Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Bella.alleB

    Bella.alleB Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2019
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    4.202
    Пол:
    Женски
    Носко може ли да се користи на Shark правосмукалка?
     
  2. Sss26

    Sss26 Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2025
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Искуства со коксаки? 16 месеци сме втор ден од осип е денес
     
  3. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.778
    Допаѓања:
    8.346
    Со што играат вашите деца на 14 месеци, ништо не го интерсира. Само шета за рака и сака да дофаќа метла, шише, пластичен сад некој.Брзо се лути, ако не добие нешто прави хаос значи.Како што памтам со првото не беше баш вака, ова буквално ми игра на главата по цел ден.
     
  4. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    3.015
    Допаѓања:
    11.249
    Детево мое (20 м) што од прв ден сама спие во креветче, последнава недела сред ноќ се буди и сака да дојде кај нас на спална.
    Дали и кај некој друг има таква промена на таа возраст?

    Не знам што и е. Буквално од 10ти ден не се буди ни еднаш навечер, ја спие цела вечер. Сега доаѓа ли 3-3 ипол сабајле она си застанува на креветче, мечето во раце и спремна е кај нас да дојде на спална. Дека не може да излезе од креветче сама, почнува да плаче. Упорно се обидуваме да ја презаспиеме. Ќе заспие, после 15 мин пак се буди. И се' така во круг. Гледам да не попуштам. Ама 2 вечери ја имам земено до мене бидејќи немам сила да се борам долго време. Ама стварно не сакам со нас да спие, како мава и се врти, без сон сме и јас и маж ми. Е на спална ќе заспие и не се буди. Пробав да ја вратам во креветче кога ќе заспие на спална, после пола саат пак се буди во креветче. :?: Што е ова не ми е јасно.
     
  5. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.690
    Допаѓања:
    16.051
    Пол:
    Женски
    Нас од заби така ни правеше. Дали имате 4ки?
     
  6. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    3.015
    Допаѓања:
    11.249
    Да, излезени се 4ките од пред некое време. Уште една тројка долу нема, ама не се заби. Со забите кога има мака веднаш ја познаваме, секој заб со температура и мачење го вади. Ова е некако чудно ептен. И се нема промена никаква случено, не знам стварно.
     
  7. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.690
    Допаѓања:
    16.051
    Пол:
    Женски
    Нас исто вака ни правеше, скроз исто кога и растеа 4ките зимата. И тоа траеше доста време. Некако посигурно се чувствуваат измеѓу нас. А ја ставев помеѓу нас не се будеше, во креветче одма се будеше.
     
  8. cocopuff

    cocopuff Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.119
    Допаѓања:
    1.429
    Пол:
    Женски
    Дали има некоја финта за давање сируп на дете?
    Ќерка ми е 1 год и 2 месеци абе ништо живо не можам сируп да и дадам. Од денес ни препишаа и антибиотик пола ми го исплука. Сум пробала и по малку и наеднаш и со лажица и со шприц и накај образ насочено ништо не ми успеало. Ко да ја коле некој одма заоѓа штом насети нешто. Ни електролити не сака. Едвај да ја излажам една голтка да се напие.

    Сега па ни дадоа некој на Т беше антибиотик не ми е при рака. Па по гпрчливо нешто не знам дали сум пробала. И јас би го плукнала.
    Инаку имам и синче и он се бунеше на оваа возраст за сирупите ама некако успевав да му дадам, ова малава ѕвер невиден.
     
  9. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.690
    Допаѓања:
    16.051
    Пол:
    Женски
    Трицеф? Тој баш е сладок. Јас по малку со лажиче давам, со штив нема шанси. Пуштам тогаш песнични и толку за минутка сме готови.
     
  10. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.257
    Допаѓања:
    7.523
    јас и давав со овошно јогуртче, ако е трицеф и јас со тој имав мака, го празнев пола и внатре го ставав сирупот и го мешав
     
  11. cocopuff

    cocopuff Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.119
    Допаѓања:
    1.429
    Пол:
    Женски
    Не е Трицеф туку Тримоксазол. Грозен баш грозен. Да пробам со нешто да го заблажам ама она вака и за електролити ми праи не па за горчлив сируп. И блокмаксот пример го плука и сите парацетамоли ги пробав. На крај со чепчиња сме, да знаев дека е вака лесно оддамна ќе пробав. Само првиот пат ми изреагира, еве другиве до сега 5 чепови ставив во овие два дена не мрдна ич. И ја држат сиг барем 7 саати.

    А како се лепи она кесичката за урина? Ете и со тие 2 пати безуспешно, ела па семи промерок. Кај машките е лесно ама ај женски нема теорија.
     
  12. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.690
    Допаѓања:
    16.051
    Пол:
    Женски
    Леле остај, и ние одвај фаќаме.. ја од сабајле после спиење ја мијам доле, лепам и ја чекам така со песнички отворена пелена да измоча. Иначе нема шанси никакви, претешко е кај девојче. Електролити не познавам ниедно дете што сака да пие искрено, ние возрасни не ги сакаме, не па дете.
     
    На cocopuff му/ѝ се допаѓа ова.
  13. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    2.035
    Допаѓања:
    6.794
    Screenshot_20260814_112429_Samsung Browser.jpg
    Моиве сакаат, се расправаме зашто си зимаат сами и кога не се болни :D
    А тек па еден кога е болен друг не, плачење е што едниот не добива:inlove:

    Овие ги сакаат.
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.690
    Допаѓања:
    16.051
    Пол:
    Женски
    Хахаха, твоите се единствени мислам:rofl: ама ќе ги сочувам овие, да си ги знам.:D
     
  15. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.777
    Допаѓања:
    9.737
    Пол:
    Женски
    Електролити не многу ама за сирупче тоа акање од земја. Оти не бил ден за сируп пиење?
    Беше неколку дена со тт и после тоа и плачки оти не сум давала повеќе.
     
    На le.soleil му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Зеленоокатаа

    Зеленоокатаа Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2019
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Да, и ние сме 20 месеци. Истото се случува. Се обидувам да не легнува со нас, да не ѝ премине во навика и остануваме со саати без спиење. Првите денови ја земав и одма заспиваше со нас и подобро спиеше. Кога е сама, на секои 10-15 мин се буди и сака да го прерипне креветчето. Најверојатно сакаат блискост со нас.
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Esperanza

    Esperanza Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    75
    1.Мајки, сте користеле миробакт или хлорамфеникол за бактерија во нос? Пред 3 недели излезе пак стрептокока пневмониа на брис, без симптоми освен густ секрет и поткашлување ради секретот. Матичната не дава терапија, пошто нема симптоми. Ја носам во градинка, нема кој да ја чува. Ама веќе неможам да ги слушам вработениве, сееееекој ден мрсулите та мрсулите, како само таа мрсули да има. Ацидосалус прскам насабајле и Мералис Ха по потреба .
    2. Година и два месеци веќе, тек сега почна по малку парчиња да јаде. Некоја идеа за оброци, што да и давам за вечера, ужинка? И преку викенд за доручек/ ручек? Има скоро се пробано, освен некои алергени. Дома ретко готвам, немам многу време искрено но за нејзе гледам секогаш да има зготвено. Месо пилешко / мисиркино / телешко / свинско домашно ли давате само или и купено? Ви градинка ја фалат, јадела се.
    3. Да се редактирам со трето прашање, со што се заигрувале вашите дечиња на оваа возраст? Што им држело внимание? Како "работите " со нив? Имам чувство дека некогаш не и посветуваме доволно внимание. Повремено и тв гледа (дарко биберко, светот на мила, биби и боби) и имам грижа на совест.
    Фала ви однапред за одговорите, мислев надминав некои работи но еве, пак се чувствувам ТОТАЛНО изгубено
     
  18. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    12.607
    Пол:
    Женски
    Имало и како мене некој што ги сака електролитиве :lol: и јас исто како сокче си ги пијам, како ме освежуваат :D :D кажи ми дали имаш информација вака трудна прво дали смеам да ги пијам и ако да дали ретко или можам и неколку дена по ред?
     
  19. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.690
    Допаѓања:
    16.051
    Пол:
    Женски
    Можеш, јас пиев зашто повраќав… па џабе ги пиев, и тие ги повраќав.:rofl: Од Систина докторот ми ги препорача.
     
    На Cherry blossom89 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    2.035
    Допаѓања:
    6.794
    Па неам стручни информации ама логично е дека може да направат дисбаланс ако се пијат без причина