Креативноста им е бескрајна. Отвора врата, почна и да стига да ги запали сијалиците ( може кај нас дома малку понико се поставени, ама сепак цел се тегне). Сега облекува и патики сам и не смееш да го чепнеш ни за помош, нии ништо..инаку скандал следи. Вчера едниот пар ги сокрил во плакар кај него под алиштата, еден саат ги баравме. It's funny until it's not. Се соблекува цел сам ама тоа подразбира и пелена кога тој сака и така..
Еве кај мојава сега е во некоја фаза да оди во детска соба сама и да си затвори врата од внатре. Голема женска самостојна хах Па по некое време ќе и текне дека е сама а не може да отвори и ќе си поплаче
Во спална имаме еден дел како wardrobe closet и како посебна врата е во тој простор ама тесњн е и темен и најомилено и е да отиде таму да стои во темницата и кога ќе дојдам да ми направи ѕееееее еднаш ми се сокрила позади фустаните во отворениов плакар ја барам се преплашив кај отиде и едно време гледам мрда пзоади фустаните по малку и ме ѕирка срце ми се смрзна таа чека да ја најдам во темницата
Хаххах се посмешни стануваат. Нас на одмор секој ден ни се криеше во спална позади кревет на истото место и чекаше да ја бараме Сменивме смештај на пола одмор и во новиот истото го правеше останатите денови
Додека се здрави и лудуваат да сме сееќни. Од ноќеска е со температура таман почнавме во градинка и се радував дека супер се вклопува и оп вироштија некоја ја испофати, цела е свената
Како успевате било што да правете низ дома без да има плачки, драми, влечење по нози, трескање од земја, и едно милион ,,мама мама” ?! Ручекот или било што готвење во кујна ни е најголем проблем. Садеви миење без него? Шанса нема. До толку ме тегни што ми ги соблекува тренерките/хеланките секојдневно. 20 месеци сме. Оди кон подобро или бетер?
Само кога спие Кој што сака нека мисли, ама садови средувам откако ќе заспие. Сака и она да реди во машина. Ручек преку недела, мајка ми правеше, сега јас дека сум дома, а она е во градинка нормално. За викенд кога спие, сум на 10 страни. Ручек, чистење, алишта.
Никако хах. Или ја зимам со мене (ако е готвење ја ставам на learning tower), или ја вклучувам да ми помага доле (ако е вадење садови доле она ми подава од машината а јас враќам на место - среќа не мијам на рака). Ако е нешто што само ми одмага и немам трпение да го правиме со саати, тогаш правам кога спие, пример алишта диплење тоа скришно обавезно... За чистење исто гледам да ја вклучам со правосмукалка некако ама и здосадува и си оди да си игра а останатото чистам кога спие или кога е во градинка.
14 месеци е мојот, исто буквално. Ќе мијам садови и ќе дојди ќе ми ги турни хеланките и така си мијам по гаќи тој се беси, се пика во мене, хаос. Пред некој ден рачето на тавче го залепи ама јас бев виновна, скроз заборавив дека е врело и кога му ставав во чинија јајце го крена рачето и го залепи, па она изгореница беше не играчка а тој само си покемка, му пројде за три дена. Не застанува периодов, убаво што ви спијат денски па имате колку толку време за обврски, мојот најмногу два часа спие и тоа да спијам до него и цицето на низок старт ако се разбуди за да презаспие. Најмногу се успива ако спијам и јас со него, а се оддалечам веднаш се буди. Го гледаш спие со раце кренати, не се слуша кај шо диши, се враќам во спална тој на газе седнат хахаха
Доручкива сам тогаш кафе пијам,кога е ужинка садови ,кога спие ручек.Затоа што мирен е само кога јаде и спие.Измеѓу е лепенка и мама целден ,или го закача бебето па кутрата денеска цел ден не спиеше одспа надвор 1час додека ја шетав.Во тоалет заедно одиме
Мајки здраво, малата ми е 1,5 годинка и полека, полека престана сама да цица. Изгледа веќе и немам млеко, некогаш кога ќе земе да цица, влече, влече и почнува да плаче, па претпоставувам дека веќе немам. Ама веќе некое време станува ноќе се буди, плаче и по 1-2ч сме будни се држиме во раце. До сега кога беа жештиниве и нудев вода, пиеше и продолжуваш, ама сега веќе ми одбива и вода. Јас мислам дека е гладна, а др млеко нејке да пие. Што се не пробав и нејке. Што да и давам ноќе да пие или па нормално е ноќе да не станува и да бара да цица?
Па мислам дека можиш да видиш дали имаш млеко или не, се познава града полна со млеко, стисни ја, додека цица се слуша дали голта Навечер ништо не давај, на таа возраст веќе нема потреба.
Ја вклучувам и неа ако бришам прашина и давам крпа и неа па брише и она нешто жената што ми доаѓа за помош дома пред некој ден кофа со водаоставила во дневна, јас свртена со грб нешто гледав се вртам ќерка ми си брчка во кофата со едно крпче и она ќе чистела инаку преку ден ретко раскревам, кога ќе дојде мм од работа тогаш он ја зима и ја почнувам. Или има игрална голема во дневна ако седне и се заигра тогаш да соберам садови. Ручек правам секој ден набрзина кога ќе ја успијам во 12
да, капки и амоксиклав. Таман оздраве еве пак се разболе со температура е веќе 4ти ден… правев крвна слика пред 4 дена црп 10 му беше и покачени леукоцити
Здраво Дали давате оперил п при затнато носе? 17 месеца сме и матичната ни го препиша. Прв пат настинуваме( само затнато носе) до сега и немам искуство а носето и мн затнато. Матичната рече пред дремка и пред спиење да и ставам по 1 капка Дали е безбедно да се користи? фала
Јас сум прскала после годината кога бил презатнат. А поприродна опција се Насориг што ги спомна Бејби..нив можеш и подолго да ги користиш, само се поскапи и ги нема секаде.
Кај мене уште од 9 месеци ми корнеа завеси сосве корниза откорнуваа,венецијанки тоа све ми искорнаа испокршија.Врати отвораат секаде,строго сега чувам заклучано,знаеја машина за алишта да ми уклучат додека еднаш невлегов во купатило и корнеше на гума.Станат ли од спиење ако неги земам одма тоа е одма рипаат од еден во друг кревет,корнат завеса неколку пати до сега ќе излетаа од кревет.Тоа секаде се качуваат на столчиња све да фатат земат,се тепаат по цел ден само рипаат по троседи фотељи.