Е па, тоа ми е и мене. И моево ноќе да му направам повеќе, ќе испие сигурно и повеќе. Пиеше по 200 и ноќе, ама одамна му го намалив, ама никако не можам да му намалам помалку, барем не сум решена. Сега па како што вади заби уште, хаос сме. Плус на градинка ќе почнува, не сакам дополнителен стрес да му стварам.
Нема потреба од толку млеко на таа возраст, ноќе уште помалку. Заблуда е дека растат од млеко, тоа важи само кога млекото е основна храна. Нема проблем со забите? Стрес или не, големо е детето за млеко ноќе. И тебе ќе те прашам, нема последици по забите? Би било чудно и многу ретко да нема никакви проблеми.
Ќерка ми е 17 месеци, веќе одреден период се грижам за тоа што досега нема ниту еден друг збор освен њам њам, ниту мама и тато, но цело време зборува неартикулирано, на пример ммм или пишти на висок тон без причина, многу често се однесува чудно, прееска гледав дали се врти на името и дури после третиот пат реагираше, но некогаш се врти и од прва, многу често особено кога цица ги врти рацете и го трие палецот со показалецот, до отприлика година и нешто сите milestones ги постигнуваше на време, правеше чао, здраво, но сега едвај чао прави, многу ретко. Разбира се и слуша команди, носи работи, оди и дојди, фрла ѓубре, се преправа дека зборува на телефон, но некогаш ги реди и играчките во ред и оди на прсти, обожава животни и премногу има слух за музика, пее и игра на песните, знае да ги покаже одредени животни во книга, на пр. јас да и речам коњче и таа го покажува со прстот, покажува и ако сака нешто на пример за надвор, покажува кон прозор или кон вратата. Во врска со храната периодично јаде една намирница, после ја избегнува (пр. неколку дена јади само јајце и потоа воопшто не го јади). Исто така, некогаш како да гледа низ мене, како да не ме фокусира, нејасно, а некогаш супер ме фокусира и ме гледа право во очи со внимание. Дали има простор за некаква загриженост? Притоа, се сомневам на кандида во устата, а исто така вака почна да назадува во период кога претерано дедо и и пушташе цртани на телевизор додека јас бев на работа, но сега ние ја чуваме и гледаме да е минимално изложена на екрани. @le.soleil мислење?
Искрено, досега не, супер му се запчињата. Редовно ги миеме. Ама дека си во право, во право си. Решена сум да го тргнам, само не знам кој метод да го пробам, дали со разредување 10 дена, или наеднаш. Кај нас наеднаш може да биде проблем, бидејќи ноќе тој веднаш со плачење со солзи станува.
@DaniDaniela1802 ти навечер заспиваш со јадење, стануваш ли ноќе да јадеш? Логично е дека не, така и за детето важи истото, нема два месеци, има две и пол години. Оти млекото е храна, не е вода, желудникот не треба да работи навечер. @senza.parole тешко е одвикнувањето, особено за мајката, ама мора да се направи некогаш, на некој начин.
Нема ништо нетипично од работите што ги прави. Како комуницира ако сака нешто да и дадеш? Дали следи кога и покажуваш со прсте? Дали има pretend play да храни кукла на пример? Дали кога ќе направи нешто те бара со поглед да и кажеш браво на пример? Ако и речеш гледај и ја свртиш главата дали погледнува во правецот во кој ти гледаш? Колку често покажува со прсте кога нешто и е интересно или бара нешто? Ако се врти на име кога ја викнеш а не е занесена во игра или не седиш до неа значи реагира на име. Одење на прсти е мајлстон не е за загрижување, триење на прсти исто не е нетипично двајцата мои го правеа а јас до ден денешен го правам кога сум нервозна. Редење играчки освен ако не е секој ден цел ден не е загрижувачки. За фокусирање на поглед можеби треба да проверите вид.
Ние сме генерација, и мислам дека немаш причина за грижи . И мојата некогаш оди на прсти, и тоа сеа периодов нешто и е интересно ама не често. Ако си приметила дека екраните и пречат, избегнувајте ги. Истиве работи ги прави и она.
@Annath нема 2ипол туку 1ипол години,нормално дека ќе пие млеко кога му се пие и со тек на време ќе се смени плус во градинка ќе почне
Мислам дека сам ќе си се одвикне од млеко да пие навечер,сепак секоја мајка си знае најдобро за своето дете
Ќерка ми на 1,5 година сама прекина со млеко ноќе, инаку до тогаш стануваше по еднаш. Веќе е 3+ години и знае пред спиење да побара млеко. Не секогаш ама има вечери. Добива 60-90мл отприлика де, колку да и помине мисла. Миеме заби и заспива.
Комуницира обично со покажување и ми прави ммм или ме носи за рака за да и дадам нешто. Па некогаш почесто, некогаш поретко ама генерално скоро се од ова прави. А во врска со кандидата, дали и колку влијае на говорот и општо на развојот? Да дефинитивно и пречат, сепак фала ти, ми олесна ептен.
Ако прави се што набројав невербалната комуникација и е ок за возраста. Гасење екрани скроз и многу зборување и играње со неа
https://storybox.mk/kujna-od-drvo-mozaik-janod https://storybox.mk/kujna-happy-day-janod Која да ја земам, не можам да се одлучам, девојче сме.
Да, и мене таа повеќе ме влече. Па да ти кажам, средна цена, има доста и поскапи, а оваа големина ми е идеална.
Зависи каде ќе ја ставиш, ако е во дневна земи си некоја што ќе ти одговара на мебелот, јас би одела со првата како понеутрална пример јас бела земав, дека кога игра си носи уште еден тон шарени играчки, мене ме замара на очи
Нешто за апетит што има ефект, по можност да е на природна база.Еден период јадеше баш солидно и манџи и месо и се, сега месо, јајца, риба не сака да види. У главно на тестенини живее, тост, тарана, макарони… периодот нерви искинав, пребирлив ептен со храната. Не знам дали е до забите, две 5ки излегоа, уште двете доле треба. 22 месеци сме.
Како се справувате со успивање? Мојата сака само јас да ја успивам и никој друг. И кога се буди навечер ме бара само мене