Банско одиме. Јас не сум видела до сега да има од големине санки за влечење деца како со крзно. Копаоник има? Иначе немам проблем ни јас со спиење надвор, лани на 6 месеци, на минус 12 се преспа во количка, по 3 саати врзуваше .
Дајте препорака кај кој доктор да го водам детето на приватно, таман ќе помине кожната алергија ли што ли е и пак ќе се јави. Сега низ цело тело му изби црвенило и го чеша. И ако имал некој слични да сподели искуство.
Мајки дајте некоја онлајн страна каде што има подебелки пижамчиња.. Моево спие на спална со нас и не му облекувам вреќа, па затоа ми требаат некои малку подебелки. Битола до кај што видов сите се некако како танки
Плишани дебелки имам земано од Синсеј, додуша онлајн, мислам велур им беа означени. А баш дебел памук и во Де факто гледав пред некое време Едит: И во Тритекс имам земано исто ептен дебели зимски, плишани и тие.
Мајки дали сте имале регресии на нешто научено? 16м е. После година научи тапшин тапшин, чао, браво, две рачички..ги правеше постојано. Сега нема шанси, веќе 2 месеца..едино браво ама ретко. Пред еден месец научи маче- мјау да кажува, сега овие 2 нед и тоа не сака да го прави. Педијатаров ми вика нема простор за грижа окупиран е со одењето- сега прооде..сте имале вакви ситуации? Јас само тоа го мислам
Дали и покрај работите што не ги прави веќе, учи нови? Како нови гестови или зборчиња? Колку зборови има? Како ти покажува кога нешто сака или не сака?
12 месеци сме. Прави чао, браво, бакнеж, петче со една и со две рачиња, веќе неколку месеци ги прави овие работи, се исправа и оди по гарнитура и маса, оди со проодувалка, ало ало со нејзиниот телефон покажува, но не зборува. Си зборува на некој нејзин јазик, (ајде, мама, папа, баба,не, да), но не ги зборува убаво насочени кон некого. Само така си повторува сама. Ретко се врти на нејзиното име. Премногу се фокусира на игрите, сама си прави игри и може долго да игра. Ми излегуваат постови дека ако не се врти на името, тоа е аутизам. Деновиве само тоа ми се врти во глава. И заборавив да кажам, многу сака да игра со телото, и тивка музика да има одма дига рачето и меша со газето хаха. Но ова што не се врти кога ја викаме ме замисли, дали има некој проблем.
Дали само моето дете спие волку немирно? Луѓе не седи ни 5 минути во една поза.. со глава во душек, па на една страна, па на друга, па со гзот во вис. Нормално ли е?
12+++ сме, прави чао, пољупче, кажува со прст кога ќе ја прашаш колку годиники има, браво и да пукне. Вика мама, тато, баба, дете и сл. Збори на телефон фиктивно хахаха. Кажува да и не, кога ќе ја прашаш нешто, сеа и клима со глава. Се врти на име од 10/7 пати ќе се сврти. Баба и ја научила да каже кај и е цицето. Исто лази, се исправа и движи по мебел и ѕидови веќе некој месец. Не се пушта сама уште да оди. Иначе рано е за да зборат којзнае што. Супер си е зборењето што го има. Зборете нормално пред нејзе, кажувај сега правиме ова или ова. Повеќе зборете. Супер си е. Би требало да се врти на име, кога се замајани е нормално да не се врти, ама треба да се врти некогаш.
Да, исто и покажува со прстето да посочи некаде, покажува со глава за да или не. И зборуваме цело време. Со чешелчето сама као ќе се чешлала. Ни дава од храната нејзина, со прстињата кај нас во уста. Не сака многу гужви, блискост со непознати, не сака да ја бакнува некој или да ја гушне, ако не го познава доволно. Не сака многу немирни деца, се плаши. Исто се плаши и од црни играчки. Закажавме во систина преглед, да видиме дали има некој проблем. Мајка ми вика дека супер изгледа, се си прави одлично според возраст, и јас сум била многу плашлива и не сум сакала многу луѓе ( и сеуште е така)
Научи ринге ринге да чучне на крајот, пау пау да пукне на подадена рака.. по мене цело време вика мама кога му требам, особено во вц кога ќе отидам..за се речиси вика дај ( за јадење, играчка.. ) НЕ со значење да го кажува ако нешто не сака да го пресоблакам и слично ако му земам нешто што не треба да пипка.. почна со цела рака/прст да покажува кон тоа што го сака или ми носи во раце даљинско, телефон да вртиме да збориме со сестра ми, сликовнца да ја вртиме да ја читаме, шише да му отворам, шмукалче..некако ме загрижува дека со дел од стварите прекина да ги праи и тотално ме игнорира коа му ги кажувам ако му речеме дојди со раширени раце доаѓа те гушка, вака разбира тропни на вратата тропа, дај ми водичка ми носи шише, дај ми ручка и пате ( поретко ама ги носи тањирчето и патиките ).. имитира не не не со прсте, аааам за јадење како авионче, игра боц со прстето.. не ми текнува друго мислам тоа е.. исто додека ги научи еден сортер и сликовница што се мрдаат делови внатре ми ја зимаше мојата рака за да му помогнам. Се ова го праи ама некако непостојано т.е он кога сака. Ми искачаат глупости на рилсови и некако се загрижив, те читав и во други теми дека имаш многу читано и познавања на темава, па ако може да ми одговориш што мислиш фала
Да исто хахах се чешла со чешлето покажува со прсте од 10 месеци исто. Ни дава и на нас од храната. Сака луѓе и деца мојата, е сега нормално не се опушта одма кога ќе види непознат, ама после си е опуштена и си игра. Ние имаме друг проблем, премногу се грчи од возбуда и нервоза, се тресе. Ние на клиника закажавме.
Истото го прави, ама многу ретко, не го забележуваме тоа често да го прави. Од преголема возбуда ќе почне да се тресе и грчи.
Искрено не ми се јасни твоите очекувања за 12 месечно дете. Све си звучи нормално за неговата возраст.
Исто ко јас да имам пишано Бев пресреќна дека се одби од ноќно станување за млеко, и почна да ровари исто вака низ спална. Цела вечер си бара удобна позиција за спиење, па ќе стани па ќе лази.. Све и свашта. Ама има некоја регресија после годинката, па можи и тоа да е
Ама не станува, спие, ама спиењево е цело време преместување. Цело време мислиш еве сеа ќе стане од што не лежи нормално.
Не паничи веднаш, (јас ти кажувам која паничи за се ) можи да растат заби, настин, фокус на нешто ново.. И кај мене се скучува така неколку дена, до недела да не сака ништо да покаже, да направи, да не се врти, па кога ќе и заврши тој период си се враќа на старото, но покажува и нови работи што ги стекнала. Мислам да следиш некој период, но од искуство мое, колку повеќе го довикуваш по име, за инает нема да се врти.. Олабави и довикувај само кога има потреба и ќе видиш разлика.