Дали има некој искуство со Geox патичиња за веќе проодено дете? Немам можност да ги видам во живо, во смисла дали ѓонот е флексибилен. Сакам нешто удобно за секој ден, за мода неудобни веќе имаме.
И моето така прави со рачињата, 12 месеци е. Изгледа како да мава. Но, тоа не е мавање, туку така си ги движи рачињата, од радост. Уште се мали и сега учат. Ќе научат да се контролираат, да галат....
Јас имав Geox за поголемкото дете, супер се, со флексибилен ѓон, ги утепа од носење, пред да прооди му ги купив. Одлични се, ич да не се мислиш. И од тогаш навака (сега е веќе 5 години) најчесто му земам на Geox модели, освен кога изводи и бара нешто друго он самиот. И за помалава кога ќе прооди планирам исто Geox да и земам.
Каков топломер користите? Имам бесконтактен на Аурон, не покажува точно и еден обичен ама и тој греши. Сега земав од комшикава, трите различна тт покажуваат.
Колку различна? Пробај и позади уше или од страна на челцето. Јас кога користам ваков термометар, мерам и на градички, на грб, на врат...
И на која да и верувам? 36.7; 37.3; 37.9. Не ми се за верување ич бесконтактниве го земав дека најпрактичен, ама обичниве се многу поточни. За споредба, мојот обичен покажа 37.2, а на комшиката 37.8. Не е над 38 во секој случај, ама не сакам 100 пати да мерам, со 3 различни топломери. Ако имате препорака за обичен би ви била благодарна многу.
22 месеци сме и ништо не сака да јаде. По цел ден само леб, леб и пак леб. Не знам што и стана, значи фаза ли е ова кажете… Во градинка демек јадела викаат, а и таму ужинкине солено пециво им се. Наеднаш почна и поопседната да биде со мене од што беше, бремена сум не знам дали и тоа има врска, ама буквално новороденче не и е рамно..
Фази им се. Мојава вчера е само на пудинг и соленки. Уста не отвара за асално јадење. Како го ставам тањирот на маса, така вришти како да ја коле некој. Е , има и денови, како протурена јаде. За опседнување…две години сестро, само мама е и никој друг.
И мене така ми покажува. Затоа мерам на различни места. Со обичните ми е тешко за мерење, не седи мирно малово.
Педијатарот на керка ми имаше за во уше,таков дигитален и викаше најдобар дека му е. Јас со дигитален мерам исто неколку пати и на различни места па некој просек земам се додека не покажал 40 тогаш сосила со обичен мерам... Ајј честито и со лесно Инаку да ќе има периоди кога ќе јаде многу и разновидно па кога ќе јаде само 1 работа па ако си во заедница како мене само одделени со јадења ќе лаже дека јадела кај баба и Не знам дали е кај секој така ама реално и јас криев јадењето кога ме тераа да јадам сосила па нека се здрави и живи
Цело лето живееше на воздух, сега како залади малку почна да јаде барем два оброка.. вчера грав две чинии изеде, периоди се, ќе помине, само проверувај крвна слика да не и падне железото.
Ние како сме болни цело време се боцкаме па сега и стомачен има… мислам баш ни е забавно. Добар и е хемоглобинот за сега. @Трагедијаупмм фала