Мајки имате пробано од овие сандалки? Некои искуство, закопчувањето ми е важно да е лесно и да се меки
Мајки, тие што имате 20 месечни деца, дали периодов има некој развој/скок? Не заспива за денски дремки, навечер заспива доцна и со многу плачење. Сака да се фрла со главата нанапред кога ќе ја легнеме. Однесувањето и е нервозно, ништо не можеме да и погодиме.. Како да се справам со ситуацијава, веќе две ипол недели е вака.
Има ли малку пауза од ова лудило? Се мислам дали ќе можеме вака на одмор да одиме. Во кола вриска, не сака да се вози.
Па мојата беше како неандерталец на одмор… не знаеше кај тера, не сакаше ништо да јаде, па дури и храна што ја јаде. Буквално не седна ни 2 минути, само кога спиеше беше мирна, мислам беше превозбудена дека е на одмор. Кога се вративме се врати во нормала, ама лудилото си остана.
Не сакаш да знаеш верувај...јас ќеркава не си ја препознавам...тотално се смени детево..ја трудна..ептен забавно
Имам две прашања Бебе е 13 месеци и иако се трудам да не мислам и анализирам, сепак не можам. Чао правеше, сега не прави секогаш (некогаш ќе направи, ама поретко). Не кажува зборчиња освен ма ма, ба ба но без значење и нешто по негово. Ретко покажува со прсте, повеќе како со цело раче и ако сака нешто вика само "ааа". На секој човек што ќе му прозбори му се смее, му викам дај ми ја цуцлата ми ја дава, прати луѓе/коли, ништо не му бега. Иначе е родено во 37ма недела СГА, но не го сметаат за предвремено. Покасно почна да лази (сега лази брзо, се исправи, прави чекори но само ако се држи за нешто. И коонечно седна на газе на скоро 12 месеци Дали треба да сум загрижена има ло некоја мајка со слично искуство? Другото прашање, еве веќе два дена од дланките према лактите е исфрлан како да го има полазено нешто и исто под образот и на вратот има мали брунчиња.. ставив синопен малку, дали може да е од топло и потење (се поти многу)?
Зошто да си загрижена мајка па што повеќе да кажува на таа возраст? Секое дете индивидуално се развива како говорно така и моторички. Зборувај повеќе со него, имитирајте животни, повторувај му еден збор повеќе пати. Можеби веќе кажан совет ама не го споредувај со други деца и не си прави overthinking. Инаку тоа со брумчињата секако можно е да е од топлото и мојата се исфрла сеуште им е многу осетлива кожата.
Изгледа имам поголеми очекувања, да кажува кај му е носето, ушињата.. Се надевам се ќе си дојде во свое време.. и за седење така се мислев, па си седи сега најнормално
Се ќе си дојде во свое време, мојата има 15м, кажува чао и се гледа дека се не разбира што збориме, кажува делови од тело ама па освен ав ав не знае други звуци од животни и не не имитира. Пред да има година кажуваше баба, тата, тете, ама после прекина, сега само папа и од пред некој ден мама. На 7м почна да седнува и да лази, ама еве уште не оди сама. Ќе си совладаат се, си тераат по нивно темпо, и нормално е толку да знаат сега.
Здраво мајки, дали некоја мајка се соочила со проблем детето да не слуша звуци, команди, не зборува, само повторува нејзини зборови и мамммма, баббба, паппа, ам ам. Одиме веќе 3 месеци на логопед. Друго сѐ е супер според возраста, се можно прави. Сега има 20 месеци. Нема проблем со слухот, но има проблем со обработка на звуците во мозокот. Дали да бараме спас во странство или да чекаме тука.
Здраво мајки, дали некоја мајка се соочила со проблем детето да не слуша звуци, команди, не зборува, само повторува нејзини зборови и мамммма, баббба, паппа, ам ам. Одиме веќе 3 месеци на логопед. Друго сѐ е супер според возраста, се можно прави. Сега има 20 месеци. Нема проблем со слухот, но има проблем со обработка на звуците во мозокот. Дали да бараме спас во странство или да чекаме тука.
Здраво мајки. Син ми има 20 месеци, сеуште давам Биогаја капки. Со кои би можела да ги заменам, кои ги користите? Ваја му правеа запек првите месеци, па од тогаш користам Биогаја.
Здраво мајки. 20 месеци сме, не оди во градинка. Со што ги заигрувате децата на оваа возраст. Ништо не ја заигрува мојава палавка. Игра само по 2-3 минутки и толку. Сака надвор, но многу е топло и не е за надвор до 18:00ч. Цел ден си плаче само, како да и е досадно, цело време и правиме игри, но како нервозно се однесува. Сака да прави сѐ што не и е дозволено и е ризично .
"Копање" со овес и тие садоперите со вода. Со тоа најдолго се заигрува. Мојата генерално е океј, се заигрува со свашта сама, ама овие 2 активности најдолго и го задржуваат вниманието
24 meseci i so nisto ne se zaigruva, se i trae nekoja i minuta i mora nekoj da ima do nea ako ne ide i za rache ne nosi. Probaj so voda da igra mojava samo toa saka po cel den, vo umivalnik si igra so vodata od cesma so casi i na terasa imame masicka sto se polni so voda i nekoi igracki da pretura voda