Кога воведовте јатки преку путер / намаз? Дали треба неколку дена по ред да се дава и следи за реакција бидејќи се силни алергени? 16 м сме.
Жени како реагирате кога некој друг ќе го скара вашето дете? Јас ќе му подвикнам кога прави некоја беља и ме слуша и понекогаш татко му кога ќе го скара мене ептен криво ми паѓа. Треба да се привикнам зошто мора и него да го слуша ама ваљда мајчински инстинкт..
Зависи кој друг ја кара. Мм да ја ,,искара” ми е ок. Родител е. И јас ќутам тогаш. И он кога јас зборам, објаснувам, карам. Други може да си караат нивни деца, а за моето да ми кажат што и како направила, па јас да си терам.
Сите жени сме такви, не се секирај, јас на маж ми му кажувам дека треба да ги кара и кога ги кара јас го карам него Не е лесно да си маж.
Кај мене мажот е тој што ретко кара, да не речам никогаш дури и ме нервира оти стварно има моменти кај што прави глупости и заслужува да биде искарана ама нели јас сум bad cop тој добриот. И ништо од воспитувањето. Не ми смета и баби и дедовци да ја скараат, ако дента ја чуваат нормално ми е и по потреба и да подвикнат. Во градинка сигурно ја караат. Е сега некој рандом непознат надвор на улица, во парк, во игротека, па и не ми е сеедно да се развика на моето дете.
Здраво мајки, ако може да споделите искусто како ги четкате забчињата на вашите малечки? Кај нас е борба, малце е мирен додека ја вкусува пастата после почува да кенка и да затвора уста. Се плашам да не му се направат наслаги.
Таткото не е некој друг, туку родител исто како што си ти. Детето не е твоја сопственост. Мора да се навикнеш на тоа
Јас дури некогаш барам да ја искара татко и, бидејќи кога јас ја карам таа ми се смее и си продолжува (со тоа ме има купено...), баба, дедо дозволено им е да ја скараат доколку е немирна, нормално во границите, не сега да ја акаат од земја.. и секогаш нагладсувам на сите да биде искарана доколку има причина...исто в градинка сигурно ги караат толку деца... Не се случило некој непознат или далечен роднина/пријател да ја скара, не знам како би реагирала тогаш...
Дајте предлог играчки за во кола. Не очекува долг пат па да можам да земам за анимација, освен сликовници бидејќи ги има во голем број
Јас воведов доста рано, се има пробано пред годинка, ама да, преку путер и по 3 дена, и тоа првиот ден многу мала количина (врв на лажичка) и секој нареден малку повеќе. Освен ореви, тоа во урнебес салата проба
Јаде се Тераме со блв од сам старт па плус и се и давам така да јадачка е пу пу пу. Дај, тоа прво дадов, со путер, чист путер измешан со малку вода затоа што инаку е многу леплив 2 дена, а третиот ден ставив малку во овесната каша
Легнат на земја помеѓу моите нозе со главата накај мене. Рацете под моите коленици му доаѓаат, со бутовите му ја држам главата да не може да мрда. И двете раце ми се слободни да му ја отворам устата и да четкам. Син ми е толку навикнат на ова, кога ќе му речам ајде заби да миеме сам си легнува на земја. Ако го четкам исправен премногу ми мрда за да убаво го исчеткам.
Мами, синко скоро 19 месеци пред месец дена почна да трепка, не би рекла почесто туку посилно ( кога ги затвара капаците ги држи подолго затворени). Се надевам добро објаснив. Траеше тоа 3-4 дена и престана. Еве од вчера пак исто. Загрижена сум. Некоја да не има да сподели слично искуство?
Од кога почна да го практикуваш овој начин на четкање? Јас знам дека каснам ама сега почнав на 1 годинка да и ги четкам, и не мрда толку, колку што со јазикот ми ја бутка четката надвор
Од старт. Ќерката ми беше посоработлива, па вака почнав на 6-7 месеца, на годината веќе нормално си ја четкав во вц. Овој малиот е попргав, ама и порано му никнаа заби, па уште поригорозна сум со четкањето со него. Исто од 6 месеца почнав, сега е 2 години и сака да "четка" заби, ама само сака паста да јаде. Затоа сеуште вака го четкам секој ден, инаку ја стега усната и не можам до непцата да го исчистам убаво ако е исправен пред лабаво како што правев со ќерката.
Колкаво е детето? Таблет за цртање можеш ама сметај дека ќе треба и ти да црташ. Некои за лепење на прозор, гумени. Јас имав куп од Тему порачано. Досадни се скроз, при тропање тоа. Плус ако е како ќерка ми и и се одлепи и падне, па за тоа врескање оти паднало
Две години е. Сака у принцип музички играчки и сликовници, па викам да не има уште некоја играчка што би можела да му земам