Кај нас не сака ни да се успива со татко ѝ, значи воопшто не сака од прв ден… болна, утепана, со се на куп, јас не можам ни една минута да седнам.
Со ништо Ама те утешив хаха Седи во мојот скут и си игра. Ако некогаш посака сама да си игра 10 минути трчам нешто да направам. Вчера со солзи со све беше кога отидов да мочам, а со татко и беше. Липаше уште 10 минути после тоа. Плус вчера влеговме во 9 скок ЕДИТ: отворив да видам колку трае 9 скок. 35 ДЕНА wtf.
Внук ми го правеше истото на 3 години. Ако мајка му беше тука, никој друг освен она не знаеше. Ако не беше со неа и другите знаеја. Сега е 4+ и се смени
Кај нас вака е: М: Мама отвори ми го ова (а татко му до него). Јас: Тато е до тебе, дај му го да ти го отвори. М: Ама мама ти поубаво отвараш.
Не проаѓа Кога одам на работа разбира вика мама лаби мора таотао = Мама мора да работи чаочао Ама штом дојдам дома не смее да излезам пак одма вика плаче со солзи не дава татко му ни да седне до него. Завчера викам мами ќе се бањам сега сама седи со тато Слушам за мин плаче на врата тропа мамеееееееее геаааааа да гледал додека се бањам Ако сака нешто да јаде пие мене ми го носи а пример мм седи до него јас мијам садови. И така. 2г2месеци е
Дали е можно од сепарациона да и е нарушен сонот? Значи бебе што од 2 месеци преспива цела вечер, како наполни година норвороденче не и е рамно. Ајде имавме период на заби, скок, се разбирам. Ама ко да заборави да спие. Се буди и по 10 пати навечер, не станува, само легнува врз мене и продолжува да спие, буквално ко да ме бара. Само свекрва ми кога ќе ја успие си спие цела вечер. Се одбивме и од цицање, иако не цицаше навечер од 6 месеци, нема промена пак. Се обидувам да го најдам проблемот. Зашто ми е чудно, како да заборави да спие буквално. Иначе кецови, двојки, тројки и четворки имаме и горе и доле. Не се заби.
Како се справувате со нејадачи,со цртани?Воопшто несакам да му пуштам цртани зошто читав дека го попречува говорот ама поинаку не бива,кажете ваше искуство
Со играчки, со сликовници, па таа мене да ме рани и јас после неа, сама да пробува да јаде, преку игра некоја смисли во зсвисност од тоа што сака...и јас се трудам максимално без екрани ама некогаш пуштам кога немам друга опција...
Кога се смета за први чекорчиња? Се држеше за масата, се сврти и тргна сам накај вратата. Може дади 4-5 чекорчиња и стигна. Јас бев позади него го држев минимално за боденцето позади вратче, дури не ни е држење тоа. Само колку да не падни па да се уплаши. Дали е тоа-тоа?
Па дааа, лесни чекорчиња Може да пробате пример со некој друг да си подавате предмет што него му е интересен на мала дистанца и да оди, да се вежба. Мојов така прооде, со мм седевме и си подававме една пластична чаша по која беше тогаш опседнат. Инаку пушти го нека оди слободен и да падне, вие не покажувајте паника пред него ,така се плашат уште повеќе.
Кога се смета за први чекорчиња? Дома се пушта од еден кон друг родител и прави 5-6 чекорчиња највеќе.
Па јас тие ги рачунав за први чекорчиња, секако нема одеднаш да оди долго..падни / стани. Лесни чекорчиња
Јадење не е време за забава. Максимум некое мало играче па да јаде со нејзе. Мојата е екстра нејадач, ама не верувам дека седи гладна коа не јаде.
Некогаш со играчки(количка мала) се залажува и јаде,до кој месец има скокови?зошто мислам дека е во скок
10 скок кога е? Денес полни 16 месеци кратат уште од две на една дремка знаци неиздржливи се,погоотово едниот близнак.Сабајле во 8 е станат имаше една дремка од саат ипол еве со 30ш маки дете нејќе да заспие а тргнам накај спална вришти.Сакав и даго носам на дежурен незнаж што може да е проблем.Заби има кецови и двојки,сега проодува и само лвичи по цел ден и евего нејќе никако да заспие
Има ли бебиња 19+ месеци кои уште пијат АД? Пие 200 мл пред спиење, се случува некогаш да не го допие цело и еднаш обавезно станува со плачење навечер и бара млеко, не повеќе од 130 мл. Таман мислев да го одвикнувам полека после 10-иот скок, почнаа 5-ки да никнуваат и жив нервозен е, се буди на секое, па одложувам уште.
Моето е 19м и пие млеко АД,ноќеска се буди за млеко и продолжува да спие До 2 години е секако млекото па после од тетрапак ќе му давам,така да не се грижи добро е кога сака да пие
Моево уште пие АД пред спиење по 250мл, а ако му направам уште сигурно и тоа ќе го испие. Ако е гладен може да стане и навечер ама тогаш му го разредувам. 2 и пол години е. Му нудам постојано, обично свежо млеко ама ќе пивне еднаш, два пати и го остава. Дали дека не е толку благо. Не ни знам како да почнам да го одвикнувам, кога млекото му е омилено нешто пред спиење.