Дали ако констатира доктор на слушалка бронхит, почнувате антибиотик или чекате крвна слика за да видите дали ќе има потреба? Има висока темп (околу 39) од вчера и кашла, ни дадоа инхалации и ни рече докторот да почекаме резултати од крвна слика за да каже дали да дадам антибиотик. Мене ми е многу ризично да не се даде, ако веќе се констатира дека има бронхит. Има ли некој со повеќе искуство да ми даде памет..?
Ние имавме, ни даде инхалации прво со вентолин, корико и физиолошки, ама зашто беше многу мала и не можеше никако да го исфрлиме секретот, мораше да препише и антибиотик, па антибиотикот помогна. Трицеф пиевме.
Знам дека многу се има пишувано за ова и имам читано, а од тоа ми се направи каша мозокот. За брзо ќе полни 2 годинки, ја немаме Мрп, но веќе ни треба за во градинка... Се изначитав се живо и диво и сега си го замислувам детето како престанува да зборува, како станува друго дете..филмови еден тон.. дај кажете ми искуства доколку сака некоја, може и во порака...преплашена сум...
На тема одвикнување од памперс кога е соодветно да се почне. Кажа еднаш дека кака и сега бабите ми велат да купам нокширче. Јас мислам да не е раноГодина и 10 месеци сме.
Може и да се пробате летово. Ќерка ми тек пред 3 роденден почна да кажува дека е покакана или помочкана, па после тоа и да бара сама нокшир. Пред втор немаше ни поим. Другарка детето и е 16 месеци, веќе почна да го става на нокшир за пред втор роденден да се одвикнело. Тоа што детето со нозе влегува внатре или го носи нокширот на глава е друг муабет.
https://bebehome.mk/product/bebeconfort-baby-toilet-pot-turtle/ Овој го имаме, супер си седи. Го користи од годинка и 1 месец отприлика.
Мајки колку време е ОК да се одложи вакцина? На 18 месеци треба превенар и петовалентна, али се и сешто не снајде месецов..имаше алергија, па температура па бактерија во нос (сеуште ја лечиме). Времети летна, наскоро ќе полни 19 месеци и се прашувам дали колку време е ок да се доцни? Можам со носот во лечење да ја носам на вакцина?
И јас му ги доцнам. Ние сме 21 месец. Имаше сипаници на 18 месеци и заради тоа му ги одложив и еве сеуште не сме ги примиле и истото се прашувам. За дитепер знам случаи што подоцна примиле ама за превенар не знам до кога може.
Прашај си во диспанзер ама мислам не е проблем. На колешка детето ги прими пред некој ден на 2 години и 2 месеци
Мислам дека проблемот е што остануваат подолго незаштитени, а не дека не делуваат вакцините. Ќе прашам секако и во диспанзер.
Абе така е. Реално секој родител си одлучува за своето дете. Порано таа вакцина превенар ја немало колку што знам.
Добро како се справувате со тие тантруми хаос е..за 1 месец прави 2 год...првото вака нр ми правеше ова рикаа за се и сешто...нр бива ни лажење нот можи да се смири.. до кога трае ова чудо ќе ср шекнам...ти да рикаш за се и сешто незнам
Здраво, дали може да ми препорачате од искуство каде да направиме проценка на развој. Син ми има 2г. Слуша и разбира наредби, знае делови од тело кое што е, знае да имитира жиботни, имитира наши постапки, се врти на име но некако како да ми нема доволен фонд на зборови. Може јас претерано паничам ама имам во блиска околина деца што не почнале на време да се работи со нив и сега се гледаат последиците па затоа сакам да си проверам за да бидам мирна.
Дали само моето дете е вакво кога е болно? Луѓе не е прв пат болна, значи во болница лежевме па не беше ваква. Значи 24/7 кенка и плаче, без престан. Не знам како да и помогнам, нема температура два дена, кога имаше температира беше 100 пати повесела, овие два дена е неподнослива, само ако и пуштиме песнички за инхалација тога е смирена и ќути. Не знам веќе кој крај да го фатам, немам ни нерви ни здравје останато од нејзе. Никогаш не била ваква кога била болна, ова е next level.
Може не е од настинката, мојов вчера поплаадне од градинка до легнување плачеше. Никако да му угодиме, а во градинка бил супер.
Син ми има бронхит многу кашла навечер, некој совет за намалување кашлица што ви има помогнато? Мукоплант за добра ноќ имате ли користено и каков ефект има?
На повисока перница да го легнеш само, да чистиш нос редовно, и појак спреј за нос пред спиење исто. Инхалации пред спиење ако правиш, барем 1 саат пред спиење прави ги. Овие сирупи ништо не помогнале кај нас, освен Омнитус, ама тој мораш со препорака од доктор да го земеш, на своја рака не.