Така кога ќе и текне ноќе обично ја зима татко и во раце и јас мочам со отворена врата(а она ме гледа)… ако сум сама ја зимам и во скут ми седи дур мочам Не е секој пат вака фала богу ама навечер знае исто да драматизира ко што опишуваш
За 3недели прави годинка… забележувам дека деновиве е екстра кенкава и размрсулавена е плус а и забиве ситр побелени и подуенки аман веќе нека пробијат со 3 заба е само а пренервозна е. Сабајлево меките коцки во игрална љуто ги ставаше во кофичката и ги вадеше буквално како нервозен човек … дојдов до неа седнав и позборував ја погалив и покажав како нежно ги редиме коцките и она уште толку се налути педијатарот од систина кога ја прегледуваше ми рече дека вакви испади треба да игнорирам зошто си зимаат на важност и трескање од земја со ова дете ќе има многу на годинка си размислувам вака … а што ме чека натака
3+ години е моево. Вчера си плачеше доста долго време оти шампонот со делфин бил потрошен. Меѓудругото 5 различни шампони има дома, ама ете баш тој со делфин е битниот. Ок, после шампонот си надоврза и 10 други работи да си има за што да се лути и вреска ама живот. Почнав скроз да игнорирам такви работи баш ради секоја нервоза/плачка, некој читај баба и дедо во главно трчаа да и угодат дали со цртани, дали чоколатце, дали не знам што и дојдовме во ситуација детево да не знае да се смири само. Може лошо опишав ама плачењето почна го користи за се што треба и не треба. Не дека не ја смируваме ама веќе правам разлика од плачки за глупости како шампонот или оти коцките било зелено, а не жолто. И плачки кога е настината, паднала, се удрила, ја боли нешто. Овие вторите не ги игнорираме. Едит: на година, море и до 2, за сите плачки забите ми беа криви.
Јас не можам забите, одамна сите ги извади 1 до 4ки освен петки ако не не изненадат. Ама не е од забите кај него, ова некоја нервоза за баналности буквално. Уф којзнае што не чека до 3-4 години
Мојава изгледа ќе вади 5ка… се лигави ко новороденче, брца константно позади во устата, и еве и прозирни мрсули. Кенка навечер во спиење. Не знам дали е рано за 5ки, ама до 4ка ги има сите веќе со месеци.
И моево до 4ки ги има сите и многу брзо ги извади. Нели и тројките се мачни, не осетивме нештоцпосебно. Ама за петки нели се понатаму, после 20м, но нема правила. И мене ми изгледа една петка цела како плоча подбелена, ќе видиме. Ептен се смешни , ама уште толку мачни периодов.
Ве читам и се тешам дека не сум сама хаха. И ќерка ми е 18 месеци, и деновиве изгледа вади 3ки, ептен набрекнати и се, и тантрумите се на најјако. Вечерва не сакаше да се бања, ме стиска обвиена околу мене како да сакам во оган да ја фрлам. Ова е прв пат од кога е родена да не сака да се капе. Едвај со маж ми ја убедивме. Па после не сакаше да престане со бањање, кога ја извадовме кога си рикна. И во последно време е како лепенка за мене кога ќе се врати од градинка. Во раце само кај мене сака, како бебе да е мало. Претходната недела ми се вкочанети плешката од неа, среќа другарка златна имам физиотерапевт. Ме масираше неколку дена, и ми помина. Денес пак ми се фати, и можам 10 цм макс да го вртам вратот. Тешка е ептен веќе за во раце цело време, ја држам со една рака и со другата работам. Утре тргнуваме со кола на шетање 9 дена... Како ќе биде со неа, страв ме фаќа. Утре треба 1000 км да поминеме.
Има некоја сепарациона изгледа периодов, и мојата не ми дава да дишам. Она и онака не ми даваше, ама сега, буквално не може да одам во вц, седи пред врата и плаче.
Мајки дали бекутан sun cream или suncream losion препорачувате? И дали би имал потреба од тоа after sun milk? првпат со дете(21м) на одмор и искрено незнам што-како, а неможам да дозволам мн скапо до илјада денари да е и да ми трае за 10дена. Што да земам за дете(21м.) некои капки за уво евентуално да не го фати уво? На што да внимавам? Искуства ве молам.
Многу подобра опција е факторот на Алврде спф50 за деца и со поволна цена е, го има во ДМ или овај на Фрезидерм. Освен заштитен фактор за толку мало дете не е потребно ништо друго.
Освен заштитниот фактор, јас на одмор носев и сируп за алергија аериус, капки за уво, сируп за температура, физиолошки раствор за носе и препорака капки за очињата (кај мене и се појави иритација од прашина (па таму трчав барав капки), и спрејче за заштита од инсекти, е сега зависи каде одите, ако е низ Македонија не мора затоа што лесно се најдува аптека, а ако е надвор од Македонија препорака да си носите. Убав помин.
На ова би додала само електролити, пробиотик, Фленти гел за убоди од инсекти и изгореници и Наусолвит капки против гадење.
Не знам колку може да се види на сликата, и се појавија ситни брунчиња како акни на грбот и мешето, на кожно ми рекоја само со течна пудра, но бидејќи немав упат не ми даде конкретно што е... Дали е потпарено од топло или нешто друго. Весела е, јаде, пие, нема температура.
Како сте одвикнале од цуцла? Преку ден не цуца, само за спиење. Еве вечерва пробав да јс успијам без цуцла ама си ја бараше, плачеше.. Која возраст е најдобра за одвикнување?
Да не била болна пред извесен период? Син ми исто имаше вакви, вирус проследен со осип како крајна фаза. Со ништо не мачкав, за 2/3 дена се повлекоа.
Не беше во скоро, ама откако и се појави осипот започнаа и другите симптоми, кашлица, секрет, а има и црвено грло бевме кај докторката и таа кажа дека може да е вирус проследен со осип
Малава од 12м навака (за некој ден 14м ќе е) си беше со една дремка но последнава недела се одбивавме од доење па дека тешко презаспиваше ноќе, почна да и фали сон и ја врати втората дремка. Некој со слична ситуација? Како да си се вратиме на стариот распоред?