Дома му давам од тоа што јадеме ние, ама кога сме на одмор уште ми е шубе месо да му давам од надвор ( може не е исправно ама ете..). Ако јаде теглички супер, решен проблем земи си од тука , ако не нема ништо да му биде 1 недела без месо. Може да му даваш јајце, сиренце, грчки јогурт..и ќе помине.
Кујничка со тенџериња, диндолино, кукла бебе, сортер за фигури, книгички, масичка со активности и секакви рандом работи од дома што може да ги вади/става во некакво кутивче или ќесе
Дали може молерсот да се меша со нешто и така да се дава? Не сака да го пие за жива глава, се дере плаче уста не отвара. Тути фрути и го земав ама јок..
И јас се бркав со мојава низ дома нејќеше да го пие ама почнав сабајле на гладно да и го давам и тогаш ми отвара уста ако заборавам и пробам во текот на денот нема шанси да отвори уста. Кога го даваш, на гладно или не? Не знам со што би го измешала а да не го осети, прејак мирис има секако
Сабајле маж ми и го дава пред градинка, ама џабе не го сака. За флорадиксот отвара уста сама си го шмука, молерсов не и се свиѓа дека е како мрсно офф
Еве што пишува на официјалната страна: Во принцип, децата ги сакаат трите различни вкуса на Молерс маслото од црн дроб на бакалар бидејќи нема мирис и вкус на риба. Ако сепак не е можно да се навикнете, можете да ја измешате дневната доза Möller’s во кашичка или супа, но тогаш мора да бидете сигурни да се изеде целиот оброк. Исто така Möller’s маслото можете да го измешате во вода, сок и топло(не врело) млеко или чај.
Здраво.Подолго немам пишано,славевме 1 роденден деновиве,и после роденденот дете ми се смени буквално 100 посто Од мирно бебе стана како ѕверче,трчи брчи е бидејќи проодува,не застанува,се лути ,се треска со главата наназад ако не е нешто по негово или да му земеш од рака што сака да држи.Исто пресоблекување и менување пелена ти е како војна да водиме,плачење вриштење..спиење навечер лошо,будење на по пола час,заби нови колку што можев да видам нема..дали е период и некој скок или ќе тераме така..
Ќе си терате така, иста е. Скок е иначе но мислам не искачаат од скокови после годинка. 20 и пол сме, лудница е.
Како да воведам мед на 14месеци? Дали ако ставам во мафини како засладувач и ги печам ќе се смета за воведено и дали е безбедно така? Не се сеќавам како воведов на големиот и кога.
Да и јас се потресов и сфатив дека кога така гледа чека да станам и да го бркам. Барем кај моево е така оти сега е збеснато до максимум.... мислам дека допрва ќе ми требаат нерви
15 месеци сме и последно време почна многу да вриска. Не знам како да реагирам, пробувам да ја игнорирам со цел да не давам на значење ниту па да види некаква реакција од мене за да не и стане уште поинтересно ама џабе. Цела зграда во вис ја дига мене ми е срам од комшиите. Што е ова? Фаза ли е ќе помине ли? На секои 5-10 минути вришти од чиста мира а ако нешто не е по нејзино тогаш дупло повеќе…