Ќе видам денес како ќе биде. И ставам и капки два дена во уво, се надевам дека ќе има подобрување. Утеха ми е што не му се јавија од градинка денес за да ја земам. Денес планирав да и ги дупнам ушињата, ама нема шанси сега. Не и правам дополнително стресови.
Те исчитав , тука се нашиве за 10 дена ќе прави мојов 17м . Еј последниве два дена мислам ме поремети, скроз. Во градинка е ОК, ама дома е хорор. Маж ми не може да влезе во купатило од него , плаче зајдува, му лупа на врата. Исто и мене. Денес едвај вечера, па втора вечер по ред рика кога го слекуваме за бањање. Не можам да си го препознаам детево, од дете што дамо легнуваше да го слечеш и си ја носеше пелената во канта до вакво рикање преку ноќ. Дури се загрижив да не се поремети нешто, не знам триста филмови. Исто двајцата со маж ми да сме до него кога заспива, самостојно заспива ама не смее да мрднеме. Ја вади и последната тројка во меѓувреме. Ми олесна кога прочитав дека е развојна фаза..
Една годинка сме. 12ч малото немаше мочкано, дали ви се има случено? Вчера му сменив пелена во 19ч и сабајлево му беше сува. Исто ме интересира дали на таа возраст има скок во развој? 3 вечери немирно спие, се буди ноќе, плаче итн. Иначе немам проблем со спиење, си заспива во 21 се буди во 6,7 ама вчера едвај го заспав со плачење во 22:30 и цел ноќ лошо поминавме.
До сега со скокови сме немале мака. Ама претходниот како што ми бил напорен, еве сега и овој скок почнува да ми е напорен, како друго дете да имам дома. Постојано приплакува, ништо не му е по ќејф, многу е нервозен и сл. Се оди кај што не треба, фаќа кај што не треба и ако го тргнам или му го семам нештот замалува, дава отпор, ме мава со рацете и сл. Незнам во таква ситуција како да реагирам зашто не сакам да му оставам да е по негово зашто ќе затера така и после се со плачење ќе добива.
Син ми ќе прави сега две години и моментално веќе 3ти ден никако да го заспијам пладневна дремка, да не има пак некоја промена мал е без дремка.
Има регресија во сон на 2 години може затоа одбива. Прерано е за без дремка, ќе помине. Пробувај иста рутина исто време
Што користите за сува кожа, егзема? Користиме биодерма атодерм и купка и балсам по 2 пати на ден ама џабе, и се воспалува де на нозе де на стомак, се чеша.. не знам што да земам веќе сите упорно викаат биодерма ама слабо и делува.. да пробам некој мелем не знам
Првото дете од 6мес не мочкаше ноќе. Стануваше со сува пелена и ја полнеше во првиот саат после будење. Ако преку ден нормално мочка, нема за што да се секираш.
Белградски мелем пробај, мене лично мн ми помага. Има и коментари во спец. тема на форумов за егзема, ми имаа споредено и некој друг мелем со слични состојки, ама според мене овој е врв над врвовите. Јас имам мн редок вид на егзема и ми помага. Инаку, два пати на ден бањаш? Мислам дека само лошо правиш....
Прекини со бањање секој ден, дополнително се суши кожата. Исто, да не е претопла водата. За мојот атопичар Логона од невен се покажа најдобра, не користев јас ништо од тие Биодерма, Еуцерин и Мустела.
Не ја бањам со балсам по телото, само малце водичка ја проаѓа. Главно и го миеме газето и вратот кај што се поти, толку. Фала ти ќе пробам со логона
Здраво мајки, сега сме 17 месеци. Отворив форумов да прашам дали е нормално однесувањево на малава, но прочитав и кај другите врсници исто се случувало. Навечер премногу се плаши и плаче во спиење, не може да се смири од преплашеност. Понекогаш со думкање едвај да заспие, преку ден ништо не и е погодено, се треска од земја..не сака во близина непознати луѓе. Плаче буквално за ништо, и не можеме да ја разбереме што сака. И сакав да прашам во врска со одењето, дома прави чекори околу 3 метри, но мора да бидеме седнати пред нејзе и така да оди. Кога оди надвор мора да не држи со едното раче, не се држи многу, но премногу се плаши сама да биде. Свекорот и свекрвата велат дека е преплашена затоа што ни падна од столче и си ја удри горната усна, имаше многу крв. И дека нема да се пушти сама од внатрешен страв. Како да и помогнеме да го надминеме стравот? Малку се осетив лошо кога ми кажаа дека нема да прооди сама од страв...
Дали имате дома нешто што и пречи во просторот? Ние имавме игрална и кога ја тргнавме не застана, а претходно се по неколку чекори само.
Во скок сте, ние сме генерација колку што знам 17 месеци сме и ние, иста приказна е. Ние на 13.5 проодевме( заб скршивме од што сме немирни и буквално збеснати во последниов скок) инаку може да се и е така што се исплашила, да пробате дома повеќе да ја стимулирате да сака да се пушта, исто и немора да значи дека е исплашена, според ова кај и да е ќе се пушти сама, за многу брзо.