На темата тантруми, најновите и се за миење раце, миење лице и бањање. Не знам како да ги надминеме, дајте некој совет ве молам. Секој ден е плачки а не правеше проблем за овие работи. Најдраматично е миењето раце после градинка. Имаме скалички во вц и до пред некое време сакаше да миеме си стоеше на скаличките без проблем ама периодов нема шанси. Бега, се витка цела, вришти, драми. Двајца ја држиме и пак едвај миеме. За бањање не знам што и се деси периодов, едно чудо играчки има и баш беше весела си играше со нив до пред некое време ама сега дури и на одење накај вц вришти.
Јас ја мијам заедно со мене, ја оставам сама да го земе сапунот, да се трие, па четка за заби, става паста.. како игра ѝ правам и ѝ давам малку слобода и досега нема одбиено така, а исто беше скарана со хигиената
Мајки, што давате на дете што многу кашла поради секрет од нос? Од вчера давам сируп за смирување кашлица, неколку дена правам инхалација и постојано прскаме спреј Синомарин и чистам нос, иако ретко нешто излага. преку ден не е толку страшно, но навечер мн кашла и се буди и плаче.
@HappyAsItGets исто така беби срејпот од диво оригано, ги разредува мрсулите. И нормално the holy сецкан кромид додека нана. Мојаѕа 2 3 вечери подигната на перница спиеше инаку ептен се гушеше. Претпоставувам истиот вирус го минете.
Сношти ми текна дека некој ми кажуваше за сецкан кромид, ќе пробам вечерва. Мојов цело време спие на перница, ама сепак се гуши. Бевме на контрола, ми кажаа дека нема потреба од сируп, ама ќе го земам овој што ми го препорача, и да продолжам само со инхалација. Исто, ќе пробам и со спрејот. фала на одговорот
Да ви ја препорачам кремава од Мустела, многу е добра за настинки и кашлици. Затоплува и убаво мириса на бор.
Нас ни се дешаваше исто со бањањето. Откако е роден ужива во вода и наеднаш преку ноќ почна да вришти кога дојде ред за бањање. Си седеше во кадичката, со играчки, па си шлапаше, супер беше сѐ. Ама наеднаш не сакаше да седи. Само стоеше и само така дозволуваше да го бањаш. Тоа траеше може месец дена. Еве го сега пак си седи, пак ужива. Па сега вришти оти го вадеме од вода. И кога ќе видиш, за све се драми. Период е најверојатно и кај вас мами.
Навистина не знам. Да прашате по аптеки кај нас дали ја има. Јас ја зимам од Нотино.ат околу 6 евра, а ја има и на Амазон и онлајн аптеки. Инаку, многу бавно се троши.
Мала количина му ставам на гради и нежно се масира до впивање, а понекогаш и на носето знам да му ставам.
Имаше период на слични драми за бањање и порано накај 11м и одтогаш ја бањаме станата ама еве веќе ни станата не сака
Не ми се верува дека се приклучувам на темава Ко пред два месеци да се породив А ве читам и мала паника ме фаќа што ме чека
Јас не се шалам, стварно се плашам од ќерка ми Кога се доближува до мене не знам дали ќе ме гушне,излиже,бакне, удри со некоја играчка или гризне. 13м е малку помала од вашиве сега што ве читав ама детево е толку карактер значи ко да има две години. Прооде, и сега ајде надвор со патичиња. Значи едната и ја облеков, другата нема шанси урла, си одеше со една патика женската другата си ја држеше во рака и многу беше среќна пошто си ја исполни целта Ако не сака да јаде вика НЕ, мрда со главата и немаа шанси да отвори уста ако ја напнам ќе се загуши од вриштење. Ако ми пружи раце а недајј боже не ја земам тоа е најголема драма на свет, плачење на најјако. Бтв кога ќе ја кренам додека плаче си го затнувам увото имам чувство дека ќе отиде тапанчето од нејзиното јако дерење
Добредојдовте во клубот Не е само лошо, има и преубави моменти и се послатки и посмешни стануваат малите човечиња. Јас приметив дека ќерка ми е најлоша во деновите кога оди во градинка, за викенди е злато. Мислам дека и влијае редот и дисциплина таму цел ден па после дома одма чим дојде почнува со драмите и тестирањето на граници
Лелееееј работава. Ако некогаш сум рекла низ темиве дека најтежок период е периодот првите месеци поради неспиење, доење итн отепајте ме, сместа ! 14 месеци за некој ден и моментално сме во фаза кај што се не интересира, се сакаме да истражуваме и шо треба и шо не треба, нормално поќе шо не треба Е сега, се супер ама кога ќе му дадам до знаење дека не треба нешто да прави следи бапкање од земја со плачење, се смирува брзо инстант ама ужасно ме иритира тоа понашање, пробвам со муабет ама не, кога ќе зацрта батката нешто нема разубедување, инает преголем. Вчера пајки бркавме во паркот и сакаше во вода да влези со се нив, кококааа вика ( кокошка инаку ) Прееска реков преубаво времето ќе го извадам во парк, се запна да се беси на еден паркиран точак, под мишка го зедов налево круг и дома. Друго, кажете ми како се занимавате со толку мали деца пред да почнат во градинка, се преселивме во многу мирно градче во Германија и за мене е огромна промена, пријателите кои ги имаме немаат деца. Го носам во парк, кефови е деца кога ќе види, осеќам како грижа на совест дека не е во контакт со деца, планирам на некои активности за мали дечиња да го запишам, има некои курсеви Монтесори шо ти јас знам. Немаме проодено сеуште, се исправа, оди по мебел, скока, се качва сам на кревет сам слегува ама се плаши да тргни сам И друго шо приметив дури беше помал викаше повеќе мама, баба, тата, сега послабо, за сите зборови првите две букви ги кажва
Девојки што давате после градинка за јадење редот неможеме временски да го фатиме. До 3 саат седи во 2 им е последната ужинка. Додека се пробереме 4 саат биднало. Претходниве денови околу 4 и 30 руча, 6 нешто ситно демек вечера и 8 шише млеко. Некој ден со шмукалка седи а млеко ке прескокне. Дали да исфрлам млеко веке? Периодов секако да се пофалиме и 3ки пола никнати а 4ки веќе при крај искочени. Не ми се менува рутина со млеково ама па ништо несака да јаде после градинка. Лигавење пренемагање до бесвест Театар комедија