Дајте ми совет некој за заби вадење... Душата ме боли, не знам како да и помогнам. До годинка немаше ни еден заб, па на годината и излегоа долу кецовите со температура. Па следно сега на 15 м и излегоа горе 4ките и една двојка во рок од 3 дена, и гледам дека и 3ките горе се гледаат веќе под непцето. Значи температура до кај 38.8 качува-симнува со денови веќе, во сон се мава по образи и глава, стенка и се буди навечер по 20 пати минимум. Живи ненаспани сме сите тројца. Гелови сите ги купив тука што ги има, плус од Грција ми донесоа и имам од Америка. Ама сѐ тоа помага моментално за кратко време. Блокмакс и давам кога ќе качи повеќе температура и додека трае дејството тие 6-7 часа е најокеј. Ама не можам на секои 6 ч тоа да давам. Ладно и давам да јаде или грицка, ама и тоа помага дури јаде. Од блиски што се водат по некои бабини деветини ме утепаа викајќи бело вино да сум мачкала. Како море вино да и мачкам, алкохол да и давам не ми е јасно. Да не знаете некое друго чаре нешто? Некој магичен гел за кој не знам?
@LadyR , јас пробав и со вино, е дали тоа што и намачкав кратко откако го испи млеко или друга причина, кога рече дете повраќа млазови. Буквално само што го допрев прстот на непцето нејзино. Вино никогаш повеќе не помислив да ставам. Инаку истото што и ти, парацетамол најмногу помагаше. И гранули давав долго време Осанит.
Ништо не ни помогна, 4ките душа ни земаа, значи месец дена неспиење беше тоа. Сега тројки и растат, да ја поплукам океј е, ама се пробав и ништо не и помогна, исто со температура вадеше ама највисока 37.8.
Осанит се хомеопатско лекче, побарај ја ivana essentials на Инстаграм и пиши и дали има да ти препорача некое слично или исто лекче. Инаку Осанит гранулите можеш да ги начекаш онлајн и во Србија.
Нема ништо магично, ама дали ја однесе на лекар? Оти 38.8 не е од збаи температура. Паднат имунитет е, лесно закачува вируси и бактерии, ама да не има друг проблем детето покрај растењето заби?
Мене ми личи на болка во уши, @LadyR и јас мислам дека не е од забите толку висока температура, да ја однесиш на преглед ако ја немаш однесено до сега.
За секој заб до сега иста песна е. Иначе паднат и е имунитетот сигурно, ама сега е подобра. Тоа со толкава температура беше 3 дена. Може и некое вирусче да имаше фатено патем од градинка. Ама си има мака голема, иако нема температура сега веќе. И се погоди периодот. Во Јануари го фати сезонскиот вирус од градинка. Пред Новата година сипаници. Од една работа ќе се опорави, друга ќе фати цела зима. Поткашлува, секрет од нос - нормално што е. Ама ја наслушувам цело време дома, нормален наод на бели дробови. Да е нешто сериозно одма би ја носела, фала Богу. Имаш зимано нешто од оваа ivana essentials? Пинуван пост и е дека не вакцинира, се ежам право и ми е шубе така...
Не ме асоцира на тоа ич. Става во уста се, утоп е од лигавење, покажува со прстето внатре во вилицата и прави тажни фаци. Башка непцата и се воспалени, црвени, отечени. Се познава.
Добро, ти си знаеш. На моево Дентинокс гел многу му помага. А инаку по големиот син знам висока температура креваат најчесто од воспаление на уши или грло затоа ти пишав. Тој е веќе прваче сега фала му на бога полесно ги поминуваме вирусите, ама дури беше помал веќе втор ден ако крева температура јас го носев на преглед, не губев време да се мачам да мислам шо му е и да го гледам да се мачи.
Јас крвна слика одам правам обавезно без упат. Ако не ми се допаѓа, тогаш ја носам на лекар. Ја носам кога стварно мислам дека има потреба, не е дека ми е тешко или било што. Систина ми е на 3 мин со кола, и приватно здравство имаме. Не е воопшто проблем. Ама сега не гледам причина (имам зав општа медицина иначе, можеби и маана е некогаш ). Го купив и Дентинокс, ама се е тоа за кратко. И освен блендирана храна, не сака друга. Денес дури прв пат јаболка прифати да јаде... Овие 3ките до сега најужасни. Тоа е, време ваљда си треба. Ама пусто мајка и душата ме боли кога не и е се океј.
Познаничка има земано цели сетови лекчиња за неа и малата, а и јас планирам за скоро. Искрено, дали жената вакцинира или не... Тоа е нејзин личен избор... Ти викам ако сакаш да пробаш со хомеопатски лек т.е. осанит, а не ти се чека, па да и пишеш.
@LadyR дали си од Скопје? Имам маст Осанит, само еднаш е искористена, јас не му ја мачкав. Земена е од Бугарија. Можам да ти ја подарам
Малава беше кај свекрва ми да ја почува, паднала и си ја лупнала главата во комодата, има џумка така поголема. Вака ништо не и е, весела си игра, што да и ставам на џумкава дека подуенка и е.
Здраво мајки совет од некоја со слично искуство ако има... Малиот после секој поминат вирус добива осип најчесто на бутките до сега поминувал за неколку дена но овој пат се нафрла и на мешето и многу го чеша. Консултирани со педијатар уште првиот пат, кажано ми беше дека било нормална реакција после поминат вирус. Не знам дали да му дадам нешто за алергија да му се смири чешањето. Давала ли некоја мајка антихистамин за оваа ситуација ?