Мајки, син ми имаше сабајлево температура 38.5. Го раслеков, не му спаѓаше и му дадов ефералган околу 12 часот. Сега нема, не знам дали да му дадам пак? И дали блокмакс, оти нели наизменично се дава.. Како затнат е на носето, а и 3ките ги вади
Ако крени пак температура над 38,5 ке му дадеш. Блокмакс немаш потреба јас сум давала само над 39 ско крева и не му спаѓа брзо.
Парацетамол, па бруфен се меша само ако не ти спушта измеѓу 2 дози од едниот лек, немаш потреба вака. И нема потреба да даваш ништо ако нема температура над 38.5 освен ако ептен не е омалаксано, прати ситуација само, може поминало лошото.
Еве до 39.1 стигна. Бевме и на доктор, нема вирус, некоја настинка е веројатно, ќе пие сируп само. А вака доста весел е на таа температура
Веќе недела дена како преминавме од две дремки на една, 17 ипол месеци е. Преку ден по добро функциониравме со двете дремки, само ноќе знаеше да заспие дури во о 10ипол-11 и тоа едвај со тешки маки се заспивавме, по 40минути Сега се решив да е само со една дремка, многу лесно заспива, дремката му трае 2 саати, има неколку кризи за спиење во текот на денот, ноќе заспива околу 8 а на сабајле се буди во 4 ќе успеам да го презаспијам некако, за да поспие едвај до 6. Не му е малку спиење? Се мислам да не треба да ја вратам втората дремка
Не ја враќај, голем е веќе за две дремки. Ќе се стабилизира, му треба време да се навикне на новиот распоред.
Мојот е 17 месеци, па со една дремка едвај заспива навечер. Дури два саати дневно многу некако му се чинат. Душа ни вади со скоков.
Каква настинка со 39.1... Вирус или грипот, неможе обична настинка да ви е. Со истите симптоми е мојава од вчера, со тоа што дури вечерва ми качи 39.. а цел ден се бореше со 37.7. Очињата и се крвави, носе тече и почна и да кашла од мрсули што и се слеваат... @flower55555 одлично ви е спиењето, да не ви кажувам мојава како спие периодов.. Мислам не ни спиела асално 1 година, ама вака периоди што имаме, ќе се фрлам низ прозор готово Вчера во 4ипол сабајле двете плачевме, маж ми седеше и не знаеше што со себе... Мада и не е арна, ама готово ќе побудалам веќе. Оно веќе и не сум со сите одамна Уште една 4ка чекаме да доникне, па да не спиеме и од 3ките.. па здравје после нив се надеваме на мирен сон
Ние преминавме на една некој ден пред да наполни годинка. Ако спие уште 2 мислам Бардовци ќе фатиме Спие една дремка, саат саатипол зависи 11:30 или 12..вечерта без мака убаво си заспива и тера од 7ипол 8 до 7 сабајле. Беа со маж ми пред некоја недела до сити мол да земат пратка од Синсеј и му се успал во кола дека темно, вожња, едно 20 мин дремнал као втора дремка. До 11 мамичето ни го расплака
Мене спас ми беше мало базенче... И во лето и во зима ние се капевме во базен, потоа постепено се навикнавме на туш и сега се тушираме со стоење.
Кај нас од ваква ситуација упали тоа што и купив еден мал џогер, пуштам вода во тушот, и и барам помош да ја избришеме демек се мачам, доаѓа се соблекува сама и после не можам да ја извадам плаче. врти како сакаш не можеш да победиш. Баш година и пол негде имаше кога го почнавме со ова @dead.flower23
Боровец или Копаоник со 18 месечно дете? Во Копаоник сме биле. Во Боровец не сме биле и не знам како е таму.
Мајки 13 месеци сме. Бара да јаде сама храна, и давам лепче и се дави ако касне повеќе. Не јаде количински многу, но сака да пробува. И давам кашкавал, сиренце абц, тоа е помеко и кашкавалот само многу ситни, лапни голтни. Како да се научи да ја џвака храната? Нешто предлог што да и давам за почеток помеко?
Sechkaj i ti mali parcenca i da si zema dodeka se navikne da dzvaka, moeto so smoki se ucese i amerikanski palacinki, soleni mafini..takvi raboti