Мојава на сред ноќ се исправа да оди по креветот се врти во круг за 360, лази, како ред бул да пиела.
Супер сум поминала во Хепи кидс онака на играње и Меџик Хаус на роденден со малиот на 18-20 месеца. Речиси и воопшто не влегував во делот за играње, ама и во двете ситуации немаше многу деца. Во гужва искрено во ниедна не би во пуштила, низ игра ќе го утепа некој ако не се утепа и самиот
Во littleland е ок, ама не е само да го пуштиш ако има други поголеми деца секако, мислам кај и да си. Сега на 2 и кусур годинки ја пуштив прв пат сама во Нест без да дремам таму, ја гледаше девојчето што работи таму, ама едно поголемо дете ја згазна ненамерно. Да се надоврзам за 2+ игротеки ако знаете за раат кафе, кажувајте
Kidly, savanna, kids avenue, во Џевахир молот најгоре има игротека за мали со песок да копаат, joyland има дел за дечиња под 2 години, woodland Накратко на овие ми текнува во моментов ахаха
Ќерката прележа на 4 години и одма се врати во градинка. 3 пати и препишаа антибиотик за 1 месец после тоа, јас 2 од нив и ги дадов. После си се врати во нормала, генерално претходно не се разболувала често. Не сум за чување дома долги периоди, ама после сипаници дефинитивно многу им паѓа имунитетот. Здравје сега малиот ми е 21 месец, кога и да прележе не планирам да го чувам дома ама пак не е многу болежлив, и да фати нешто друго не го сметам за страшно.
Мајки имаме 13 месеци и на доење сме само навечер и преку вечерта кога се буди. Дали преку денот треба да и давам друго млеко? Кравјо или АД?
Реално ниеден, а со вафли, палачинки знам да дадам грчки овошен. А на ниеден не сум анализирала состав досега, ни на грчките, ни на обичните овошни.
Majki kolku saati budnost imat vasite decata na okolu 22meseca do vecernoto spienje? Ima 7sati budnost, no navecer edvaj se uspivame znaci edvaj. Dali e period dali ne neznam. Site zabi se izvadeni, nz so e problemot.
Вчера стана во 13ч од дремка, многу кратко спиеше зошто затнат е од мрсули, и си легна во 21ч како и секој ден. Вообичаено спие до 14:30, значи буден е 6ипол саата до вечерното спиење и заспива без проблем. Потешко заспива ако имаме гости, ако се закача со сестра му пред спиење, значи ако се возбудува последниот саат пред спиење. Затоа гледам до 20ч се да е завршено, само ако се бања тој период, иначе си игра нешто по дома, без тв, без трчање и скокање.
После година треба цврстата храна да им е главен извор на енергија. Нема потреба за млеко преку ден освен ако самото бара нормално.
16м немаме ниеден заб. Минатата недела педијатриве ни рекоа многу се набабрени повеќе запчиња да очекуваме да излезат за мн скоро. Навечер заплачува во сон 2 3 пати, но продолжува да спие. Денски е многу жален, буквално од болка плаче со прстите пикнати во уста како да му помогнам? Давам 3х4 гранули осанит дневно, фрезирерм гелче мачкам 3 4 пати..што можам друго?