Моево само баба деде тате мама, брм цело време и знае за овцата како вика др не. Се мислам дали е ок , гледам некои веќе и пофтараат зборови. Порано кажуваже демек е 2 год кога го прашуваш сега и тоа веќе не. Незнам како да го стимилирам и тоа повеќе е кога он сака, не секојпат како за инат не кажува
Кажува мојава колку години има кога ќе ја прашаш. Не се стресирај, ќе си прозбори повеќе. Зборете му повеќе, пример ајде сега мама ќе готви, па ќе прави тоа и тоа. Поопширно. Јас многу рано сум прозборела, маж ми наеднаш на три години, така да немаш причина за грижа. Сум приметила дека кога е со други дечиња ги имитира што прават, така научи и чао да вика.
Леле исто и кај нас, скоро 17 месеци сме, 2 недели веќе е така, ако не е по негово одма плачење гласно, замалување, лутење. Со дремките уште ред не може да фати, ако спие една дремка 2h некако ке издржи, ако е помалце од 2, едвај... ако има втора после вечерта едвај заспива....плус сето проследено со растење на горните две тројки наеднаш....едвај чекам да заврши скокот и да излезат забите. Веројатно ќе се среди.
После почнуваат со припрема за terrible twos, па следуват terrible twos и следно си имаш работа со мали тинејџери. Јас дотука сум стигната, за натака нека дополнат
јас зедов од flying tiger преубава е 1800денари е, има и сет тањирчиња и филџани да се докупат, и за сол и бибер за турање, плус докупив од локо кроко тенџериња комплет со мешалки и овошје и зеленчук од џамбо во кошничка https://www.tiktok.com/@flyingtiger...1&sender_device=pc&web_id=7604842047791941138
Како им ги четкате запчињата жити Бога?! Плачи, ми бега, ми ја фрла четката, муцка затворена неможам ни да стигнам до запче. Хелп.
Ги четкам јас моите и така сака и она. Или на чешма да и пуштам вода, и ја наквасувам четката цело време
Од Сторибокс, на Јанод е, околу 8000 беше и уште ја држат таа цена гледам. Според мене вреди, многу си играше. Некаде околу 3 години беше кога и ја земавме.Веќе е голема, скоро 7 е, ама уште си стои кујната, сака да си ја реди, чисти Кога ќе се заигра со куклите и јадења си прават таму, се со ред. Сега други работи ја интересираат во глобала и цело време се спремаме да ја размонтираме. Само јас би ти рекла да почекаш барем 2 години да има малата. Сега нема баш да знае да се заигра, а кога ќе дојде време да може да си игра со неа нема да и е интересна. Совет, земи и сега садопер со вода што тече, полн погодок ќе ти биде. Мир во куќа скроз. Еве ја кујната https://www.storybox.mk/kujna-happy-day-janod
Иначе бевме на роденден во игротека, имаше две кујни не се тргна од таму и се утепа играјќи со кујната. Значи пржеше јајца и правеше цшшшш демек пржењето го имитира. Не можевме да ја тргнеме мислам дека и сега ќе ми е полн погодок.
Ќе ти биде, 3 дена. После ќе игра со кујна само у игротека Барем со моиве така беше. Сега ја користат да се качуваат на неа и да скокаат, или да ја спуштат надоле и да ја прават кола. А на гости кај што има кујна или игротеки не се тргаат од нив.
Сите гости се изнаиграни во нашата кујна. Детево мое во годината дали 4-5 часа севкупно годишно и се собира или ни толку. Нека пофаќа место уште некое време низ соба. Е и нема текнато да се качува и да скока
Да земеш!! Имам една другарка што дур го правев wishlist-от за роденден цело време ми трубеше кујна, кујна да ставам. Она има препозитивно искуство дека ќеркичката веќе година дена ја има и уште не и е здосадена, а исто ја добиле на 1ви роденден за поклон. Јас некако бев иницијално скептична и си мислев дека е многу мала за да сфаќа и се заигрува на оваа возраст, али ја добивме на поклон и се уверив дека била другаркава во право. Месец дена се поминати како ја имаме, уште и е хит и најмногу со неа си игра. Отвара/затвора вратички, разместува работи, демек готви нешто со лажицата и тенџерчето па после доаѓа и ми прави ам ам декмек ме храни. Ептен си се заигрува сама и едно 10минути имам и јас време за слободни активности . Ние исто ја имаме на Janod (https://storybox.mk/kujna-od-drvo-mozaik-janod). Освен во Сторибокс ги има и во Тополино
Петти ден како не цица, се беше супер до денес. Значи дојдов од работа она супер, ја испративме свекрва ми детево се поремети, не ме остави воздух да земам, значи плачење, кенкање, тегнење по мене, само во раце да ја земам.. еве маж ми ја успа сега и тоа се откорна од плачење пред тоа. Дали е можно заради одбивањево или може да е друго?