Боенки со вода што се бои Книги со лепенки ( од Синсеј земам со такви што се лепат и одлепуваат многу пати) Пиши бриши книги исто. Последно од Литература зедовме Коцки и ситнурии што може да паѓаат наоколу не би зела, да не има плачки кога ќе падне, ќе се растури.
Како сте со спиење после 10-ти скок? Кај нас никако не сакаше да спие во креветче, цело време на спална, а во ниеден скок не бил таков, ова ептен секоја вечер беше. И еве заврши скокот, пак никако не сака да спие сам, ниту за дневна дремка. И да го преместиме во креветче, за 10 мин максимум сфаќа каде се наоѓа. Ќе помине ова, или? Мислам време е оградици за спална да нарачувам.
Спиеше во креветче до 10ти скок и нешто после тоа, и од тогаш со нас на спална, сега како поголема нема шанси да ја вратам. Разбира и не сака да чуе, со мама и било по убаво да спие, а богами и мене викав на бебе му е место во креветче ама сега како расте ми е се поинтересна и и дозволувам заедно да спиеме, си тераме муабети, се гушкаме
Никаква не ти треба, може и само со вода, битно четката да е мека и убаво да се четка. Инаку додека не почне да плука се користи без флуор. Јас лично користам тут мус место паста чисто превентивно.
Земи некоја од тие книгите интерактивни. Друга опција стикери. Ги лепи ги пусти. Боенка, не мора со боици има боенки само вода треба у моливчето да ставиш и раат. Ова со картички го има на македонски у Мапет. И за крај за мир на сите во колата цртани, песнички и видео повици до роднини.
Лелеле најлош досега,за се можно се трескаат од земја,дремки едвај да ги заспиеш,навечер едвај да заспијат,едвај да ги нараниш ништо не им е погодено
+1 за најлош скок од сите! Дрецкање за се од зид/паркет како тинејџер да е , не 15 месечно дете. Ужас ...
Ние сме 17месеци и се смени преку ноќ во се,за се се лути и плаче,заспивањето е малку тешко Една дремка почна да има и мислам дека е во ред така зошто со две навечер едвај заспиваше,кој скок е сега?
Ми менуваат еден ден една еден ден две дремки,навечерво 22 ми заспиваат ми стануваат во 8,8 и 30 неможам ред да им фатам.Бираат јадење несакаат све дајадат
Ние и агресивни бевме. Прилично лош скок, со лупање глава од ламинат, после плачење зашто си ја лупнала и така во круг.
Да збори, мама, тата, баба, деде, тете и сл. Маче, ова и плус мјаука и лае за куче половично кажува пример за ташна, таша вика, за чао, тао вика. Њам њам вика кога и се јаде, иако никој не и збори така, сите правилно и збориме. Кажува да и не, ајде па дури и кога моча кажува чиш. Не знам бабиве што ја учат, ама доста брбља и на нејзино.