Кај нас кога прооди убаво се среди спиењето не стануваше да вежба, ама после со 4ките и се случуваше да станува и да седи по 1 саат и више будна, да се буди со плачење или да сака да си игра. Дури и на дремката и влијаеше. Сега со двојките е истата приказна (да, извади 4ки пред 2ки ). Кај вас се е во ист период и сигурно затоа толку бурно и влијае.
Добро значи не ми е нешто детево неарно чим се дешава и кај други. Почнав да мислам дека нешто ептен и е утнат денот чим толку лошо спие иако си е дење весела и расположена. Е како ќе издржам ако трае ова дур извади и 4ки и 3ки не знам... Фала ви на одговорите
Ние како да се враќаме наназад, како да имам новороденче а не дете од 2г. Заспива околу 21:30 и спие мирно саат два кога како и после се буди по 100 пати, те со плачење те со викање, те нешто си мрмља, па станува се кара у сон итн. Ова веќе не се издржува, жива ненаспана и хронично уморна сум. Само ние ли сме вака? Дај утешете ме, регресија ли е, скок ли е што чудо е, крај има ли?
Мами, ова се појави на мешето на синко пред околу 2 недели. Не го чеша. Инаку сме 22 месеци. На што ви личи?
Здраво мајки. Ќе ве замолам да ми споделите после 1 година што почнавте да давате за јадење? До сега се ограничував да не давам многу работи до 1 година, не знам дали да почнам да давам буквално се ние што јадеме (освен мед)?
Се' можеш да даваш после 1 година. Ние до 1 година имавме веќе се' пробано, вклучувајќи и мед (ова и беше дадено без наше знаење, мед не се дава пред 1 година). Само на зачини внимавај.
Нема потреба и на зачини да се внимава, давам зачини од 6 месеци Јас само би кажала за почеток да се внимава на количината на сол, да не биде уште одма пресолено, ама веќе да се соли. Инаку се, вклучително и мед
Како што ти пишаа и другите членки скоро се како за нас давам, вклучително и мед(откако наполни годинка) и зачини (од поодамна).
Иста возраст исто однесување... Денски е весела, зборлеста, разиграна, си заспива нормално и по два сати почнува на секое да се разбудува еднаш со плачење, па со смеење, па си кажува нешто, па ќе дојди кај мене на спална и така месец дена се случува...
Ќерка ми има 13 месеци, веќе неколку дена пробува навечер да спие на стомак и нормално не може да најде поза, па се буди по не знам колку пати и нон стоп е откриена. Ако некоја има поминато низ ова, да каже колку време трае ова фаза и препорака ми треба за вреќа за спиење онаква со нозе што е да може да се мести.
Веќе почнува и сафра да ме фаќа, а и голема грижа иако досега си викав дека се е нормално, последниве денови не можам веќе да се тешам со тоа. За десет дена прави 16 месеци и не сака и не сака да прооди. Значи оди кога не држи за рака, тоест доволно е и за еден прст да се држи, дури и трча што се вика, ама никако не сака да се пушти. Стоење во место сама е мисловна именка, ако пробам јас да ја застанам одма се џитка накај мене, ако пробам да ја пуштам додека оди одма се витка за да падне, и сето ова завршува со еден 10 минутен тантрум. Веќе сум во мисли дали е време да ја носам негде. Работата е што мене ова се ми изгледа повеќе како некој страв отколку способност односно неспособност, ама верувајте ми немам што не сум пробала за да и покажам дека нема од што да се плаши... И да многу повеќе се развива во мисловниот дел, знае дваесет звуци од животни, ги учи од еднаш само што ќе и ги кажам, има зборови, мозокот и тркала како мене што не ми тркала за логика (не знам пред неекое време и дував на манџата за првпат зошто беше многу топла, и сега дува сама на секоја манџа), ама па не бива само тоа...
Јас мислам дека немаш место за паника никаква, бидејќи има време. Еве, баш вчера дававме постапалки за ќерка ми, која точно вчера направи 18 месеци. Прооде во петокот. Јас не се грижев воопшто во смислам дека доцни со проодување, задоцнет развој или било што. Ја гледам дека за било што она анализира и ако не е сигурна во нештото не го прави дури не се осигури. Така да претпоставував дека се дури не се осигури дека е стабилна. немаше да се пушти. А од страна мислам дека илјада пати бев прашана од рандом луѓе - Оди? Прооде? Епа како не оди? Зошто во дубак не ја ставите, ќе прооди побрзо? И тн Др. Талески ми рече дека до 2 години, па и некој месец подоцна - уште се смета за нормален временски опцег за проодување. Детето само ќе осети кога е сигурна во себе и ќе се пушти.
Воопшто немаш причина за грижа, не е спремна. Едноставно повеќе се фокусира на другиот развоен дел. Јас дури сум искрено посреќна што прооде “покасно” зашто мисловниот дел е месеци понапред и од постари од нејзе. Значи знае да каже како се вика од 15 месеци, уста не затвара ама буквално, си муабети со сите, дури и во продавница со продавачки и рандом луѓе што ја закачкаат. Повеќе би ме загрижил тој дел да го касни, отколку проодувањето. Се гледа дека ќе прооди за брзо, ќе го совлада стравот за брзо. Лесни чекорчиња, генерацијо.
Знам дека клише звучи муабетот, ама пробај остави ја. Не ја застанувај ти, сама нека стане и нека се осети сигурна. Така ќе сфати дека може. Не ја застанувај за да оди, не и давај рака. Не се секирај иначе, до година ипол барем опушти се, ќе си прооди. Само ако и е страв како што мислиш, остави ја сама да се осети сигурна до кај и што може. Јас така би направила, така бев со големиот, не знам дали било до детето што ептен беше стабилен, ама и на ова бебулево не планирам да му помагам ич. Ако стане нека оди сам. Иначе мене бебево 7м ми го запаткаа надвор, ми се стемни . Тој шпагета сварена е уште, ќе одел .