Обидете се или да го ставите во средина да мора да те прерипа, претпоставувам ќе го осетиш така. Или да направите целосно темно па да не се симнува од кревет (иако може да падне така, да не гледа) илиии да ја затварате вратата од спална и да стане знаеш дека е во спална
Бебе 14мес вирус има, кашла многу и педијатар ни препиша сируп проспан... а на него гледам пишува за над 2 год дека е
Моето пиеше Проспан некаде од 9 месеци. Случајно во Мк летово почна да поткашлува и сакајќи да го купам од аптека, аптекаркава ме прашува колкав е, викам 11,5 месеци, па ми кажува дека бил за над две. Ѝ викам никогаш немав забележано, нас во Австрија ни го даде матичната, па пиеше. И као штом го има веќе пиено, не е проблем.
Здраво мајки,да ве прашам дали имавте проблем со спиење навечер и како се справивте? Ние сме 17 месеци за една недела и веќе 2 3 вечери едвај заспива и незнам дали е скок,ке помине ли
Мајки ве молам за совет и искуство ако имала некоја. На малиот вчера на курето му се јави црвенило и мал оток,бевме на педијатар и не испрати на уролог и таму му го отворија и исчистија ( јас претходно отварав до кај што одеше), од терапија само блокмскс по потреба. Утрово откако се разбуди наеднаш почна многу да плаче, веројатно го пржи при мокрење. Дали има некој искуство со вакво нешто, дали и колку време е нормално да го пржи при мокрење?
Здраво.. едно прашање. Малава обожава мандарини, јас и ги давам цели парченца и сама си ги јаде. Ама ги кака цели парченца, скроз несварено.. портокалови такви цели парчиња мандарина. Нормално ли е ова? Сум приметила чат-пат и друга храна, вака несварено да искака... 18м е.
Слична возраст е мојава и овој период многу тешко заспива. Она со цице заспива инаку, за брзо била одма заспана. А периодов цица, ме гмечи, шета по мене, па нема да заспие. Гасам светло, лежиме.. си зборува, ме пипка, се качува по мене, шета по спална, бута глава во перници и кебе, што не прави едно пола саат... и едвај ќе се успие. Е не спие убаво до сабајле и станува многу, ама ова си трае кај нас. И на дневната дремка тешко заспива периодов...
Од кога почнавте да отварате? Некаде на околу 12 месеци матичната му го отвори малку повеќе и имаше крвче, не ми даваше ни да го мијам. Ние од тогаш отвараме до кај оди самото. И ори миење/бањање заради хигиена, ама само до каде што оди. Детето е 18 месеци.
Јас од 2,3 месеци му го отворав по малце до кај што оди но ете не било доволно па се случи фимоза. Детето е 16 месеци.
Незнам дали е скок,зошто преку ноќ му се смени заспивањето навечер,сака да го држам за рака додека заспива а инаку заспиваше без проблем и затоа ми е чудно
Почна фазата на нејадење Манџички дробени јаде ако е заигран и со лажење ќе го наранам, а шо е до него би јадел само макарони со кашкавал, помфрит и по малку плескавичка ако касне од месо.. Од овошје само банана и портокал, или шмукалчиња.. За доручек палачинка, лепче со путер ќе помине или овесна каша.. Сите ли се вака на оваа возраст
Мајки, за брзо ќе полнеме годинка, 2 дремки имаме. Некако преку ден ич не сака да спие. Едвај се успиваме, со плачки. И тоа дали 40-45 минути му се фаќа дремка, некогаш и помалку. И толку. Расонет, свеж како да спиел кој знае колку. Дали ова е знак дека веќе ќе преминува на 1 дремка или рано му е? Се мислам да го пробам еден ден со една дремка па да видам дали ќе биде толку борби.
Моево, на 11 месеци премина на една дремка.И тоа ни беше најлесната транзиција. Покрај тоа што плачеше кога го успивав денски, навечер исто почна да заспива многу касно. Јас би пробала со една..
И моето неколку дена пред годинка си прејде на 1 без проблем. Исти сме..месо само мелено, па среќа јаде болоњезе или боранија со мелено мевце. Мафини и палачинки џабе правам, јас си ги јадам на работа цел ден е на банани, мандарини, кисело млекце или јогурт со леб, бисквити, шмукалчиња. И насабајле фала богу што уште јаде просо/овес со секакво овошје..ама ај не се секирам пошо еве го вториот кец тропа, ќе да е од него
Па мојот веќе одамна не сака овесни каши и слични работи. Јаде за доручек ко нас. Лепче и јогурт, макарони со сирење, палента, лепче со путер и мармелад, проја со јогурт, кајмак намчкан... јајце со абц, јајце со авокадо... не знам што уште... плазма и млеко јаде понекогаш... ама откако полна да јаде наша храна, недосолена, не ми јаде овес и сл. Ручеци јаде се од нашето, само да не е суво да може лесно жвака...пробав палачинки со овес и банана, не сака. Ама и не сака благи оброци баш. Од овошје крушка и јаболко се омилени, банана му здосади изгледа, а цитрусиве ич не ги сака. Се обидувам и цедени да му дадам ама не. Инаку веќе се му одзема внимание и обично со некои коцки сме на маса, со нешто интересно да си игра. Пошто после првите 5-6 залчиња, му здосадува и бара нешто да прави. Едит: Може уште не е во таа фаза... а може и има апетит на татко му
Ехх болоњезе и мусака сакаше многу до пред некое време, се дури не му излегоа пет заба во една недела Сега излегоа сите ама пак исто тера По арни сте вие машала А оти не солени? Јас ако му дадам не солено или без масло не јаде, па си јаде скроз исто ко нас, без запршка само. Големиот син беше исто вака па и бетер до кај 4 години, се надевам малово нема да е до толку А круша и јаболко како му даваш?
Не не, солени се, ама недосолени. Маж ми јаде многу сол, си досолува. А круша или јаболко исечени на 8нка и излупени, си зема во рака и грицка сам. Ама има заби тој, грицка. Не знам, може такво ни е детето, штом види некој нешто јаде, мора барем залче да проба.
Добро ова фаза им е да се фрлаат наназад ако нешто не им е по ќеиф? Значи оди, одам по неа да и земам нешто од рака и наеднаш се фрла наназад, ако не ја фатам главата ќе ја распарчи. 13 месеци е