Никако, само јас ја успивам проба маж ми и џабе е, ме бара мене. Многу обична некако ми е, не сакав розева дека ајде девојче е па мора розева.
На девојчето мое на 2ипол и ја купивме таа жолтата кујна. Леле која ја виде, кога почна да плаче, не сакам жолта кујна, розева сакам, плаче ли плаче. Па среќа кумата ја зема нашата за синчето, а нејзе и ја купи розевата. Тогаш баш и почна розевата фаза и еве уште нема завршено. Сè и е розево. Затоа се насмеав дека за розева гласам, иако не ти беше во изборот.
Се надевам нема ни да биде. Смачено ми е од мене од розево Розева јакна, розеви патики, розев фустан, розево венче, розева постелнина, розева спавача (оти и за спиење мора фустан да носи), розева четка за заби, розева паста за заби, розево розево розево. Дека никогаш не сум сакала розево, затоа ова ме снајде
Добро што им давате за вечера? 15 месеци има. Не сака палента, тарана, јувки, јогурт, кисело млеко, павлака, попара ништо такво. Вртам 4 5 оброци по ред, кексолино со јаболка, овес со банана, житарки некои со малини, слива, воглавно овошје да е. Палачинки имам пробано не сака, пред некоја вечер палента и јогурт и дадов две лажици само и не сакаше веќе. А гладна беше бараше друго. Немам идеја веќе што да и правам за вечера. Во градинка јаде се.
Е давај и тоа што јаде, што толку се преоптоваруваш. Мојава 3 дена јаде едно, после 3 дена друго, крај не и наоѓам. Дур најдам што сака 2 дена поминале
Леле јас обожавам розево. Дома се што носам ми е розево, розеви пижами влечки чорапи стегачи. Барбики да ми дадат мислам сега би си играла. И затоа дома сум со 3 машки . Вчера му викам на мм да пробаме за трето женско, после си викам не се глупирај ај .
Јас засакав розево на 25 години, и можам да кажам дека pink is an attitude xD Мене ми е прекјут да ми е детето у розево и дреч женски бои, баш кружеше на инста видео, every alt girl needs her pink accesory и во прилог покажуваат мајка во црно и ќеркичка во розе фустанче
Не знаев каде да го сместам прашањево, ако не е за тука, нека се премести. Има ли некоја мама што сеуште му нема ставено вакцина за стрептокока на детето? Синчето ми е 20 месеци, две дози има примено, прва на 6 месеци, втора на 9-10 месеци, бустерот сеуште го немаме ставено, требаше во ноември, беше настинат, па имаше сипаници па еве сеуште не сме ја примиле. Воедно нема примено ни дитепер, таа што беше на 18 месеци по календар, ни мрп сеуште. Прашањето ми е, до кога најдоцна може да прими стрептокока бустер и дитепер таа што беше на 18 месеци по календар.
На другарка двете и ги прими на 20 и на 21 месец. Имаше заборавено, па во рок од месец ги прими малиот, зашто мораше во градинка да оди.
Дитепер може кога сакате, ние на 4 ја примивме, а оваа стрептококата нас не ни ја ставија, не памтам ич кога го однесов за нејзе, 2 ипол ли беше. Ама го штити вакцината, немал проблем со таа стептокока.
Не те разбрав баш. Викаш не му ја ставија, а после го штити вакцината. Некако не ми е јасно што сакаш да кажеш.
Не му ја ставија последната доза или ревакцина ли што беше, сакам да кажам тие претходно што ги имаше примено превенар го штитат.