Здраво сакам да прашам дали некој има слично искуство. Се работи за 18 месечно дете, фонтанелата сеуште му е отворена и така стои веќе подолг период воопшто не се затвора. Проверивме витамин Д во граници на нормала е. Му пишав на матичниот ми кажа нема потреба од преглед дека е нормално и дека до 3 години се затвора. Што мислите, дали е нормално или да го однесам на дополнителен преглед?
Здеавоо Од пред неколку ден се придружуваме на оваа тема, моето бебе стана девојче Е сега одма имам некои мисли да па прашам тука веќе 1. До сега давав Солдевит и Бејбитол Омега, ама си викам може време е да сменам и така ми се при крај. Што сте давале после 1 годинка? 2. Скоро пред роденденот преминавме на една дремка и супер и годи. Е сега ме мисли распоредот со оброци ама за тие бебиња што сте дома. Јас ручек и давам после дремката затоа што пред тоа како што прават во градинка малце ми е безвезе да давам ручек Како правите вие што децата ви се дома и се со една дремка? Тоа ми текнува во моментот што ме мислеше
И на моето иста возраст уште му е отворена. Машала вие зборувате, моево мама тата баба да и не друго на бебешки
Првото дете имаше отворена фонтанела со полни 2 години и неколку месеци. Се роди со голем отвор и побавно се затвораше. Не се секирав зошто беше прегледана од ортопед неколку пати и рече дека нема простор за грижа.
Зборува дрнда, све повторува... Некои зборови ептен бебешки ги кажува, друг ден навежбана, па пак ќе ги заборави итн итн... Ќути, одмори уши уште малку ти
Мами, за сипаници што мачкавте, поксклин или течна пудра? И како ги пројдовте? Ние сме 18 и пол месеци.
Мајки, се мислам некој период да пишам, како и секоја мајка, само размислувам дали е се во ред со неа. Малата има 14 месеци, кажува мама, баба, папа, ам ам, ама се без значење, ги повторува во текот на денот. Не се врти на име, не реагира на звуци секогаш. Има добар контакт со очи, се развојно и е супер, приметив дека ако не и се на место играчките и добро наместени, одма ги средува. Помислив го прави тоа затоа што ме гледа мене, јас сакам секогаш се да биде средено. Се гади од лигава храна. Почна сама да зема со вилувче и лажиче. Во последен период многу почна на газе да седне и да се врти во круг и ги врти и очите. Или се фрла наназад. Зборував со логопед и предложи да почекаме уште два месеци, дали ќе има подобрување.
Никогаш не се врти на име? Сигурна си дека тие зборчиња не и се со значење? Не имитира како прават животните? Како и невербалната комуникација? Користи ли гестови да комуницира со ваш нешто ако сака или е интересно, како ви покажува? Дали ви покажува/крева играчки?
Не се врти, случајно се има свртено неколку пати. Правевме и проверка на слух, ни кажаа дека апаратот покажал дека слуша. Мислам дека не се со значење, бидејќи како баблинг ги кажува. Не насочува со зборот кон некого. Не имитира звуци на животни, а секој ден и кажуваме зборови и животни. Користи многу гестови, комуницира со гестови со нас. Памети многу работи, памети дури со месеци со кого што точно играла, кога ќе ја види личноста одма почнува со "нивната" игра. Многу се фокусира на игра. Покажува со прст за се што сака, и прави дај дај со рачето. Значи се и е супер, само тоа што не се врти на звуци, на име, и нема зборови со значење. Инаку е родена со проширени предни комори на мозочето, 38 недела. Следена од раѓање од страна на невролог. Коморите на последните контроли беа супер. Но ова некако ме загрижува. Се мислам дали да барам мислење од дефектолог или да не ја носам зимава по болници.
Колку пати дневно викате по неа? Дали секогаш користите едно име или и надимци? Дали покажува со прсте кога нешто сака само или кога ќе види нешто интересно во далечина? Пример авион, камион, кола дрво? За дефектолог е премногу мала, мислам немате некој посериозен проблем за кој и треба терапија, има премногу позитивни работи што ги прави за да бидеш нешто многу загрижена, ама да, не е вообичаено да не се врти на име на таа возраст (освен ако пречесто сте ја викале и научила да ве игнорира зашто мисли дека викање по неа е нешто небитно штом толку често ја викате) Не ми одговори дали ви носи/покажува играчки и дали извршува прости наредби како дојди овде или седни тука
Па често ја викаме, со надеж дека ќе се сврти. Користиме и надимак. Покажува и кога ќе види нешто што и е интересно. Носи играчки, многу сака да дели и подава играчки со луѓето околу неа. Извршува наредни ако и покажам со гестикулација, само со збор не ме разбира.
Ок, мене ова тотално ми личи на некој проблем со слухот, каде бевте на проверка и кога? Мислам дека треба да одите на второ мислење за секој случај. Со скиловите што ги има многу би било невообичаено да се работи за некој развоен проблем. Околу името, ако се испостави дека навистина нема проблем со слухот престанете да викате по неа без причина, само ако имате нешто навистина да и кажете или покажете, и само ако сте одалечени од неа, никогаш ако седите до неа. Не викајте по неа ако е занесена во игра или тв, тогаш не е ни очекувано да се сврти. Имав проблем со еден од синовите, исто не се вртеше на име скоро никогаш (посебно на мене), ама почнав да го применувам ова и значително се подобри за неколку месеци. И после тоа знаеше да не се врти некогаш ама тогаш знаев дека ме игнорира
Во државна бевме, околу 7-8 месеци имаше. Знаете ли каде на друго место проверуваат слух? Нешто ме тера да проверам дали е се во ред, не знам дали грешам, но некако не сум мирна.
Пробајте да ја довикува некој друг и мене тој период така ми правеше јас можеше да викам колку сакам таа не реагираше и пробував на секое.. зборував со дефектолог ме советуваше да не ја довикувам на секое, посебно без причина колку јас да проверам дали ќе се врти. Викај и кога и даваш наредба или и покажуваш нешто.. со редењето и моето сака да и биде понекогаш се средено исто и за текстурите, не сака да е валкана, да фаќа се, посебо ако ја присилувам, а ако ја оставам сама се опушта и фаќа и лепливо и песок и трева...
@Kjara2025 , еден куп народ сме дома и некој само довикува по детето, што буквално веќе не игнорира скроз. На мене реагира кога ќе и викнам со повисок тон за карање бидејќи поминавме терибл ту, па сега сме во фаза на 3 и тоа повремено карање ни е задолжително. Моево отсекогаш не се вртела на име ако само така без причина си довикуваш. Ама ако кажеш задолжение (обврска) што и да е го прави. Баба и често знае само така рафално да и довикува демек за да се врти и имаш комплетен игнор. А да речеме ако речам Ајде Х да јадеш, доаѓа одма на маса. Ајде Х облечи чизми, излегуваме - веднаш си ги зема и облекува.