Тука некаде сме ние со возраст. Од се ова што наброја моево само помфрит, бурек и пица знае да касне што да бидам искрена е ретко зошто и не јадеме често таква храна. Стоби Флипс давам кога има дома во принцип за неа купувам од оние детскине смоки. Чоколадо и такви работи имам дадено да проба но ништо од тоа не сака, плука па не и ни нудам. Јаде тоа што јадеме ние, манџи, палачинки, мафини, јајца, зеленчук, овошје.. Салами и кашкавал немам дадено, дури и од пицата и ги тргам.. Од млечни производи јаде грчки, котиџ, крем сир, јогурт и некогаш ретко зденка. Сок купечки не давам и варам јаболки и некое друго овошје и водата и ја давам.
Ве молам за совет понеделник секако ќе испитаме крва слика да не има некаков недостаток, малото има 14 месеци се што ќе најде става во уста, јас сум загрижена што јаде влакна наоѓа на подот и ги јаде, нон стоп смукам косата ми е врзана и мене и на поголемата ќерка ама успеват пак да најде, во какањето нон стоп влакна наоѓам дури и некогаш и тегнам од газето влакна и ептен плаче, ќе побудалам не знам веќе што да правам
Дали би го купиле ова, рокот му е до август ? Ни дадоа тестер ептен и одговара, и ја смири кожата па ја мачкаме после бањање. Верувам дека до крај на август би го потрошиле штознам, не е мал попустот..
Јас давам се што ќе посака да проба, а ретко посакува. За викенд ако одиме негде и нарачуваме лепче потпечено, најчесто тоа го јаде или готова каша и давам. Помфрит јаде само така ако сме надвор негде, ретко. Од пица само корката ја сака. Чоколада сокови грицки не јаде, освен оние од пченка смоки што се ама ретко ептен, стоби флипс ако понуди некоја мајка на љуљашки јаде, јас не и купувам. Не и бранам ништо, детенце е нека проба ако и даде некој. Јас имам мака многу е пребирлива за јадење. Еве сабајле со цел мерак гибаница напраив пресреќна мислев ќе јаде, не сакаше ни да ја проба. Ни залак луѓе, ми го фрлаше. И на крај сув леб јадеше со грчки. Не знам што да правам веќе само готвам само фрлам, ми иде само со леб и каши да ја рана веќе ми е преку глава од спремање. Во градинка викаат јаде и репете стварно не знам веќе. Макарони и направив пред некој ден и демек ај здрав сос (авокадо, кашкавалче, абц), ми ги фрли. И дадов макарони со сирење, јадеше. Нерви искинав со јадењето
Може си сака по ʼнездрави верзииʼ Давај и со сирење тогаш да не се нервираш веќе и да фрлаш. Манџите прави ги како во градинка, погусти и со лепче попара.
Имам купувано вака, во аптека ми кажуваат дека медицинска козметика е сосема во ред да се користи и 2-3м после рокот јас не сум забележувала никакви промени а сум користела креми, мицеларни води, гелови..
Леле јас вака не го хранам.... си помислив дека погрешив некаде... Јас дома што готвам за нас тоа јаде. Денес мусака имаше на менито и тоа јадеше. Смоки стоби флипс му давам од оние бебешкине не сакаше уште од мал. Авокадо нема пробано воопшто. Монте си јади. Краставица многу јади ја обожава. Грав ако имам и тоа му давам
Моите се 19 месеци и јас имам премногу мака со храната,многу пребираат секое хранење е на сила.И јас само прави и фрлај,сега понекогаш ми јадат готови касичка,дури кога беа помали неги јадеа сега ги сакаат.Незнам веќе што да превземам,и затоа давам било што некогаш за да врти желудникот.
@LadyR Јас не би се секирала да ми јаде така убаво . Инаку, мене ми е најбитно да го јаде тоа што е домашно зготвено, а дали ќе касне уште 2-3 пржени компири не се секирам веќе. Повеќето работи што ги наведи и јас не ги давам, ама кашкавал зошто избегаваш?
Па јаде младо сирење, грчки јогурт, домашна урда, кисело млеко. Не гледам некако потреба за кашкавал да и дадам кога јаде други млечни производи кои јас ги ставам пред кашкавал. Да е домашен кашкавал нема проблем. Ама купечкиве се...
Јас давам пиковит сируп не знаам колку год е вашето дете. Искрена да бидам не гледам некоја разлика. Сфатив дека се е до детето. Воопшто нема апетит?
Додека сме кај хранава.. што давате на одмор? Бебе е 13 месеци и не знам за јадење што ќе правиме. Во хотел планираме, ај да земам решо ама пак месо сигурно нема да носам и да му правам
Готови каши ако јаде. Појадок/вечера сум давала лебче со намаз, тарана, палента со јогурт. Од кутија мултиграин со овошје измешано. Било свежо, било од шмукалчиња.
Ќе издржи неколку дена и без месо ама зашто да не би давала од месото од хотел? Едино ако јаде само блендирано па тоа да е маката. Ќерка ми исто како нас јаде на одмори и во хотел и во ресторани
Јаде и готови да. Така си мислев, ама зошто дома уште не му давам тоа ние што јадеме и му правам посебно, па сега не знаев како да се организирам
Веќе над година можеш да даваш како за вас, обично така се препораките. Многу ќе ти е полесно и за организација било каде. Инаку имаш од дм каши што се 12+ што се со парченца внатре, еден период ги прифаќаше ќерка ми за некаде кога одевме ми беа спас. Исто и на babybio има некои поспецифични комбинации ама не сум ги зимала некако одјаде ќерка ми такви
Дали некад коа трчаат децава ви гледаат на страна? Од скоро почна, само ме вади од памет. Трча и очињата на страна, коа ќе му викнам прекинува..све и свашта читам по интернетов
Да, едниот правеше така кога трчаше покрај ѕид, или ограда или нешто со линии. Некаде накај 16, 17м кога беше. Ама тогаш веќе бев искочена од тие филмови зашто се што требаше да прави за возраста правеше и не се секирав.