Јас имам на Liewood 4 месеци негде веќе нема протечено ама само за надвор го користиме. Нема нешто избор останато https://shopnono.mk/en/search?q=термос шише&options[prefix]=last
Па и ние најчесто за надвор ама често заборавам и го ставам ранецот легнат па наоѓам после се утоп . За дома какво имате? Челичната чаша од ДМ не ја сака, поточно ја расклопува на секое и не му ја давам веќе.
За дома од ДМ земам со некапечка сламка затоа што едно 50% од времето го фрла некаде. Ова го оставам на кафе масичка и и е достапно цело време без да направи поплава. Овие ги мењам на 6-8 недели негде. Во чаша и ставам само за време на оброци нема шанси онака. Има уште 2-3 дезени.
Да се придружам на разговоров за вода. Моево дете обожава вода, пие во секое време и дури мислам повеќе од што треба. 14ипол месеци е, нсвечер за презаспивање или цице или вода, се буди нсјмслку 3-4пати во ноќта. Ско не и дадам вода плаче се фрла наназад и неможе да презаспие, цица најчесто еднаш околу 1 по полноќ. Преку ден не цица веќе 2ипол месеци. За водава не знам дали да сум загрижена зошто за едно ноќно спиење она испива 250мл
Зашто загрижена, па нема ништо штетно во вода. Поготово сега па летно време, нека пие женската нека ужива.
Немам поима, си помислив пред некој ден дали има некој капацитет на бубрезите кај децава дека сепак навечер во сон 250мл испива низ текот во ноќта плус преку ден сигурно уште 300 до 500мл
Леле исто и јас бев загрижена дека многу пие. Се уште му давам од обично шише, 120 мл и сигурно пие по 3-4 такви преку ден и плус навечер. Едно сабајле кога му дадов, пиеше како вечерта алкохол да има пиено
До вчера спиеше понормално, креветчето негово ни е уште до спална залепено и се тркала меѓу нас, над перници, зад перници. Ама сношти мислам дека 100 пати се разбуди. Никако не можеше да се намести, седни, падни правеше, дали 4киве му излегуваат, ептен му се набабрени непцата.. таман се навикнав на подобро спиење Каква вода пие твоето? Моево уште бебелан ама мислев да ја сменам
Ја после 8месеци почнав од нашава изворска или горска купуваме дома, мојава е ок со спиењето / читај не ја нишкам веќе 2месеци иначе по цели вечери бев низ соби пеење шшкање заспивање по 100пати. Сега се буди на неколку часа ама знае да презаспие со видичка или цице. Приметувам дека може веќе и без цице ноќта да ја помине … така да мислам дека овде ни е негде крајот на доенечката приказна некако природно завршуваме мн ми е жал ради тоа си мислев дека ќе тераме барем до нова година ама изгледа септември ќе биде финале… од октомври почнува во градинка па си викам тоа е тоа, бебето ми стана девојче
Да, како дечиња се веќе Ние бидејќи беше на комбинирано, цицаше до година и една недела некаде, па настинав јас, зедов апчиња и си реков доволно е, секако веќе не ни сакаше бидејќи немав доволно. Јас бебелан уште користам и за АД ама веќе 75 ден е шише, а како што пие машала вода, ќе банкнотирам. Со среќа во градинка, лесна адаптација. И јас се мислам да го пуштам, но ќе видиме
Трепнавме и пораснаа а градинкава ми е стрес мене уште непочната, си ја знам каква лепенка е со мене и татко и и знам дека ќе биде тешко ама време е дефинитивно 16м ќе биде кога ќе почне ја осеќам дека и требаат сктивности, дружба, деца … мн им се радува на плажа по цели денови, само трча по децава
Со колку дневни дремки се вашите мали? моето ја зголеми првата на два саати и сега нема втора дремка ама накај 19 часот станува неподнослив.
Ја уште не знам со колку сме, ни она не знае еден ден издржува до 12 па е со една ама мн е нервозна веќе во 19:00-19:30, а кога е со две издржува до 20:30-21:00 без проблем.
До кога треба да се носат проодувалките и какви обувки им облакате на тазе проодени? Од скоро е проодена мојава, 2-3 недели има само, но некако лошо оди со проодувалките. Не знам дали и се веќе мали но подобро оди со најобичните ипанема летни гумени сандали него ли со проодувалките. Имаме и на к&к од потврдите сандали како широчки што се напред barefoot, тие ок ли се за тазе проодени? А какви да купам за на есен?
Син ми исто одеше лошо со проодувалките и мислам дека одма го тргнав. Препорачливо е да бидат barefoot. Има различни брендови што имаат barefoot, јас пролетта и летово имав купено од здравистапала, ама се поскапи, а многу брзо ги износуваат.
Мајки дали ќе сакате да кажете вашиот распоред со спиење на децата од околу 13 месеци. Мака мачеме со ноќното заспивање. И сабајле во 5 е будна. Никако ред да фатиме. Чисто за ориентација да имам. Фала