Ми звучи познато. Јас на цел под местев перници, детски фотељи, се што имав меко и ги оставав да скокаат додека не се уморат, си викав поарно да ги оставам во безбедно него да се испокршат.
Па јас проверувам, стискам и само 2-3 капки едвај, а и нејзината реакција ми кажува дека немам. Гради не можеш да познаеш секако ко издишан балон се. Ама сеуште ми станува ноќе, и и давам водичка само ако сака. Па во раце се држиме саат време додека пак не презаспие.
Ако имаш млеко треба да шприца, ама чим велиш 2,3 капки може и тоа да е знак дека немаш како што кажа. Цуцла користите ли? Мојот кога го одбивав од цицање, цуцлата мн ни помогна за да не се буди, па дури после кога ја тргнавме цуцлата почна да спие асално вечер. Може и треба време да се навикне дека нема млеко од цице па ќе се стабилизира спиењето.
На другарка ми капка не и излага на стискање и пумпа, а бебе цица и расте за машала. По скоро две кила месечно. Ако ви кажам дека откако тргнавме цуцла, пак се буди неколку пати, ама само да и кажам тука сум.
Како тргнавте цуцла? Скоро две години е ( следен месец), одамна ја користи цуцлата само за успивање ..а се успива сам за 3-5 минути ама мора да ја има и откако ќе заспие , ја фрла. Ама пробав да не му ја давам, нема шанса.
,,кучето ја зема” и 3 вечери неспиење. Стануваше со ужасно вриштење, плачење. Ама три дена и толку беше.
Јас ја сечев постепено за да не му ја тргнам одма, откако ја отсековме само ја жвакаше некое време кога ќе ја земеше и после сам ја фрли не ја сакаше. Мн лесно и безболно за нас Како замена за успивање ме држеше за прстот и се галевме. Исто на 2 години ја тргнавме и почна да спие по цела вечер.
Браво ете се е можно, јас имам млеко за извоз па моево неќе да цица и послабо ми напредува ама нека се здрави и живи само, секое е приказна за себе.
И мојава само со цуце заспива и навечер се буди кога ќе и падне и се потресува цела ја бара по креветче ќе ја најде и ќе си презаспие или ако не може да ја најде јас асистирам зошто почнува да плаче силно ништо не и тргнав насилно па досега се природно откажува така и цицањето на 15м сама едноставно реши дека е доста вероватно и со цуцето ќе биде така ќе почекам до 2роденден
Нас од градинка ни помогнаа. На 19 месеци ја тргнавме. Успеваше таму да заспие без нејзе, па продолживме и дома. Кога ја бараше и вртевме муабет нешто друго да се замуабети, или нешто играче и така прекина да ја бара.
Девојки дали смеам синодерм маст да ставам 15 месеци сме. Дали сте користеле? На обравчињата има црвенило буквално од раѓање. Не е премногу но кожата е груба на допир. Како некоја блага форма на дерматит. На секое идење на контрола кај педијатар го прашувам но ништо посебно не ми кажува. Со биодерма последно ми кажа за атопичен дерматит што е да мачкаме но не гледам разлика. Плус вака на ладно време кога почнува како уште толку да се воспалува
Ние сме со цуце, без него нема шанси да заспиеме. Порано само за спиење го зимавме, а сега и преку ден го бара и се шета со него. Тоа ме нервираа многу. Ама не се форсирам сега за цуцето, прво цицањето да го решиме. Ноќе ако плаче прво и нудам цуце, некогаш продолжува ама некогаш се буди и плаче вришти. Па во раце се држиме по саат време додека пак да заспие. Искрено не знам зошто станува ноќе и се буди, па пак мора да се презаспиваме. Јас се будам скроз па ми треба време пак да заспијам Јас мислев да не е гладна, а цице мислам дека бара од навика. Ама млеко веќе немам, а друго млеко не ми прифаќа никакво. И се гади од млеко.
Ние си ја чувавме до проодување во игрална 2 метри голема, зашто иначе бешееее... Е исто хиперактивна и само нешто беља да направи. Мал стан ни беше и тоа единствено решение додека не попорасна и прооде...
Скроз исто бевме... На нас многу ни помогна една смотана песничка од Светот на Мила на YouTube нешто иде ноктиња бај бај и ќе и ја пееме и она да вика "како Мила" демек сечела нокти и така... Исто Мила ни помогна и од фенот да не бегаме со друга песничка...
Да ве прашам, кога ја ставивте ММР вакцината кај вашите деца? Ако сте ја одложиле зошто сте го направиле тоа?
Здраво ве молам кажете КАКОООО успевате да ги допазите да не се повредат кога веќе почнуваат да одат па само паѓаат, фаќаат буквално се, се качуваат СЕКАДЕ, пикаат се во уста, отвараат се ааааааа Да не трепнеееш... Како да знам кога е аларм за на лекар при џумка на главата. И ова, какоо може да се комирам толку, да не го осетам кога спиеме, ќе стане а до мене а залепен и ќе бапне од кревет... Не спие со нас, во креветче го префрлам, на заспивање ова се случува. Заспивањето ме изморува мислам дека нааајвеќе од целиот турбулентен ден, 2 саати тегнење, вртење по кревет. (Не е често ама има така периоди кога ќе затера) И додека заспие јас сум готова покрај него. Не гледам бела мачка... Хеллп Мислам дека не заслужувам да бидам мајка, како може у една недела 3 пати глава да мавне, а до него сум цело време.
Мајка секако дека заслужуваш. Факт е дека деца толку мали не знаат да се пазат. Еве позади него да си цело време пак ќе успее да стави нешто во уста, да се удри. Мојава многу пати се чукнала во глава, не ја носам веќе се помирив Еве пример вчера на игралиште ја носев, она директно иде во дупките на ќошовите. Се испокрши неколку пати ама ко ништо да не е. Еднаш два пати позади неа трчав и пак истото.. За заспивањето немам совет, и мојава по два саати се успива. А нема шанси да заспијам пошто наоѓа она глупости да прави за да не заспијам. Или ќе ме мава со цуцла, ја плука намерно пошто знае дека така ќе станам да и ја земам, вика, кашла намерно.... Се тешам дека ќе помине и дека пак ќе биде она мирно девојче
Може не е за смеење, ама ме изнасмеа од сабајле, со делот "ќе бапне од кревет". И мојот е таков, ист како што го опиша твојот син. И мене три пати ми паднал од кревет, и тоа пред мои очи, не сум спиела. Во секунда се случува и нема време за реакција. Од третото паѓање си има белег на челото. Не знам дали има помош за ова, едноставно треба да се издржи, многу трпение и поопуштено за полесно да ги пребродиме нивните лудории.