Мојов уште цица, бетер се понаша..за се има плачење, трескање глава, фрлање ствари, па дури и не затепува
Не само што е можно него баш е многу веројатно да е тоа. Кај нас можеби два месеци траеше тоа, цело време да ги држам, да се гушкаат. Гледај да и го дозволиш тоа, сепак огромна промена е, од имање начин да осети близина сега веќе нема и бара друг начин да се утеши. Гушкајте се, посвети и се колку ти дозволува време, и како и се друго, this too shall pass
Мојот дечко е 20 месеци и има 20 кила. Користев памперс премиум 7ца но сега се прави потоп преку ноќ, а нема поголем број од 7ца. Препорака за памперси за поголеми дечиња како мојот, морам денес да му земам
Babylino има 8ца гаќички. Ги имам видено во Веро (Џамбо), ама дали ги има секогаш, не знам. Еве и овде: https://viafarm.mk/p/6829/babylino-sensitive-pants-8-gakjichki-20kg-14-gakjichki
Женски кујна јас видов во Синсеј во Драчево пред некоја недела, нез дали уште има ама ете да знаете како инфо дека и на Синсеј има.
Шо е со 8ми скок луѓе? За се да се плачи и треска од земја. Спиењето ужас. Дремката преку ден ужас. Ништо не му е погодено. Неможам да го позанимавам со нешто ни 5 мин. Одма фрла и плачи. Ама буквално за се. Има ли крај?
Не знам во која тема да пишам па еве тука.. Точно 14 месеци сме, родена 36+1. Се уште нема ниту еден заб. До скоро бев лабава на темава ама веќе не знам што да мислам. Горе кај кецот десен што треба да и излезе со месеци има една точка бела може ја имала и цело време не сум ја приметила. Читав тоа се некои цисти ама наводни исчезнувале до годинка. Следнава недела сме на контрола. Има ли некој со бебе што подоцна извадило заби и колку подоцна? Фала ви
Најстарото бебе што сум видела да вади прв заб е 16мес. Да, касно е ако гледаме по книга, ама генерално не е никаков проблем. Дури и подобро е покасно да никнуваат, помалку време имаат да се расипат
Има, кога ќе заврши скокот единствен скок што ја држеше од прв до последен ден според календар. Ужас.
Како престанавте? Која метода ја искористи? 17 месеци е бебо и сакам уште малце да го одбијам, но прво јас не сум спремна, а уште потешко ми е како тој ќе прифати еден ден мора, ама кога гледам како ужива тешко се решавам.
Прекинав да нудам. Само навечер пред спиење цицаше, полека стигнав на еден подој. И еве веќе 7 дена не цица, последниве три дена полудена е, толку е нападна кон мене не знае што да направи веќе. Не ме остава ни да дишам, а првите денови одлична беше. Сега не знам веќе што да и направам, буквално константно кенка и плаче и не знае што сака.
Моето на 16ипол тропна првиот кец доле и јас бев ептен загрижена..плус дека му требаа 2м за скроз да излезе.. Сега сме 18ипол и е жива смешка..тој кец е цел излезен, до него е до пола и горниот кец до пола. Другиот кец горе е цел надуен кај и да е ќе излезе, а и двојките горе по него
Не прифаќа никакво млеко од кога е родена освен моето мајчино. Пие вода и јаде многу млечни производи, нема потреба од млеко дополнително да и давам.
Како за утеха мислев повеќе. Моето кога го одбив многу доаѓаше да се гали се умилкуваше па ми ја тегнеше маицата да бара за цицање, затоа замена прпбав адаптирано ама нејќеше првите денови, после многу немирно спиеше пошто беше навикната да цица за да се презаспие па пак пробав да и давам адаптирано и прифати помалце на почеток, интетесно и беше од шише сама да го држи.
Нема гајле она за заспивање и спиење навечер, преку ден не знам што и е, значи а ме види се шекнува, еве и сега, стана од дремка не сака ни да јаде, само сака да ја држам во раце и да плаче и не знае што сака.. не знам што и е.