажува со прст кога бара нешто, знае чао, браво, пољупче, знае и да каже дека има годинка кога ќе ја прашаме. Се врти на име, значи од 10/7 пати ќе се сврти. Ама јас сум преплашена веќе со ова, ниедно бебе не прави вака во моја близина… само моето. Препорака за добар невролог?
Se nadevam deka se ke e vo red Voedno znae poveke od mojov sto ke prai 2 vo januari ama mojov e mrza i inat i poise saka da igra otkolku uci Imase fazi kaj sto praese nekoi kako "tikovi" ama po konsultacija so 300 doktori rekoa im se periodi koi sto gi nadrasnyvaat mn retko da ostane tikot Sepak se nadevam deka ne e nisto vo vasiot slucaj
И мојава знаеше да се стега така, дури и скоро направи при јадење на брокула дека ја обожава (на видео ја фатив баш). Сега на оваа возраст како пократко да и траат, секунда така да направи и продолжува со тоа што си прави... Како рамена да си собира, рачиња свиткани и се потресува. Мојава па покрај вртењата на раце и нозе и глава мафташе екстремно брзо лево десно во одредени моменти... ама се тоа си престана. Консултирај си се ти за мирна глава... Ама мислам пак и е од некое убаво чувство, радост, еве храната кога и се свиѓа....
Би благодарам на сите, ќе земам деновиве таква со ногавици да пробам. Се надевам ќе биде успешно и јас мислам дека е како шпикозна и полесно дека ќе ја прифати.
Ајде помош. Видел ли некој негде некаква санка, на која би можела да го легнам синко да спие додека сме на терени. Резервиравме зимовање и сега сум во планирачки моод. Дремнува накај 11, не ми се враќа во соба да спие 2 саати, кога во 4 е темно. Секако санката да не кошта колку југо
Пред 2 години кога бевме на скијање видов детенце 1-2 години не можам да проценам колкаво беше, ама не беше бебе мало -си спиеше во обична санка за влечење . Мајката се туфкаше и цело време му велеше на мажот да си одат, тој лабав па детево се изнаспа така напокриено.
Да ти кажам имам пластична санка онаква скроз на земја, ова може и добра идеја да е. Ќе ја ставам на клупа, он нека спие јас кафе ќе пијам Мојот е година ипол. Лани милина, 6 месеци имаше по 3 саати спиеше во количка, сега не го собира, треба седечки да спие, греота е
Не скијавме лани, т.е. учеше да скија само ќерката зашто бевме на Пониква . Не ми се излагаше зимно време со бебе надвор од МК. Не дека не го однесов на 2 мес во Грција 10 дена ама некако ризик ми беше со снегови со бебе и мало дете надвор. Годинава пак одиме 4 дена Пониква, па Банско.
Јас ја потпирав количката на столица за да му дојдат нозете испружени Е вака наместена и долниов дел на столица потпрен.
Колку често го прави тоа? Мојата знае чат пат така да ме уплаши, претежно додека јаде. Мислам дека е се ок со децава, нешто е врзано со развојот. Сестра ми малиот го носеше на невролог на клиника, беше задоволна.
Ние тој период (па дури и пред тоа) бевме на 2 подои, наутро и навечер, преку ден се јадеше. Потоа и намалив на еден подој и на 18 месеци многу лесно се одбивме, сега си пие млеко на сабајле и навечер.
Дали некој скоро летал со дете за прв пат да сподели совет? Како ги занимавате, што носите со вас на лет, како решавате плачки и тантруми, давате ли нешто што ќе им го олесни патувањето - капки или слично.. ?
Да, ние така тераме од тогаш. Наутро одма после спиење и навечер пред легнување. Има 3 оброка и 2 ужинки во текот на денот, супер си е
Не знам каде ќе одите ама претежно имаат за изнајмување, ние Копаоник така си земавме на ден. Тогаш имаше година и пол и спиеше надвор на -15 тоооп