На одмор земавме вакви (за возрасни нормално) да ти кажам после ден на плажа баш ме креваа некако, а и измеѓу во цела бременост, настинка ова она и баш ми помагаа одлично штом може, ако припаднам нешто пак, да си земам од нив @le.soleil уживај па ти, стручна информација не ми требаше, онака чисто информативно да не знаеш, а и се надоврзав дека момците твои ги пијат некогаш и од онака како сок
А бе сум го мислела и јас тоа зашто премисла ми е да им давам кога ми бараат а не се болни. Ама не сум истражила нешто посебно на темата, па си викам да не ширам дезинформации. Иначе, после плажа не верувам дека може да шкодат, цел ден на жешко, веројатно е ок за хидрација затоа и пријатно ти делувале. Јас не ги можам. Сум пиела кога морам и не со кеиф, ама ја и генерално не пијам сокови освен вода со лимон и цедени домашни и тоа ретко зашто за една чаша цела кујна лом праам Затоа спијам со шише вода гушната.
Здраво мамички.ме интересира кога одите на одмор и ако облекувате од целосните купачи со долги ракави на вашето бебе дали одоздола го мачкате со спф или нема потреба
Мајки помош ние изгледа фативме коксаки од градинка .. вчера бевме на педијатар имаше вакви како на сликата на пеленска регија и на стомаче ни рече не е коксаки коксаки требало да има на раце нозе или околу уста… ама синоќа што да видам почнаааа и на раце и нозе да излегуваааат ситни се многу ама ги има . Бебево е добра за сега активна е си шета си оди си игра се смеееее . Сега за сега нема температура На вас ви личи ли ова на коксаки ? тие што имале колку време ви требало на детенцето за да помине ? Совети со што ги мачкавте и слично Фала ви
Здраво, дали некоја мајка има искуство со протеинска алергија на јајце (FPIES)? (не е класична со осип или гушење, туку со проектилно повраќање неколку часа по јадењето, завршивме 2 пати на инфузија). Ме интересира дали и по колку време пробавте да воведете пак јајце и во каква форма.
Zdravo. 2 ipol godini sme. Odime vo gradinka. Lani pievme sirup za imunitet na medex. Se mislam za sega dali istiot ili da zemam drug. Vasi iskusta,preporaki... Toj na medex ok bese imavme nekoi dkratki epizodi so tt no nisto seriozno.
Ве читам со имуно сирупчиња за во градинка. Ќерка ми почнува прв пат во октомври сега за 14 месеци била болна 2пати по три дена и релатично брзо поминувавме. Кога почнувате со подготовка и какви сирупи користите за имунитет? Не сум ја прашала педијатарот дали се во препорака и немам искуство дали да почнам од септември да и давам нешто како превентива. 12-14 деца ќе бидат во група немам искуство како ќе биде со разбилувања ама да го олеснам целиот процес ќе биде супер
Ќерка ми тргна на 9 месеци. Претходно беше еднаш настината, со чистење нос и инхалации со физиолошки помина. Од припрема ништо, т.е стандард што си давав Омега, Д3, плус витамин Ц вклучив. Е ама во градинка повеќе болна од здрава беше и матичната предложи после прв роденден со Дефендил да почнеме. Не видов некој успех. Дури и првата година во градинка може да речам беше страшна, што не значи дека кај секој ќе е. Најдобро да си се консултираш со доктор што го следи детето. Дали и кога има потреба нешто плус да се даде.
Здраво феминки малце сум загрижена и испаничени ова се нема случено до сега Малава има годинка и месец сабајле со беше супер игравме се смеевме беше и е многу активно бебе После имаше дремка од 11 ипол до 14 часот секогаш и трае толку дремката плус минус Е кога стана стана како друго бебе ќемкава нејќе да оди сака само во раце плаче … се уплашивме ја однесовме до кај педијатар она до таму се оправи почна да игра как него да се смеее да збеснува На весќање во кола ни поврати до сега нема повратено а кога стана и давав кашичка . Ве молам за утеха и совет дека не е ништо страшно Еве ја сега пак заспа обично сме со една дремка ама денес како да имаше потреба од уште една Ве молам за совет Да паничнам ли Иначе и тече и носето и пред да поврати имаше како шлајм па поврати Фала ви на одговорите
Бејби мислам дека нема потреба пред време од имуностимулатори, а и малечка е. Ова ми беше мене препорака од педијатарот што го следи во Систина, да не го трупам безвезе пред време. Не поминавме воопшто лошо, неколку пати настина , се вируси и кратки, а тргна во градинка бебе 10м. Ќе видиме како ќе е оваа есен/зима. Консултирај се и ти, види што ќе ти кажат сепак секое дете е различно.
Ќерка ми тргна на 12м и освен стандардните Д3 и омега, матичната ми рече да вклучам само пробиотик (цело време да менувам кога ќе потрошам шишенце) и ацидосалус спреј за во нос секое сабајле пред градинка(на природна база е, пробиотски спреј со природни додатоци). Од април до сега 4 пати се има разболено и не било ништо алармантно, во главно проаѓало со инхалации за неколку дена и одма се враќала назад во градинка. Е проблемот е што е буквално цело време со мрсули во носот и само се туфкам дека е нешто болна ама ми рече матичната дека се додека се само мрсули да ги чистам редовно и тоа е тоа. Буквално секој ден сме со ноското пред и после градинка, рутина ни е станато.
Мајки, има термос шише што не тече кога е затворено? Земав вакво од оксимами, прилично скапо но сепак тече помалку кога е свртено надолу. https://oxymammy.mk/product/citron-sise-za-voda-350ml-vselenski-brod
Јас имам неколку од Coolbottles , за сите по дома и се одлични. Скапи се, ама секоја препорака ем држат, не тече и се супер.
Мајки, не сме сеуште проодени, само што направивме година, не сака да патка, сама си се движи по мебел, по кревет. Сакам за кога сме надвор да и земам чевлички, патичиња, дали првите чевлички треба да бидат проодувалки и од кога до кога треба да носи проодувалки. Имаме од Кеги чевличиња подарок, но се мислам да не се многу крути.
Не мора да се проодувалки, важно е да се ниски со тенок еластичен ѓон (што може да се витка) и да се широки напред (barefoot). Има од повеќе брендови такви можеш да најдеш