Како ги занимавате на 19-20 месеци? Омилено ни е качување секаде и на се. Ама буквално. Една секунда не седи мирен. Се кара со мене и со татко му како воздрасен. Ако не е по негово, тука следи страшно рикање. Играчките не ги погледнува, освен некои коли што ги вози каде стигне. А да, и точаче си јури.
Мајки помагајте синко има тт 38.2 и качува. Повраќа од сируп, а чепче имам ефералган Ама синко ома 13.5 кг 2 год и 8месеџи, а ефералган чепчето е за до 24 месеци и 12кг ..... дли воопшто ќе му делува? Порано знаело да не му делува, ама па пд бруфенот знае наеднаш да ми спушти на 35 што и тоа не е добро.... што да правам чаре
Како се справувате со драмите и тантрумите? Секој ден за се поголема и поголема глупост драматизира а поголем дел од драмите стварно не сфаќам од што и се. На моменти ми е страв да и понудам нешто играчка, јадење пошто ќе ми го фрли и ќе драматизира. Почнавме со мм да се шалиме дека се плашиме од неа амааа не ќе да е само шала. Во градинка е бајче само се фалат од неа ама дома буквално од врата почнува да вриска. 17.5м е
Shit happens, ама буквално. Кај син ми почнаа од 18-19м , за толку банални работи просто да се чудиш. Еве пример си доаѓаме дома и му ги соблекуваме патиките па тоа драма, плачење, дрецкање од земја ..ХОРОР. Се сеќавам тој период цела недела не тероризираше. И сега се случува ама поретко. Тоа што сфативме со маж ми е дека игнор најмногу помага. Тука сме, ако дозволи ќе го погалиме и почекаме да се исплаче. Па пак јово-наново.
Леле иста е со патиките уште на врата вришти кога и ги соблакаме па не можам да сфатам дали сака сама да ги соблака или наместо јас татко и или сака да шета уште…
Две години и исто е. Вчера драмеше зошто сме дошле дома, се тресеше од плачење, липташе, се дереше, се изгуби. Како демон во неа да има влезено. Пред две недели драма, зошто пелената со каки сме ја фрлиле, ја сакаше таа пелена Секој ден чекаме за што ќе има драми.
Добро ме утешивте значи не ми е нешто неарно детево хах. Еве сабајле едвај и ги облеков патиките вриштеше на цел глас и плус се лупна во ѕид кога ја ставав во количка. А патиките ми ги донесе 15 минути порано сама ама тогаш уште во пижами беше па едвај ја убедив да не ги облакаме тогаш. Јас сум крива, требаше по пижами и со полна пелена да и ги облечам и да ја носам таква во градинка
Copy paste се сите. Абе има денови кога како на јајца да газиме со маж ми , а некогаш е злато . А во градинка или кога го оставаме со нашите е премирен поточно РАЗБРАН. Со нас како цела лошотија да му излегува некои денови.
Мојата е 15ипол, сабајле се криеше позади завеса и ми правеше ѕе а на рацете имаше умачкана праска, жичките ми се споиа кога ја видов во белата завеса умотана со лепливи раце и одам накај неа и викам излегувај од позади завеса одма а она си се смешка и пак ѕе ми прави ја потргнав нанапред леле кога почна да се треска од земја и да плаче, сценарио среќа засега ваквите драми и траат 15секунди и после преминува на друго како ништо да не било
И ние почнавме со драми, 15м е. Во последната недела буквално за се шо ќе и кажеме не следува врескање. На секое менување памперс и на сите соблечени патики има драми. Преги врескаше оти и ја излупив бананата која ја јадеше Туку во последно време имаме многу мака и за заспивање. Кај денските дремки ги направи каша попара сега и навечер се бориме по 1ч за заспивање ама буквално се бориме, се качува на спална се пушта назад, оди до др крај па иде седнува врз мене, цуцла фрли, си збори нешто, мава со раце нозе итн. Утешете ме дека не сум единствена и дајте некое чаере
Педијатарот ми рече кулминација е на 18м хахаха ај ќе си почекаме што да ти кажам друго исто е кај сите
Еве блиску 18м е мојата го чекам пикот хах. Ама добро не е секој ден со драми искрено. Вчера пример беше ептен златна насмеана весела најмила
Да и ја гтоа си викам има денови кога е срце, денес 3саати бевме надвор се изнатрча се изнаигра со децава во маало, се љуљавме на љуљшки, собиравме ливчиња… ми станува прежално дека веќе нема да сме по цели денови заедно кога ќе почне во градинка
Девојки кога ги носите на контрола на ортопед? Сабајле се јавив кај Тони Талески.. таму бевме за првиот преглед и се беше во ред и ни кажа кога ке прооди тогаш дојдете... сега сестрава ми вика рано е дури на пролет дојдете. Тоа ке се фати речиси 2 години да има.. не е касно ?
Битно е да е стабилно проодено детето. Предходно џабе ќе носиш. Нас ни кажа минимум пола година одкако ќе прооди.
Итно се разбуди детево со плачење и држење за увото и околу вилицата, дали е можно заб или воспаление на увото? Беше настинат до вчера, уште поткашлува… оди и во градинка една недела, исто и овие три дена се будеше со плачење, па дали е од стрес или грлото го болеше не знам. Искуства? Вечерва беше баш како да го боли нешто и му дадов малку парацетамол да се смири.
Ќерка ми со слични симптоми беше кога имаше воспаление на уво. Ако е тоа и на допир на увото ќе реагира ако допреш ти