Јас давам само Д3, омега прекинав. И пробиотик така кога ќе ми текне од сабајле им давам зашто почнаа стомачните вируси во градинка. Можеш да даваш, нема штета.
Малово е 16 месеци. Заби има дамо горе кецови и долу кецови, други нема. Касни со вадењето на забите. Прашано ортопед и педијатар,одговорот е нема гајле. Дали некоја има искуство со ова? Каде да се обратам?
Што има врска, кое дете не извадило заби. Еве ќе ти кажам пример големово дете сега менува заби, има деца на 5 што почнуваат, има деца на 7 немаат сменето заб, уште поголеми варијации. Секое дете различно.
Стоматолог прашав т.е на фб му пишав мора преглед мора снимка и сите ме плашат. Од братучедами се 6 месеци разлика а има 9 заби извадено,моево загревота 4ри само дури и се чудам како јади тврди работи
Нејзината на 18 месеци извади прв заб. Така да нека не те вадат од памет. Има заби, ќе му никнат и другите полека. Никој не останал без заби.
Каква снимка на бебе бре. Па и има заби 4 не се малце, јас знам после година им никнуваат. И докториве за пари све ќе направат. Моево големово 6 имало на таа возраст имам слика баш. 2 доле и 4 горе.
Не се секирај, ќе пораснат забите. И не се чуди како јаде тврди работи, бебињата учат уште од старт да џвакаат ако им се дава храна со текстура, не им требаат заби за тоа, дури кога ќе никнат си ја преземаат улогата во џвакањето. Џвакање се учи уште кога нема заби, со оглед на тоа што тие заби кои се важни за џвакањето никнат дури после првиот роденден, па и после година и пол, а дотогаш секако нема да биде само на млеко, мора да јаде и цврста храна.
@Lady Maria Еве ние сме пример за надвор од она кое е нормално за вадење на заби Една недела пред да направи 18 месеци и излезе првото запче (горе кецот) по 3 недели излезе и второто (горе другиот кец). Уште малку ќе прави 19 месеци само два заба имаме И да допишам и јас некаде од 16 месеци почнав да мислам и читам и прашував и педијатар ама сите ми рекоа нормално е, нема дете без заби така да не се секирај. Јас внатре во непцата и ги гледам сите ама едноставно тешко или споро и излегуваат
И моето на таа возраст имаше толку заби, па после тргнаа сите од еднаш. До 3 години ги имаше сите заби. Викаат таквите деца имале поздрави заби
Мајки, ќерка ми е 19 месеци. И ме интересира на таа возраст што им давате за јадење? Добивам препремнооогу погледи на криво и неубави коментари кога кажувам дека детето мое нема пробано помфрит, сладолет, било какво благо/чоколадо, салами, тост, пица, бурек, чоколино, чоколадно млеко, густи сок, пилешки прсти, стоби флипс, и ред други такви работи. Веќе се преиспитувам сама себе да не претерувам со храната. Јас најискрено мислев дека на оваа возраст сите родители се како мене за храна. Дека исто даваме намирници за јадење.
Јас му давам се,искрено имам проблем ако не му дадам да проба. Почнува да плачи за да проба и му давам. Покажува знаци на барање кога ти јадиш пример помфрит,сладолед?
Ако е за поздрави заби на татко му ќе биди хаха . Ќе го откажам прегледот ќе почекам. Не знаам стварно како ќе го снимаат мало дете...
На таа возраст јаде исто што и ние. Домашно зготвено се јаде, тост со кашкавал и путер му правам, не знам зошто не даваш. Бурек некогаш за доручек кога јадеме си јаде и он со јогурт, брза храна ако јадеме на брзање некаде му давам од помфритот, сендвичи не сака. Е сега салами, чоколади, мајонези, кечапи, паштети, сок тоа и јас не давам ама ако изрази желба ќе дадам да проба ама генерално не го јадеме дома тоа што не сакам они да го јадат. Пилешки прсти зошто не? Моево па обожава, дома му правам, а и од кафана би му дала да проба. Моите одат во градинка, ние на работа, па доручек заеднички имаме само за викенд и тоа скоро секогаш е јајца, дали варени, омлет, некогаш пржени кришки. Ручек е манџа со месо, динстано месо, стек или риба, мусака, гледам секој ден да е месо. За вечера се снаоѓаме зашто сме утепани, најчесто тестенини, палента, корнфлекс или овесни со јогурт, палачинки, тост. Не знам, гурмани ми се децата може затоа, ова малото буквално ништо ми нема одбиено од зелка манџа, до боранија, јагнешко…јас ништо од тоа не јадам ама им правам или нарачувам.
Не, не прави проблем кога јас јадам нешто и не и давам. Некогаш кафе кога пијам само сака и таа. И на нас заеднички доручек ни е само преку викенд, и обавезно еден ден за детето е две јајца кајгана со котиџ, авокадо и домати. Мојава обожава јајца, мислам дека три пати на ден да и давам, три пати ќе јаде. А зготвен ручек си јаде, и јас гледам да е со месо или риба. Манџи, печен зеленчук со месо... Па не знам, грижа на совест имам и да помислам да и дадам помфрит или пилешки прсти. Си викам може пире, печен компир, стек... Кашкавал има неколку пати по малку пробано, гледам дека и се допаѓа. Ама секогаш гледам да е котиџ, грчки јогурт или моцарела пред кашкавал. Ќе си признаам дека секој ден уште шишиња стерилизирам. И ова не знам дали сите го прават... Ама немам срце нестерилизирано шише да и дадам. Нема да спијам навечер.
Мојата е 2г и 2м. Јаде тоа што јадеме ние. Дома кај нас не се јаде пици буреци чипсови сокови па така детево не знае што е тоа и не бара. Е затоа пак кога одиме на роденден поголемиот дел од времето го поминува на маса јадејќи соленки или квики переци. Баш како да не видела Торта пред еден месец прв пат проба па сеа едвај чека да се оди на роденден. И понудив вчера пица на роденденот не сака ни да проба. Сладолед исто не сака да проба. Додека можам да контролирам не мора да јаде. Јас не можам да и забранам скроз за цел живот ама можам да и дадам пример како е правилно. Битно да е јадена и пиена тоа што сте спремиле за неа па после за глупости во мешето баш и ќе нема место. Секој ден ние седнуваме и јадеме овошје па за неа тоа е најнормално. Место да грицкаме нешто јадеме апетисани или грицкаме овошје. Ручек без салата не почнува. Така да уживај мајка игнорирај погледи и коментари и јас ги добивам истите -дека сум забегана
Ако, се ова е убаво и супер да си јаде поздраво. Нека не те дираат коментарите и кај мене имаше коментари ама јас сум среќна што децава бираат да грицкаат краставици пред чипс, имаат изградено здрав однос со храната. И грицки имам стално дома и често на маса за моменти кога збеснуваат ама ретко кој зема да јаде. Само гледај млечните производи да се помасни.