Мислам дека и периодот им е таков. Два дена е веќе мојата таква, а не е болна. За секунда од смеење, на плачење и ќенкање ја тера. Вчера ја однесовме на лулашки тука во маало, само плачење, влечење. Буквално на земја се вртеше, песок и нечиста беше од глава до пети. Денес веќе страв ме фати како да се понашам, на се' реагира со плачење. Па ако не и одам по газ, навредена е и се влече со плачење дома се во еден исти ќош оди. Ќе плаче плаче, па со намрштени веѓи ќе ме гледа. Ми фали кога е на градинка, едвај чекам да ја земам. Ама кога е плачлива цело време, едвај чекам да дојде време за спиење искрено.