Не, зошто може да се пренесе во очи, уши или грло, па место локално во нос, да треба со системски антибиотик да се лечи.
Месецов полниме годнинка. Редот ни е следен: Станува во 7ч, пие формула 180 или 210. Прва дремка околу 9, спие 1ч или 1ч и 30мин, кога се буди му давам да јаде. Втора дремка ни е околу 14ч, пие 210мл формула, спие 1ч и 30мин. Околу 17ч ни е втор оброк. Во 21ч заспива со 240мл формула. Дали ни е ок редот со исхраната?
Мое мислење е дека досега требало да имате и вечера т.е 3 цврст оброк и да воведувате ужина. За дете од скоро година 2 цврсти оброци се малку.
И јас исто мислам дека на година секако треба млекото да се намалува, а да има 3 цврсти оброци па и две ужини. Исто без разлика кој бренд АД користите, сите имаат последователна 3ка за од година натаму (ако продолжуваш со АД наместо кравјо) и тоа е во помала количина. Пример Хип е 150мл два пати на ден препораката од Џуниор формулата. Секое дете е различно, јадачи и нејадачи , сакат многу млеко или па ич ама веќе од година натаму млекото треба да биде споредно во однос на оброците.
Кога да му го вметнам јадењето 3то? А и плус 2 ужинки Ми се гледа некако многу јадење Јадач е цел тањир го јаде во еден здив некогаш му земам кашички кога сме ограничени со време, па некако како малце да му е 200гр
Треба да се намали млекото преку ден. Ручек во 17 часот е доцна. Пример тоа млеко сабајле во 7 нека го пие, после иде појадок, па ужинка наместо млеко (некое овошје, бисквитче-не многу) и ручекот да дојде негде околу 15 часот. Втора ужинка, пак нешто лесно и малку околу 17-18 и вечера околу 19-20 часот. Млеко пред спиење. Кај мене цица ама горе долу ваков распоред имав околу годината.
Здраво ќеркичката качи температура во понеделник вечер ,и правеа крвна слика беше покачено црп,имаше секрет зелен и малку црвено грло ни дадоа амоксиклав,а излегуваат и тројките и еве веќе пети ден уште има температура до 38 и само плаче,нервозна е а си јаде и пие течности
Јас би направила брис пред антб секако, но чим сте под терапија нема потреба да се преиспитуваш веќе, секако 38 не е висока тт мајка. Гледај освежувај ја, повеќе на воздух, убаво е времето. Ќе мине
@Бибиче , не можеш преку ноќ да смениш кога веќе олку долго сте терале со млеко. Ама пример: Кога ќе стане само 100тина мл млеко, за пола час после тоа појадок. Или појадок со вклучено млеко, ако јаде парчиња бебешки палачинки пример. Ако јаде каши уште чоколино или било кој оброк од тој тип. Ручек пред втора дремка. Во 17:00 е доцна. Тогаш би следувала мала ужинка, па на кај 19:00 вечера. Разгледај ги темите за храна на деца до 1на година или од 1-3 години за идеи. Сметај дека ако би одело во градинка на таа возраст ќе има околу 8:30 наутро појадок, околу 11:30 ручек, околу 14:30 ужинка. Само за споредба.
16 месеци сме и сакам сеуште да се вози наназад свртена, ама некако тесно и е, многу е долга и воопшто не е и е удобно. Некое чаре или ново седиште да барам? Дека до 36 месеци ми е ова.
На 16 месеци не верувам дека и е мало седиштето. Ќе си ги намести сама нозете за да и е удобно. Мојот до 104 цм се возеше наназад (толку е наведено на самото седиште дека може да се вози така).
Не и е мало, тесно и е. Се нервира, кенка, клоца со нозете, и смета да и се така стуткани, не пробува сама поинаку да ги намести. Иначе доста висока е, сите мислат дека е поголема.
Мојава од година ипол си е свртена напред. Нема шанси така да ја вртам назад со нозе свиткани, височка е ко за своја возраст, на татко и си влече од висината поготово не на долг пат така свиткана да ја држам..
Моево од многу порано го свртев напред немаше шанси вриштеше назад свртен ни 4мин не издржуваше. Сега само за спиење го вртам наназад. И моето е повисоко за возраст