Мајки почнавме адаптација. Денес и вчера по еден саат, од утре ќе седи од 8 до 11. Е сега она дома ми спие во 10, 10пол, две дремки има. Утре додека ја вратам од градинка ќе и пројде времето за спиење, да пробам утре со една дремка да видам што ќе биде? Иначе не плаче никогаш за спиење, си игра активна е иако и се спие, мислам дека нема да и е проблем да седи будна докај 12.. Што ме советувате?
Од 12 докај 2? После ќе треба во 7 8 да ми е заспана веќе, сега заспива во 8 и 45. Да не ми се подразбуди ми е страв, траума имам од нејзиното неспиење
Очекувано е да има период на транзиција дури се навикне, ама секако мора да се навикне на тој ред за во градинка.
Бебе 13 месеци. Штом стане појадува претежно палента со млечно, овес со овошје, просо ... па има ужинка на пример банана па има дремка Кога ќе стане руча - телешко, компир, или полешко и зеленчуци па му давам Ад хип јуниор 3 вечера околу 18ч - грчки јогурт, овесна каша, ноќна хип каша или нешто полесно и пред спиење пак Ад. Дали е подобро наутро прво ад или е во ред доручек прво? И дали навечер со последен оброк - ад во 20часот до сабајле е многу време без јадење? И дали и колку леб давате и од кој?
Во ред е на таа возраст да почнува ден со појадок. Дали станува ноќе за млеко? Ако не се буди би требало да е доволно храна преку ден. Односно штом ја преспива ноќта не е гладно. Леб од како сум почнала да давам 7-8 месеци имаше, јаде од истиот ние што го имаме купено. Најчесто Жито лукс земам ама и да не е тој, не сум барала некој посебен леб.
Има ли некаков скок пред 2 годишна возраст? Цела недела веќе станува навечер ама е фул енергија, се закача, си игра. А знае да е и кенкав. А си има нормални дремки, си јаде нормално, си заспива накај 20ч. И накај 11/12 станувва со фул енергија.
не, се буди само цуцлата ако му падне ( не знам како да го одвикнам). Со секој ручек му даваш леб? Јас многу ретко, па затоа се мислам дали е потребно секој ден леб.
Моето е веќе скоро 3 години. Еве пример на таа возраст што сум давала Веќе одеше во градинка, така да таму мислам дека сите ручеци се со леб.
Добро мамички какви креветчиња имате дома?? Ние сме веќе подолго време со транспортно креветче и еве денес втор пат ми го крати животот за 20години .. исправена во креветче се навалува надоле накај ламинат и лета надоле минатиот пат јас ја фатив за нога и не акна директ со глава на ламинат денеска сопругот ја фати ...недај боже ќе ми падне нема да може да ја фати човек ќе направиме беља .. 1ипол година сме
Ако ти е прашањето какво креветче за спиење имаме, јас имам 2 статични и двете се споени со спалната, едното од една страна, другото од друга страна. Ама спалната ми е огромна мене. Едното е бебешко дрвено, другото е вакво како на сликава. Транспортното креветче не го ни користам, само на одмор кога бевме, џабе го имав, спиеше со нас.
Класично дрвено креветче, со извадени 2-3 решетки за да има отвор да влегува сам. Исто го сменив кога на транспортното можеше да се преврти од работ, одма се научи како да искача сам и сега нема гајле. Нажалост ја губиш сигурноста дека е затворен комплетно додека спие, ама подобро да ми излегува од кревет насабајле отколку да ми се преврти главеечки преку оградата.
Дрвено, душекот е во рамниште на спалната. Имаме и транспортно ама тоа мора да е спуштено скроз до доле за да не може да префрли преку оградата, и ми е незгодно за спуштање на бебе. А и чудно ми е некако скроз доле да спие бебе не знам..