Според ова што го кажуваш децата се сосема ок. Големата моја на 14 месеци прооде, на 18 месеци веќе склопуваше реченици со 2, 3 збора. Малово еве го 12 месеци е, оди по мебел, лази како струја е, само нешто ровари, па по ново и бега кога ќе направи беља. Ама не збори. Големата на година кажуваше многу зборчиња, ова само баблинг има. Ама не' разбира што и зборуваме, покажува со прст веќе ако сака нешто, има контакт со очи ( добро и веѓа ми крева во стилот жено не замарај). Не ги споредувај децата ( кажува човекот што цело време ги споредува) небо и земја се секогаш. Некогаш ме пукаат мисли да не не е се нормално развојно кај малово, а некогаш следејќи ја викам добра си е. Ич не ми е сеедно што уште не вика мама или тато на пример, ама точно знае да покаже кој е тато, дада, баба па се смирувам. Гледај ја големата слика секогаш, а според ова што го пишуваш децата си се таман
Мајки има ли врска проодувањето со зборување??? 18м сме , прооде на 16м и само баба дада мама кажува ништо друго
Од мое искуство не баш. Збореа пред да проодат доста зборчиња со значење. Кога почнаа да одат малце стагнираа зашто беа фокусирани на моторика. 18м ако има само 3 збора се смета за доцнење во говор. Што не значи дека има проблем поготово ако разбира што му зборувате и користи невербална комуникација
Ќе ти ископирам што сум си запишувала за синот на 15 и 17 месеца, зошто во споредба со сестра му имаше многу малку зборови на истата возраст, па го следев малку потемелно Zborovi na 15mes: Mama baba tati dada bu am bam daj ne dzish na fala alo Skoro 17mes: Meme, mau, av, op, papa, znae da pokaze glava kosa oko uvo nos usta zabi mese race nodze pupe gaz Сега е 2 години и збори многу. Наеднаш за 3-4 месеца експлодира и говорот и вокабуларот, ама мислам дека тоа е заради градинката. Може и само се поклопи случајно тоа, не можам да бидам сигурна, ама наеднаш зборува многу повеќе. Сега веќе ќе речам дека е изедначен или мнпгу блиску со тоа како беше сестра му на таа возраст.
Да знаете дека и звуците од животни ако ги користи пример ав за куче и тие се сметаат како збор. Секое дете е своја приказна, некои повеќе зборуваат некои помалце, битно е да учи нови зборови..и мојата на 18 имаше помал фонд на зборови, па на 20 месеци и се збогати прилично многу и веќе почна одма да ги комбинира по два збора тие што ги знае
И мене ме интересира, моето е 20 месеци, разбира се, извршува наредби ама кажува само 12-13 зборови.Мама, баба, дада, ав, ди, бе за овца, Биби, диди за дедо, бебе за него, потврдно ДА правилно го употребува, бам за паѓање, јееј за роденденската песна на Биби и толку се
На таа возраст е побитна невербалната комуникација не толку зборчињат. Треба да може да повторува гласови, да покажува со прсте кога сака нешто или да покажува кога нешто му е интересно, да користи гестови за комуникација, да погледне ако свртиш глава и му речеш гледај во правец кај што покажуваш, да следи ако му покажуваш нешто со прст, да покаже работи ако му речеш каде е тато, мама, предмети, да има базична игра со преправање ( хранење кукла, зборење на телефон, преправање дека готви нешто или сл), да очекува да му кажеш браво кога ќе направи нешто итн
Здраво мајки, да ми препорачате некоја летна количка, да биде лесна и да се спушта за спиење. Сакаме да патуваме со авион па да можам да ја носам со нас. Малиот е 18 месеци, досега ја користевме првата количка, а веќе и поретко дека сака да оди сам, да трча, но сепак сакам да земам со нас да ми биде полесно за движење.
Во друга тема пишував за летна , ние имаме Cybex Orfeo прелесна е и мала кога ќе се затвори, може да се носи и на рамо има рамка. Зависи и од буџет, јас ја начекав на голем попуст во Jungle baby во East Gate. Исто ка гледав и од Чико Урбино моделот во Енци Менци знаат да го спуштат и до 6-7 илјади.
Со оглед на тоа што не сме уште проодени и се возиме во количка/трицикл, го облекувам во боди на кратки, тренерчиња, ептен лесна јакничка(ветровка), патичиња.
Здраво мајки, моето дете наполни 22 месеци, почнавме да имаме проблем со дремката преку ден, вообичаено ја имаме околу 12-12:30 часот, но станува се потешко, или се заспиваме долго време или ќе почне да плаче и да вика дека не сака да спие. Ме интересира какво е вашето искуство, кога ја прекинавте дремката, дали можеби е прерано за да се прекине и сл. Секој совет е добредојден
Кога се подобрува сепарациската анксиозност? Многу ми е жал кога плачи. Неможам до вц да отидам. Ништо неможам сама, мора и тој да е тука. Премногу плачи по мене ако остани сам и само мама мама мама. Му беше изразено ама сега е највеќе. Само што ќе влезам, крева раце да го земам и прекинува плачењето и продолжува со играње. Како и со што ги залажувате?
3+ години е, мислам во живот не била олку опседната. Лепенка цела. Мама да ме облечи, ама ова, мама она. Зема пример пакетче смоки и ме бара низ сите соби да го отворам, а татко и на 5 чекори од неа. Неее мама знае да отвори. Ок, не е проблем.