Не, мрп им беше битна тогаш. Оваа дитепер ревакцината од 18 мес скроз ја заборавивме (болести чуда во градинка кога почнавме) се до епидемијата со голема кашлица никој не кажа ништо. После без нејзе не примаа.. Не знам ич, стварно, прашајте доктор. Нас знам не ни ја ставија ни рекоа нема поента.
Колку ви спијат навечер на 15, 16 месеци? Заспива дома во 7 и 45, 8 најкасно и спие до сабајле до 7 и 15. Маж ми со тешки маки ја буди за во градинка, станува со плачки дека и се спие уште. После се расонува нема гајле, во градинка спие минимум саат ипол, некогаш два. Некако не ми изгледа како да и е малце сон, активна е среќна весела ама ете насабајле е мака.
Мојата спие 10-11 ч врзан сон навечер. И на градинка спие уште 2 часа. Е сега, кога е викенд, сама се буди и ќе почне да се смее на глас уште во 7:15-7:20. Како за инат. Преку недела кога треба да оди во градинка, пак во тоа исто време ја будиме, ама едвај. Спие уште, не може да ја расониш. Од кога ќе и смениме пелена и пресоблечеме, дури тогаш почнува да се буди. И бара млеко во иста секунда, оти плачки ќе има.
Значи мојава уште повеќе навечер спие и пак и е малце. Хахаха 11, 12 саати навечер и преку ден плус и пак едвај ја будиме
Хаха можеби си е повеќе спанка, или се уморува во градинката. И јас насабајле едвај се влечам од кревет.
Совет како да ја тргнеме цуцлата 16+++ сме, пробуваме но не иде. Значи плачење со губење воздух и со тресење… не знам како да пробам веќе, само за спиење ја користи, ја плука после тоа.
Јас со план сум да земам Грозозо и така да пробам. Иако само за спиење ја бара, ама сакам скроз да тргнам.
И мојов заспива меѓу 8 и 8:30 најкасно, во 7 едвај го будиме за во градинка ..кома е сабајле. А и во градинка прв заспивал, последен се будел што значи минимум 2ч спие. Ама многу е активен, 5 минути не мирува. Дај кажете чаре за цуцлата, ме нервира не ми личи волкаво дете со цуцла. Сам се успива навечер ама нема шанси без цуцла . Преку ден се трудам да не ја види, ако ја види готово. Инаку исто 16+ сме.
Еве исто, ние знам генерација сме, тука сме некаде некој ден, не знам што ќе беше со цуцлава, доењево прелесно беше, цуцлава…
Во градинка не користи цуцла, не знам како го успиваат. Дома ги држам на место кај што не ги гледа, ако ги види толку до плачки за да му ја дадам и не можеш да муја земиш. Ама заспива со цуцла, т.е. Пие млеко и си ја става цуцлата. Ако не му ја дадам станува вика ДАЈ па не му водам инат, ми е страв да не го рассонам. Најјако е што кога пркна фати цуцла...
Како оние што се мачкаат на нокти за да не грицкаат возрасни/деца. На истиот принцип е уствари. Да им биде гадно.
Мојава 13 месеци, исто за заспивање само цуца и ја плука за 15-20 мин. Немам идеја како не разбира ако и речам мачето ја зема или што и да е. А пробувам да ја тргнам, ама без успех. Татко ми магично ја заспива неколку пати без цуцла. Ваљда не сме упорни доволно се уште. Некако полесно ми е бапни цуцлата да не вришти. Треба да се решам на неколку вриштачки ноќи, ама немам сила. Целосно одбивање од доење прелесно прифати, ама цуцлава како магична да е.
Е ако де, периодов и значи и не е спремна да ја остави, нека ја цуца. Секако викаш дека е само за заспивање и ја плука. И кај нас е така, и исклучиво за ноќно успивање. Дење не и текнува дека постои. Навика Со доење завршивте?
Ние ќе тргаме за недела дена во градинка, не знам дали ќе има промена. Уф, не сум запознаена. И со бабите бара цуцла, чим ја стави во уста одма е кома. И дење е исто, една дремка има исто цуцлата и кома, навечер исто и ја плука одма. Да завршивме, 15 месеци се доевме, доста е.
Мојава на почеток со цуцла беше. Ја носеше мм. Па се разболе нели. Почнав јас да ја носам и од дома и давам бисквитка, плазма и вадам цуцла и тераме. Цуцлата стои во ранче, сма до сега ја нема побарано. Штом искочи ја бара, ама и тоа ќе средам за брзо.