Мајки близнациве се 22 месеци,еве некој период кога ги легнувам навечер за спиење обавезно вечераат па пред да заспијат млеко пијат.Цело време ги слушам како ја шмукаат цуцлата,ќе им дадат сокче или пак млекце кога им ја вадам цуцлата ептен јако ја шмукаат ама несакаат да пијат.Може ли да се гладни или нешто друго е.
Како им сечете нокти? Значи како да ја колам е секое сечење не знам што не пробав. Песнички, буба бу, со зборење убаво зашто сечеме, па демек сечам на мене, сечам на мм, сечам на кучето, Џ А Б Е. Вришти стега прсти и на крај со борење и ги сечам од што немам како. Се препотуваме и двете и ми се крева притисокот до максимум. Едит: и карање дури пробав иако не ја карам и не и викам...
Ноќна мора ми е сечењето нокти. Со се пробав да го залажам, џабе. Пробав и навечер кога ќе заспие. Ме сеќава колку и да е длабоко заспан и се трга во сон. И ги сечеме со плачки. Една рака еден саат сечам. Ич не те утешив, ниту ти помогнав. Ама барем знаеш не сте само вие така хаха.
На рака никогаш во живот не правела проблем. За на нозе не сака. Е тие на спиење. И строго некои 20тина мин од како ќе заспие. Најцврст сон ми има тогаш и не сеќава.
Докај 2 ипол години на спиење му ги сечев, после почна да дава. На нозе уште проблематизира ама се убедуваме некако..
Мене па на нозе ми е полесно к давам нешто да држи во раче и пуштени цртани или песнички. Ама рацете никако дракула
Добро како се справувате со ултра хиперактивни деца а да не полудите ? 14 месеци полни денес, на раб на лудило сум. Секунда не се остава сам оти одма некоја глупост му текнува, знам дека е фаза кога се истражуваат, чепкаат ама ова бе луѓе надвор од контрола е. Цревото го истрага од машината се поплавивме во станот, дали водата да ја берам дали по него да трчам, зеде во иста минута во ходник од ранецот све истури пепел направи, го тргнав ајде, замина во тоалет корнизата со пердето ја истрага ќе му паднеше над глава. Сето ова во пет минути се деси. Не е прооден ама се качва по кревети, слегува, се беси, буквално подвижна мина е По цел ден сум сама со него, не знам кај да го носам, што да му правам, период на лудило го има фатено, сегде чепка ама секунда не застанува. Полудев, како после вакви деца се одлучувате веднаш на второ да ми је знати, абе на к.. не ми текнува од страв мене
Па две години и бетер е де. Ама кога беше како твоето, врата од купатило е секогаш строго затворена. Пред се за безбедност. Кренати се ташни, ранци. Се што можам пикнато ми е во една соба и затворена врата. Сега веќе знае дека по ташни нема чепкање, ама за качувањето на лустер уште не сме разбрани
На скоро 4, ок без некој месец научи да отклучува и заклучува врати. Уште повеќе страв во коски. А имам(в) таква соба со се и сешто и врата заклучена или бар беше заклучена до пред некој ден.
Две има и ја отвара влезната врата. На спрат сме и заклучувам рајберот горе, за да не отвори. Во купатило исто влага и сама си мести кофаааа кофааа , за да се качи и мие раце. А собата што е заклучена, клучот негде меѓу чашите ми е А нешто ако и треба на госпоѓицата, си го носи столчето нејзино и се качува на кујна
Почекај да прооди е тогаш е повесело.Моментално сме во фаза да не завркава мене и ММ финти ни прави .Надвор додека не гониатрча цел парк пред зграда не се смирува.По 3 пато одиме надвор.Сестра му само 30 мин спие на раат преку ден и таа збесна од него.Ама сите ме тешат ќе пораснат полесно ќе е.Заштитна ограда низ цел стан да не оди во ходник,кујна .Врати затворени а отвориш и да спие ќе стане за да направи хаос.Дневната одкако ќе стане е за 30 мин со играчки насекаде.Ама се изморив од собирање и сега има само 5 играчки и ги менувам на две недели .
Е сега ме утешивте Многу сум параноична во последно, ќе мора да седам под клуч и јас ама стравот некако мора да го тргниме. Прво дете ми е ама сум чувала внуци додека живеев со моите, се си мислам не правеа вака, тие од после збеснаа, мајка ми вика не памтиш, одамна беше додуша. Бидејќи таа во главно ги изгледа, родителите на работа а јас скитав на тие години, ама ете и тие биле хаос.
Исто, немаме ни две… еднаш седам и наеднаш слушам отвара, кога стрчав, срце ми застана дека одма имаме скали… добро што ја слушнав и бев одма тука, не сакам ни да помислам што ќе беше. Од тогаш строго горе заклучување.
Ajjj на две години отвараат врати сами ??? Мн ми е матно какви мајлстонес од палета глупости следуваат и кога засега на 16м оди до влезна врата и го фаќа клучевите пошто и тропаат интересно а врати по соби обавезно затворени зошто мн ми е страв од фаќање прсти овие стравовиве како ми доаѓаат нови и нови секој ден
Мајки што им се дешава на 13 месеци? Малата е точно 13 месеци и е збесната, последните неколку вечери и се спие ама не сака да се успие а ако случајно заспипе се буди за кратко и така неколку пати додека конечно да заспие. Дури и цуцлата кога и ја ставам кога ќе се разбуди не ја сака ми вика не не не и кенка. Има некој скок сега? Инаку цица само пред да заспие станува кај 7 и 30 и има една дремка од околу 3 часа. Веќе еден месец не сака да има 2 дремки..
За кратко ќе сфатиш , што ти збориме хахахахаха Па ако сака се сама па …. Се сама да прави, сама да зима, става, враќа на место. Пример од вчера. Менував чаршав и она го земала и во машина го ставила. Отварам сега машината за да ставам алишта, гледам чаршавот. Во градинка Боже сачувај, да и го земат ранчето. Она сама да отвори шкафче, да го стави, да се соблече и да затвори. Сите учителки и негователки ја научија и се смеат со неа, колку им е пресмешна, така малецко, а се сама да прави. Една од малкуте деца е што комплетно сама јаде во градинка. Реткооо да побара сама помош на крај кога е, да и соберат со лажица јадењето.