Треба до 10 часа спење да има,така полесно ќе ти биде за будење,пробај во 9 заспиј го и сабајле во 7 разбуди го и ако си фати навика така сам ќе се буди,но секако секое дете своја приказна
Кај нас цуцла не даваат, и ја оставам во ранче за секој случај ако плаче многу или слично ама ептен ретко ја користат. Во градинка заспива без цуцла
Ве молам кажете ми како точно да познаам ноќен терор? Пред малце почна да плаче во сон, ама да вришти. Ја приметив на камерата пред да заплаче дека како да се штрекна на два пати, на грб спиеше. Кога отидов да ја смирам плачеше ама не мрдаше, како здрвена беше. Ја кренав и видов дека целата е така здрвена и вриштеше како преплашена, грбот извиен наназад. Дури и не трепкаше, само вриштеше и погледот како преплашена. Едно три четири минути траеше, пробав да ја смирам и зборев ама џабе. После и дадов малце водичка се напи и како да се подосвести, и се олабави телцето ме гушна и си заспа пак. Се преплашив да не е напад некој ум немам
Каков напад бе. На напад нема да плаче и да вришти. Отвори по нет, има убаво објаснето за се. Јас баш читав, кога ѕверов мој ми правеше така. Да не ја подречам, одамна ми нема правено така
16 ипол месеци сме,дали периодов има некок скок.Децава дневна дремка имаат по 1 саат некогаш 2 некогаш спијат и 2 ипол саати една дремка,пробувам даги заспијам пак ако спиеле 1 саат небре нема шанси,неуморни се цел ден дасе трча по соба да се рипа по кревети.Навечер едвај ми заспиваат 22h некад и ме фаќа 22 и 30.Еве два вечери едниот се буди и плаче едно пола саат без престан.4 заби горни им избиват ама ова со спиењево несе издржува веќе,да нејќат да заспијат незнам веќе што да направам.Прашав матичната дали нешто да им давам ми кажа само б6 дека се во скок и имаат вишок енергија.Ама цел ден да несе изморат и да незаспијат барем до 21h.Дајте некој совет
Не би требало да сте во скок, евентуално 9ти, зашто знам порано се родија. Иначе период е, и мојата е иста, не сака и не сака да заспие, 7.5 саати седи будна, 2 саати се успиваме…
Моите се повеќе време будни,денес едниот од 2 ипол е буден другиотод 3 и 10 е буден.Сега ако ми успее даги заспијам
Здраво, има ли некој што ги има користено суспензии те Вомитусхил С? Педијатар ми ги даде ми рече првите 24h може на 6h да му ставам, но не знам дали и ако не повраќа да му ставам. Ако може некој да сподели искуство
Како бе аман... Иначе нема да е одмет, повеќе поради да не си го повреди јазичето ако е шилест раб сега некој, или да не и смета со јадењето. Или да не има траума на непцето. @Meddy Мојата е 1 год и 4 ипол месеци. Зборува, ама сега не знам колку е тоа зборување. Си има ограничен фонд на зборово што точно ги изговара. Иначе така цело време си дрдори бебешки, ама не се тоа разбирливи реченици секако. А кога сака нешто, многу добро знае како да каже користејќи гестикулации и погодувајќи со зборови нешто, по некоја буква. Иначе мама сега се користи за: мене (мајка и), за цуцлата и за да каже дека и се јаде. Ама пример кога и се јаде вика мама и оди на хранилката и покажува. Си има зборчиња што и имаат двојно значење. Најјака е што кога има каак, кажува кака гласно и си покажува на газот. И оди маж ми го фаќа за рака, и го носи на местото каде што и менуваме пелени и покажува до прст за да ја легнеме. Ама за кака секогаш тато го вика да и мени пелена.
Заспаа едниот 8 и 50 другиот 21,ама си се разбуди едниот во 22 и 30 му дојде како 2 дремка и ми седеше буден до 12 ипол.Колку ти спие временски дремка денски.
Така не стои една секунда, и се лупна со столчето.. Сите ми рекоа исто. Нормално гриза? Мене тоа ми е страв. 2 саати спие преку ден.
Па да, не сум приметила разлика, единствено што ми го зарива забот коа заспива на цице @Fenix05 мислам дури пишуваше дека на малиот периодично му се сменило боја на запчето, но потоа се било океј.
Тоа е доволно за нивна возраст или треба повеќе дневен сон да имаат.Мене секој ден различно ми стануваат зависно од тоа кпга ми заспале во глобала 8,п и 30 најкасно 9 овие деново еве неколку пати во 9 ми стануваат што мене мие касно кога ќе ми станат во 9