1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. LEA24

    LEA24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2019
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    И јас сум на слична мака со спиењето откако го одбив, 18 месеци е заспива навечер 20.30 до 21 најдоцна, но се буди многу рано, денес пример во 5.40 и никако не сакаше да презапие и во 8 45 после доручек пак заспа. Ако има некој начин како да вратиме ред нека сподели некој
     
    На dummy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    2.177
    Пол:
    Женски
    Ако се будел многу ноќе дур цицал како ќерка ми, ваљда сега ќе им е поквалитетен сонот без будењата и побрзо ќе се наспиваат. Не знам дали ќе се стабилизира со тек на време, само 7 дена се поминати откако ја одбив.

    Еве ноќва супер отспа со едно минимално будење и со галење ми презаспа но во 5ипол будна беше и полурасонета. И дадов малце млекце да пие и моментално уште ми е во раце, ја гушкам и клацкам, чекам демек поубаво да заспие ама дреме само
     
  3. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    2.177
    Пол:
    Женски
    Еве се доспа од 6ипол до 8 така да и се спиело сепак. Накај 20-20:30 се успиваме и ние навечер
     
  4. Зеленоокатаа

    Зеленоокатаа Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2019
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    Здраво. Малава е 18 месеци. Периодов лошо спие навечер, а исто така почна да не ја спие и дневната дремка. Се случуваше неколку пати во месецот. Вчера не ја спиеше и еве денес пак не сака. Кај 17 часот, почнува да е преморена и плаче за сѐ. Доцна е да и биде во 17ч дремката. Вечерното спиење ќе и дојде во 12-1. Се случува ли ова на 18 месеци? Инаку легнува од кај 8ипол вечер или 9-9ипол станува кај 8 наутро.
     
  5. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    1.504
    Дојдов само да пишам дека имаме заб :rofl: Дочекав и јас на 11 дена пред да наполни 18 месеци :rofl: Гребка горниот лев кец :D
     
    На Peperutce6, angel4444, beachedd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. HeLenna

    HeLenna Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2017
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    1.488
    Пол:
    Женски
    Мами, како ги облекувате за спиење?
     
  7. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.374
    Допаѓања:
    15.728
    Пол:
    Женски
    По кратки, пекол е. Во Скопје барем е пекол.
     
  8. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    714
    Пол:
    Женски
    Боди по кратки и тенки пижамчиња доле и боса. Некогаш и е претопло вака, некогаш како да и се ладни рачињата. И мене ми е ова дилема периодов
     
  9. HeLenna

    HeLenna Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2017
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    1.488
    Пол:
    Женски
    Јас прва ноќ го оставив горе на кратки и јас бев на кратки. Мене ми беше ладно, а и него рачињата.
     
  10. angel4444

    angel4444 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    1.306
    Допаѓања:
    1.730
    Пол:
    Женски
    Доле долги најтенки пижами, горе боди по куси. Не е покриен, само гушка тетра за спиење, без чорапи супер му е..воопшто не се буди :)
     
  11. Karande

    Karande Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2024
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки,
    Вие што сте од Битола, дали имате контакт телефон од службата за имунизација, здравствен дом?
     
  12. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.261
    Пол:
    Женски
    Добро жени детево ќе земам голо ќе го легнам по пелена само да спие. Во претенко ромперче е на кратки и горе и доле, утоп е во главата, вратот, грбот. Стварно веќе не знам како да ја облечам, откриена спие. Првите два три саати и е жешко, после веќе заладува а многу прета, не можам ни да ја покријам.
     
  13. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.176
    Допаѓања:
    1.868
    Пол:
    Женски
    Пред 5 дена се преселивме во друг стан. Откако се преселивме малата ноќе во спиење плаче, тоа се случува 3-4 пати во текот на ноќта. Не се буди туку во сон плаче. Ќе ја земам врз мене и се смирува кратко па после пак продолжува. Дали има некаква врска селењето или е некоја регресија или што е не знам…? Имал ли некој ваква ситуација да сте смениле околина и детето вака да реагира? Инаку сме 13 месеци. Друго се си е океј преку ден е весела, си игра, си јаде.
     
  14. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.374
    Допаѓања:
    15.728
    Пол:
    Женски
    Ние сме 19 месеци и пред некој ден спиевме прв пат кај мајка ми. Навечер се разбуди и се откорна од плачење, прв пат се деси вакво нешто. Мислам дека се исплаши од ново и непознато, одвај ја смирив. Не беше ноќен терор, зашто веќе имала и знам како изгледа.
     
    На Peperutce6 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.176
    Допаѓања:
    1.868
    Пол:
    Женски
    Е и за тоа читав за ноќен терор ама не ми изгледа дека е тоа. Не знам дали преживуваат во сон тоа дента што го виделе, па дека им е ново, непознато и се плашат, може да е тоа ко што викаш. Или да не и е од забите гледам долни двојки и избиваат ама со другите заби не беше вака…
     
  16. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    2.177
    Пол:
    Женски
    Кај ќерка ми така со вриштење кога се будела обично заби и избивале до сега. Особено на 13м двојките кога и пробиваа и некои од четворките
     
  17. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.176
    Допаѓања:
    1.868
    Пол:
    Женски
    Мојава не се буди туку во сон плаче баш како да сонува нешто. Преку ден си е весела затоа не помислив на забите ама прееска ми се надѕирна нешто белко кај двојките затоа со тоа си ја поврзав ситуацијата. Знае и да се исплаши некогаш преку ден од новите звуци овде на пример ѕвончето и домофонот или тоа што бушат во кујна, ама ноќе е релативно тивко не знам од што би се плашела…
     
  18. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    2.177
    Пол:
    Женски
    Може целата промена на новото место да и прави стрес, душичка :l:
     
    На arwen93 и Peperutce6 им се допаѓа ова.
  19. Meddy

    Meddy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2021
    Пораки:
    918
    Допаѓања:
    577
    Ние сме 20м за на одмор и за вака секојден да ја мачкам купив Carroten kids sensitive без да читам позади дека пишува 3+. Не беше ни евтина 969ден во еурофарм( фискална не чувам). Е сега дали да ја мачкам или не? Ако не што да купам нешто ама поевтина варијанта?


    Друго прашање што е разлика помеѓу sun cream и sun milk? што да се мачка вистина појма немам еве ќе бидеме првпат 10дена грција, а и за секојден
     
  20. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.299
    Допаѓања:
    5.592
    Искуство со crocs сандали? Или да не паѓам само на изгледот :D, многу ми се слатки дека мали ама не знам дали би биле удобни за дете што се учи да оди. Пред скоро 2 месеци е прооден, веќе трча ама сепак не е до толку стабилен.