Kapki kakvi sto koristite za deteto. Mozes Marisol, aqua maris.. Ima I edno inhalator za nos, najmnogu mi pomogna
Нерви искинав, уште малце 2 години е. 3 дена само фрлам храна. Сака само леб, кроасан, кифла, јогурт, павлака,млеко и бисквити, ништо друго да не сака, абе да допре со уста барем па да речам не му се допаѓа. Фаза е или што?! Супер јадач беше буквално по 5 оброци дневно се јадеше и месо и доручек вечера. Откако му излегоа цела уста млечни афти одбива друго да јаде. Не верувам да го боли зошто ќе одбива и леб кроасани, тестира ли или што? Само фрлам храна, кажете дека ќе помине зошто ќе се застрелам во колено
Може ќе помине, веројатно да. Може траума е што го болело, па треба време да се надмине. Може и фаза е, после 2г почнуваат со период на пребирање. Најлошо што можеш да го направиш е да се нервираш, знам дека е лесно да се каже, ама од мајка што има дете ке веќе 2г е само на 5 видови храна, тоа ти е совет. Правиш полошо со нервоза, осеќа стрес, па и моќ над тебе дека со тоа ти предизвикува реакција. Пробај да не нудиш храна друга ако одбива тоа што имаш на мени а го јадел порано. Моето јаде само спанаќ и ориз, ориз во секаква форма, помфрит, тортиља со пилешко кое не се осеќа, макарони со путер или крем сир, ќебап, сендвичи со крем сир и краставица, суви работи како тостерки, палачинки, овес. До 1г и некој месец јадеше се буквално, блв хранет од прв ден, после предтана и на ова живее буквално 2г, пред некој ден проба риба прв пат и касна повеќе, исто и сендвич со стек и салата. Малце по малце без притисок пробува, кога се нервирав не постигнував ништо, само стрес при секое нудење храна. Треба време да се вратат во нормала после болест. Ако јадело предходно ќе почне пак.
Не знам дали е период или едноставно такво дете имам. Се чивствувам како да сум во безизлезна ситуација. Почнавме од 6 месеци со дохрана. Не сакаше да смисли храна, устата запечатена. Потоа постепено секој ден и нудев храна, без присила, а јас нормално секој ден со нервен слом и плачење. Почна некаде кај 7ипол месеци да "јаде" многу блендирана каша, и јадеше само ако ја анимираме. До година секој ден така ни беше, мораше да изиграваме кловнови за да јаде, пробано на милион други начини, но залудно. Читав многу, се едуцирав, но ништо не ми помогна како да јаде моето дете. На година се случи еден ден ручекот да сака така парченца да јаде и околу 200 грама изеде. Луѓе не можам да ви опишам колку сум била среќна. И толку беше. Сега и со анимирање не јаде. Наутро и даваме во 7:30 или 08:00 млеко 210 мл. Потоа и нудам доручек во 11-11:30. Кога нема да изеде ништо и давам пак млеко. Не знам веќе што да применам. Дали ако не го изеде доручекот да ја оставам така гладна до ручек, немам ум веќе. Морам некој спас да најдам, се плашам и за моето здравје, почнаа проблеми да ми се јавуваат од преголем стрес и нервоза. Инаку се роди многу мала во килажа и веќе сум опседната дека ќе остане помала од врсниците. Дали би ме советувале нешто. Премногу ми треба помош. На секое гледање со матичната ми вели мораш мајка да се потрудиш повеќе...А јас веќе се имам пробано, уште душата да ја дадам ми остана. Извинете на долгиот пост.
Мајки, како јадат вашите деца на околу 16-17 месеци? Син ми сака и јаде сам, ама навистина ми е страв да го оставам сам да јаде друго, освен смоки и бисквити (бебешки, помеки) зошто многу бута наеднаш во уста. Гризе преголеми залаци и се гледа дека потешко голта. Како ги хранат во градинка? @Kjara2025, колкаво е детето? За почеток, немој да ѝ даваш 210 мл., ако ептен сака млеко наутро, дај помеѓу 100-140 мл., за да огладне побргу да можеш да понудиш друго. Вас кога ве гледа да јадете, нема желба да проба воопшто?
@Kjara2025 , премногу млеко даваш. Ќерка ми е скоро 3 години, во живот повеќе од 180мл не добила млеко Ад додека пиеше, сега веќе ако побара или со некој оброк 100-120 мл. Сум немала проблем со нејадач и верувам ќе пробаш се и сешто за нешто да касне. Прво наутро кога ќе стане нема да даваш млеко или лебче со нешто + 100 мл млеко. Во краен случај и бисквити или житарки со млеко нека е, овесни било што. Нека е во кујна додека спремаш храна, парчиња пробувај, различни врсти, овошје, зеленчук. Ако нешто прифати да јаде, давај почесто од тоа, плус нешто ново. Во градинка дали оди? Или ако не оди дали доколку би дојде некој со дете на гости покрај другите "се сили" да проба и да јаде нешто. Генерално нема магично решение, освен многу нерви, многу пробувања и фрлање храна буквално. Едит: веќе е голема претпоставувам над година според пишаното за денот со млеко да го почнува. Јас дека мала тргна во градинка од тогаш и дома и до држам распоредот, во 8:00-8:30 стартуваме со појадок. Околу пладне веќе има и ручек изедено во викенд кога е дома. Мачно ми е од 7 сабајле со тенџерето да се расправам за да е рано рано готово јадењето ама поубаво ми е така отколку да се мислам дали ужина, дали не знам што да давам.
13 месеци е. Станува кај 7:20ч. Тогаш ќе пробам кај 08:00ч да и спремам каша и тоа ако сака. Не знам колку време толеранција да има да седи гладна. На пример ако не сака до кај 9ипол да јаде каша, дали да и дадам млеко.
И давав помалку млеко, за кратко ќе огладенеше и плачеше. Пробував со каша и не јадеше. И реков ај барем млеко да пие. Не сум пробала со други деца да ја мешам за јадење. Не оди во градинка. 13 месеци е. Мачно ми е и од околината, со потсмев ме гледаат, и само повторуваат дека вака нивните не правеле. Дури и најблиските. Премногу ми значи твојот одговор, ќе пробам да не и давам наутро млеко. Пробавме милион начини. Јас како што ја набљудувам, се плаши од храна. Се плаши нешто да и дадам да јаде. Само го молам Господ да биде се друго добро, а јас до каде ќе стигнам вака не знам. Едит: Коментарот од другарки со деца и золвата беше да и пуштам цртани за да јаде. Дека не сум и пуштала затоа не јадела...
Јас би ти рекла пробај работи што не си и ги дала пример домашно лебче со абц, американски палачинки со банана, некоја вртена пита...нешто поразлично и пробај остави и парченце сама да земе и речи и ам па после пак, пробај дај и да гризне, или остави и сама да гризе и некој цртан пушти, мора да има некоја храна што ќе ја сака, ако нејќе блендирани каши дај и парченца, стави си нормално сол масло да и се вкусни, пробај пица, јуфки макарони се што е различна текстура. Пред неа дај му на некое мече демек да јадр па нејзи
На крајот на краиштата можеш и цртани или песнички да и пуштиш за да јаде, некои македонски убави. Ти кометирај објаснувај додека таа гледа. Некогаш мораме да ставиме на кантар што ни е поважно, јас мислам дека да научи да јаде моментално е поважно од тоа дали изгледала некој едукативен цртан или песничка (на тв не на телефон). Е сега дали ќе помогне не се знае, ама и да помогне после ќе ја одвикнеш од гледање, само нека почне да јаде бидејќи тоа е важно за имунитетот и за железото. Ти дале и другите членки совети со намалување на млеко, пробај и со тв, нека влезе во тоа 'се' што си пробала. Во секој случај не е до тебе, некои дечиња се такви јадат полесно некои потешко. Верувам а и сум видела со свои очи дека деца што јадат чоколади, чипс, смоки јадат полесно и без молење, е сега колку тоа е добро е друго прашање.
@Kjara2025 , најмалку што ти треба се обвинувања и коментари. Ко демек ние мајките седиме со прекрстени раце само и автоматски децата си растат. Дали има некоја омилена храна? Еве да речеме ако е банана, на основа на банана спремај различни типови храна и текстури. Нешто ќе упали. Дали како палачинка, мафин, со овес како каша. Внука јаде баш најчесто таква форма. Не е битно што има внатре се додека формата е на мафин и тоа кафен. Значи мајка и обавезно става какао да е кафено тестото, измеѓу провнува и тиква или тиквица и спанаќ и се што може да скрие. Не е идеално ама подобро од ич.
Многу касно даваш доручек, а тоа што почнуваш со толку млеко и го пуни мешето и не може да јаде. Нема да даваш млеко, штом стане за пола саат доручек одма, ручек нека биде 12-30, 1 и вечера накај 5. Нема да пушташ цртан, мала е и не и треба да де научи така да јаде, ќе ти се удри од глава верувај. Ќе седнеш до неа, ќе јадете заедно секој оброк, да те гледа дека јадеш. Ќе и спремш палачинки, мафини и такви суви работи да јаде, почни со тоа за доручек, па натаму друго. Моето е нејдач ама почна да пребира дури после 1.5г до тогаш пробуваше се што му е дадено. И пробај да не се нервираш, знам дека тоа е многу тешко да се изведе, знам, прочитај ме погоре оти јас сеуште имам дете што не јаде. Ама одамна престанав да се нервирам толку. Млекото е најголема грешка и как твојата комбинацијата со доцен доручек и толку млеко веројатно е грешката. Не ги слушај другите ама ич, како прво никој не ти е дома да гледа колку јаде или не јаде, што има да се објаснуваш. Ако праша некој јаде ли ќе речеш јаде и толку, дури ни на најблиските.
@Kjara2025 првото дете ми беше слично како твоево и сега имам внука со скоро 3 години што е таква, ако не и полоша. Прво млекото скрати го. Доволно е голема комплетно да се елиминира млеко. Мора да е гладна за да јаде. И подобро 100гр храна, месо, зеленчук него 200мл млеко. Не се лажи со тоа барем внела нешто. Ако е само на млеко ќе и падне и железо и хемоглобон, и плус после се намалува апетит. За моето дете прво имав распоред. Се јаде во 8 сабајле. Ако јаде 20гр, јадењето во фрижидер и нема ништо освен вода до следно јадење. Во 12 најчесто истото сум го давала пак. Ќе изеде 50гр. Во 4 пак, обично нашиот ручек бил понуден, ќе изеде 100гр. Измеѓу нема млеко, нема никаква замена за храна. Накај 7 полесна вечера, во 9 може млеко пред спиење, ама да не заспива со шишето. И анимации и цртани и се што може сум пробала. Ако ти кажам дека до 3 години на една рака можам да избројам колку пати изела 200гр на едно јадење. Сега има 7 години и јаде помалце од брат и што нема ни 2 години. Ама јаде цврста храна од многу рано, јаде разноврсно, не јаде многу благо и долги години пиеше само домашен цеден сок. За мене тоа беше доволен успех. Ете ја порасна вака или така. Никогаш не била оставена гладна, ама не нудам алтернативи. Ова е за ручек и може да го јадеш сега или на следниот оброк, ама нема да пие само млеко, или да јаде само пример макарони. Еднолична храна е многу лоша за организам во развој. Затоа мој совет е да се фокусираш да пројаде се од цврста храна, макар и пола да изеде од тоа што моментално внесува со млеко. И нормално тоа да биде обична храна, не бебешка блендирана.
Двете на 11 месеца, првото затоа што ќе имавме многу гости за слава, второто заради идење на викенд со поголемото дете. Околу годината ми е сосема океј да се остави на спиење, ама треба претходно да поминува време со нив за да можат да му ги знаат потребите на детето.
Едните баба и дедо ни се дома, и да сме со маж излезени, тука на спрат ја заспиваат па кога ќе се прибериме си продолжува со спиење стандард. Ако едниот не е тука од било која причина, си спие со другиот родител и некако ми нема поента да ја оставам со тие баба и дедо буквално кога не делат метри разлика. Сме немале повод и причина комплетно сама да остане со денови. Другите баба и дедо се случило исто да заспие таму и во текот на ноќта да појдам јас да спијам со дете заедно, дали после некоја свадба или таков настан. Ама не изразиле желба комплетно со денови да чуваат дете, не сум ни наметнала дека мораат. Така да еве скоро 3 години нема спиено кај баба и дедо или седено со денови, а не би ми било проблем ако се комплетно согласни и тие да седи и од помала возраст.
За колкѕ време ги дават резултатите од брис од грло и нос во козле, додека лежите во болница? Исто е за три дена или побрзо е?
Брисеви ако се чисти се добиваат резултати за 24ч. Ако има бактерија за 48ч најмалку. Без разлика дали е во болница или во лабораторија земен брис, едноставно мора минимално време за помине за да се одреди која е бактеријата.