Перница на големата изрази на 2 години желба сама и тогаш и ставив,така планирам и за малиот самиот кога ќе посака. Најдобро е да се спие без перница.
Бебе 15 мес пие вода и од шише со цевка и од авент шише со цуцла. За излегување ми е попрактично со шише со цуцла да не ми се истури во ташна. Во какви шишиња им давате вода?
Со цефка. Најдобри ми се покажаа funtainer од thermos, поготово на лето, ама задоволна сум и од авент шишето со цефка за секој ден.
На моето дете му се случува понекогаш и му давам сируп за алергија и ги мачкам со масче да се исушат тие што ги има.
Јас му ставив уште на 14-15 месеци од Дормео. Детето заспивсше на спална на нашите јастуци, а во креветче му земав Дормео за деца. Пониски се тие, мене искрено не ми се свиѓаше баш ама тој го сакаше.
Здраво 11 месеци сме. Цела недела како ноќе во сон седнува на газ и паѓа. Спие пола саат мирно и туку ќе се исправи или ќе се пикне во мене или на глава ќе ми се качи. Ај 2,3 вечери реков да не е од настинка носето што му беше затнато. Ама ова продолжува, 6 вечери кај што се бориме Што може да е? Страв почнува да ме фаќа. Сте се соочиле со нешто вакво?
3 месеци пред да наполни 4. Кревет од Мебелмак во Ист Гејт * Сеа гледам дека сум во темава за до 2 години Тој период заедно си спиевме туто комплето
Како беше прелазот? Ја спремавте претходно? Изразуваше желба? Моиве кога ќе чујат спиење без мама одма има драма, може да спијат у детска, ама мама ако спие со нив. Мислам дека до пубертет ќе спиеме заедно
За чудо беше многу возбудена и среќна. Цела соба доби ехее, премија и беше. Ја носевме со нас во салонот, ние веќе имавме одлучено кој ќе го купиме ама да и направиме филмот демек заедно бираме. Постелнина, перничиња, ќебенце се шо посака доби како шо одбрала. Е сега, заспива таа у детската ама секое сабајле без промашај се сели кај нас. Мислам дека у сред ноќ ја фаќа паника дека е сама, може тие дека двајца нема да ти доаѓаат Ама и пристапив на некој благофин начин за разлика од маж ми кој шо тргна скоро речи да и наредува да спие у детска. Јас ја "добив" битката со ЦЕЛ КРЕВЕТ Е САМО ТВОЈ Таа е жива среќна кога е нешто само Нејзино
Кај тодлери не се развиени синусите. Затнат нос, уши, висока температура, проблеми со видот даваат главоболка.
За големата немавме соба посебна, ама да имав верувам рано ќе ја пратев да спие таму. Си доби соба кога се преселивме на 2ипол, ама си беше во бебешкото креветче до скоро 4 год, потоа обичен единечен кревет и земавме. Малиот на помалку од 6мес го ставив во соба со неа, и сега на 2 години сеуште е во бебешкото креветче.
Размислувате ли? Јас не сакам ни да помислам некако. Наутро кога станувам најубава глетка ми е до мене во креветчето нејзе да ја видам. Или како не буди со смеење ако се разбуди пред нас. А реално комотно може да ја префрлиме во друга соба... Со месеци и месеци спие без воопшто да се буди, освен ако не е со температура или затнат нос. Ама не ми дава срцето некако.
Ве читам и блазесиви што ви спијат во посебни кревети или соби. Мојов ни преку ден нема шанса да го ставам во креветче. Пробано ми е неколку пати барем преку ден и нема шансии, после и на спална не ми заспива мислејќи дека ќе го префрлам. Дајте совет како да го научам зашто више стварно и смета и жива ненаспама сум и заморна се будам 11м, не е мал