Му давав и јас почесто со цевка за да се научи, иначе му давав во обично шише и од нигде никаде си сфати како со цевката. Исто и со шмукалчиња, прво јас му давав до скоро, сега сам си ги пие
Од ДМ оваа е многу убава. Мојата има многу коса уште од раѓање па ја користам некое време. Е сега, оваа ја користам само за расчешлување, за фризури имам од тему класичен чешел со метален шпиц за делење
Е да ги гледав овие во дм ама не ми текнува дали имаа пластични топчиња заштитни за темето да не ја гребе?
Дали има некој вирус периодов само со температура? Веќе 2 дена качува температура на 5-6ч, највисока и беше 38,7. Не кашла, нема мрсули ниту дијареа и повраќање
Може да качува темперарура од забче ако и никнува.Ние имаме 7 заби и секој заб беше со темп.Послем 3 ден со темп направи и крвна слика да не е некој вирус .
Има, да. Моето бебе имаше вирусна инфекција со висока температура, до 39.9 стигна. За 4 дена му помина.
Може и од температура. Но, ако е повисока од 37.5 - 38, тогаш не е од забите. Барем така излезе кај нас. Беше вирус и тт 39-39.9.....се помачи бебе, помина за 4 дена. До колку качуваше кога вадеше заб?
Качи еднаш 39 ама само еден ден. Педијатарот кажа од забите е.Ние секој заб со 37 до 39 еден ден кенка кога никнува а само 7 заба имаме.И ми кажа ако има тем 3 дена тогаш крвна слика.Пред две недели 3јка долна никнуваше беше 38 ама само еден ден.
Извинете се вмешувам, но ќерка ми 38.6 мах за горни тројки крена температура. Предходно по 4 одеднаш ги вадеше гајле немаше, што не беше случајот со 3ките. А се случи и коинциденција со познанички, и нивните деца со горните 3ки јака тт кренаа до 39.
Мислам ден-два за едната, па после неколку дена пак ден-два за другата горна тројка. Баш онака личеше ко повторувачко вирусче...
Бебе е 12 ипол месеци и почна да мава. Кога ќе ме види од среќа доаѓа и ќе ме мавне, кога ќе ме бацува ме мава. Страв ми е дека ќе ги мава во градинка дечињата. Јас и зборам немој тоа ме боли ама не знам колку можам да ја научам на таа возраст. Имате ли совети, фаза ли е, изразување на емоции, не знам..
Мојот корни со рацете онака од милост, се смее, и ќе му речам гали мама гали и почнува да гали. Зборувај му, разбираат повеќе од колку што можи да замислиме. Инаку најјако и најново што прави е кога ќе дојде татко му од работа, трча скока кефови и кога овој ќе го крене во раце му се доближувам и ми ја зема главата, ми ја носи кај татко му да се бакнеме, и се смее целото кефој , кај му иди јас не знам.
Мајки дали може да споделите искуства на која возраст прооделе вашите дечиња? Син ми на 13 месеци одеше стабилно а ќерка ми е 12 се движи ако се држи до мебел, маса и јас за едно раче да ја држам ама ептен нестабилна е така. Малку мрзелива е за одење, еден два чекори ако ја држам за раче и се откажува лазе супер, не сум загрижена пошо секако е уште мала има време ама чисто онака искуство да споделите.
Мојава иста беше. Па на 12 ипол месеци накај 13, буквално како си стоеше до гарнитура си се сврте и си почна да оди. Се во свое време и ќе почне кога ќе си осети сигурност.
Баш пишував за истово во некоја друга тема, ќерка ми прооде на 16м и неколку дена. Немаш простор за грижа, ќе си прооди кога ќе се осети сигурно. Чим е нестабилна рано и е.