Не му се секирај. Мене докторкава ми рече контрола на 18м не нагласи дека е битно колку месеци се поминати од проодување
Мене Видоевски на 8 месеци ми рече се гледаме 2 месеци откако убаво ќе прооди детето, и јас затоа брзав мада не е прблем сигурно. Добро е што на време дознав како да не спие со преклопени нозе, еве никако да смени така прави нон стоп
Неможам слика да најдам на нет, значи спие на стомак со подигнато газе, нозете свиткани во колена а стапалцата кон навнатре или едно преку друго свиткани. Ова со стапалата не треба така, паралелни треба да бидат и треба да му ги поместувам ама он пак си ги враќа. Фетус положба на стомак
Истава положба ја спие и мојот, само стапалцата нанадвор, фактички не гази на стапало туку обратно... Имам и јас приметено ако се заинати да спие како него му одговара џабе поместување...
Така така, на опачината на стапалото ама свртени стапалата едно кон друго што е погрешно, колковите така се искривувале
сигурно и нам истово во понеделник ќе ни го каже. ете зашто требало на време да го носам фала што ми спомна.
Ama site deca taka spijat. Kako moze ono da se ko trolira vo spienjeto? Eve i nie dur sme budni ke se namestis posle vo son se vrtis nesvesno
Мојов сега пред две недели прооде. Најдобро е од сега да си закажам кајна Видоевски, таман термин за 2 месеци.
Мене ми рече ортопедот да прооди убаво, па после да се носи на преглед детето. Ама неколку месеци да поминат, 5-6, не одма. Моево од 13 месеци е проодено, има 16, ќе го носам во март здравје. Инаку кога бев на ортопед со големиов во декември, прашав за тоа, ми потврди дека треба да поминат 5-6 месеци од проодувањето. Да внимавам да не седи како жаба (или w позиција), а доста често така седи, па се трудам да го поправам секогаш кога можам, гледам дека седи на тој начин поретко од порано. За спиење, моево не спие на стомак како погоре опишаното, туку си спие на страна, а кога легнува на стомак, нозете му се прави, исто како возрасен спие. Д3 провитамин се дава се додека трае растот и развојот на организмот. Првата година се дава без прекин, најчесто до 18 месеци е без прекин, после само во зима, во облик каков што најмногу го прифаќаат децата. @blessed.an температурата не е од забите, вирус има детето. Затоа е исфрлано.
мајки, како ги бањате вашите малечки во базенти по хотели, со пелени,со гаќички, голи??? и по колку време?
@Annath тт нема од синока од 20часот качено се надевам нема ни да има..Кс направивме сега да видиме резлутати па ке видиме што ке речат а исто е исфрлан и на газето и на дланките на друго место нема никаде..Синока цела вечер се утепа плачејки дали боли кога има афти..Јас мислев грло е бидејки кога ке подголтне некој ке каже го колат детево вришти на сиот глас..Цела вечер така веке во 8 заспа мирно и отспа 3часа..Што и да е само нека поминува
Со пелени. Има специјални за во базени, додуша искрено не вршат работа, само се полнат со вода. Не ми е јасно како функционираат. Иначе мислам можеш и гаќички за капење да му облечеш, ама да не се измочка. Колку време, тоа зависи од детето. Нема сигурно два саати да го чуваш во вода, ама 15-20 минути може.
Мајки од вчера на синко му излего на нозете по некоја и на прстите на рацете има по некоја брункичка како изгорено е на изглед..Денес гледам и на едното уво има..Дали е можно да е сипаница..Еве и слика
Можно е. Така изгледа варичелата, како пликчиња со вода... му искочија уште? Ако е сипаница до утре ке избијат нови многу повеќе...
@blessed.an или сипаница или коксаки. Мојот од коксаки имаше такви на стапалца, раце и во грло, а денот пред да излезат имаше температура.
@blessed.an пиши како сте.. зашто прочитав во др тема дека и девојчето ти се жали на устата и грлото, па да не има ова Кристина што вика...
@mariz добри сме синко нема нови и тие му се како исушени веке..Денес керка ми ја отвори устата и гледам што имаше како бела брункичка пукната беше и само кожичката и стоеше уште кога стана рече мамо мене не боли повеке..Сепак ви благодарам на одвоеното време