Исто од последниот скок одвај 1 и 20мин макс, инаку 40 минути спие најчесто и потоа во 17 си легнува неможи да издржи и спие цела ноќ до 6 сабајле.
Фаза е на 18месеци да сака цел ден во раце кај мене и да плачи ако излезам од соба? Цела година е само со мене а вака е прв пат
Не знам дали е фаза ама мене ми откажуваат рацеве веќе..не можам ни доручек да му направам насабајле денот ми почнува со притисок 200. Јас над шпорет, он ме тегне за пижами, вика плаче на глас, па дури ќе му текне и главата полека да си ја потчукне за апла да е сериозно да го земам маж ми го чува кога сум на работа, глас не пушта, нити го тегне...кога сум сама, во вц доаѓа со мене пошо инаку пред врата драми и со солзи плаче, налет и одењето у вц не можеш ништо да напраиш раат
Chatgpt вика скок и сепарациска анксиозност фаза, напнато и слатко е на моменти Плаче и мојов дури не ме види до него и после знае и да си заигра, а ако не сум му на видик хорор, солзи мрсули шо да ти кажам
@angel4444 a со забите и јадењето како сте? Месецов наеднеаш му излегоа 4 заба, до сега со два беше и ми одбива каши, ај се префрливме скроз на цврста храна ама овошје никако нејки да јади, ни парчиња ни смути, жими бананата шо ја сака
Мајки, ај ве молам за совет. Денес морам син ми да го оставам на чување со мајка со бепче, а бепчето примило ммр пред малку. Син ми нема примено сѐ уште, планирав за месец-два. Дали е безбедно? Знам дека некои лекари препорачуваат изолација, некои воопшто не.
За твоето дете нема врска, за детето што примило ммр треба некој период да е дома, зошто од вакцината опаѓа имунитетот, и многу полесно се фаќаат вируси, бактерии, настинки...
Имаме само пола заб ахахаха.. другиве демек надуени ама не тропкаат.. И ние сме веќе се на парчиња или сам јаде со лажичка ( јас да полнам ), ама ручеците не ми ги јаде, фрла на сите страни ослиќ, зеленчук, месо, еве денес боранија со мелено месо..завршуваме на леб/бисквити/банана/мандарина..наутро не прави проблем си јаде житарка овошје, јајце јаде и обожава кисело млеко јогурт..
И за ручекот е борба,омилени му се само моите манџи за доручек палачинка со овесни и банана, лепче со јајце и лепче со путер сака, друго не. И да за навечер е млечно е така ќе ми помине палента или овесни..
Солдевит и Молерс. 2.5мл Молерс и 2 прскања солдевит од 400. Кога фати вирус му давав вит Ц на Фармавитал, па отпосле и ги дотрошивме, дека периодов таков. До сега супер, ми се има разболено 2 пати, 2та пати вирус, темп макс 38.5 и поминува за ден ипол топла препорака
Витамин Ц на Фармавитал и ние го користеме. А Молерс е замена на д3+омега на бејбитол, така? Јас до сега ги давам Babyvit капките, ама сакам нешто појако. Ако има де. Ќе полнеме уште малку годинка па барам нешто друго, мада до сега добри ни се покажаа.
Ова како јас да сум го пишала истото трио и го давам и задоволна сум и јас од се за болна, и тоа исто, само еднаш во 2 години, нека продолжат вака
Здраво. Детето има 19 мееци. Два три пати станува навечер без да го сетиме. Спие со нас. Не плаче, не не бара (инаку кога се разбудува одма си зборува по негово,вика мама,тато) Проблемот е што не го сеќаваме,не знам ни колку време е станат ни што прави, ни дали е буден или сонува. Синоќа го сетив само кога се качи на кревет до мене,си легна право и заспа. Во собата не е скроз темно. дали дека месецов не оди во градинка и малку подоцна заспива во 21ч. Не знам.
Истото по некогаш и моето го прави, ќе си каже некој збор и си заспива..посебно нештото се случува кога има научено нешто ново или збор или нешто друго. Пример ја учевме да кажи дека ќе прави две години и ноќта стана направи со прстињата две кажа "де" и си заспа хахаха