Не заспивам ни јас додека е буден.Штом заспие и јас сум кома. Иначе гребе, ме шлапа по лице, брца со прст кај мене во уста, во ноос у окоо, се качува по мене, ќе лежи па ќе крене газот нагоре, само го поместуван на кревет а му се спиеее очи му се затвараат.
Абе не заслужувала да биде мајка. Не збори така. Ако почнам јас да ти набројувам, колку паѓала, удирала глава и се што има пикнато во уста, ќе ти се слоши. Мене првпат во две години, ми падна пред некој ден во спиење. Се врти, шета од нејзин кревет, на спална и се спуштила кај нозете долу и падна. Знаеш колку пати сум заспала пред неа, од умор?? Охооо. И незнам дали може да се допази дете што проодува. Две години па вчера сигурно 4-5 пати падна. И само што и кажав пази, она се испружи во паркот. Ако удри глава, џумка, мачкај одма путер/маргарин. Магично помага.
Мојата заб скрши, само да ти доловам дека едноставно не можеш да допазиш. Дете што проодува ќе паѓа, деца паѓаат и пораснати, опушти се, тоа е дел од растот. Останатото нека ги чува господ, да ни се живи и здрави само.
Биди спремна дека таа фаза трае уште долго кај машките. Кога се мали имаат џумки на глави, а кога се поголеми нозете им се во модрици, што од фудбал, што од велосипед. За женскиве не знам, ама гледајќи ги на улица и тие не се подолу. Здраво дете сака да истражува, има енергија и тоа е. Син ми има 7 години и е целиот е со модрици. Не е трапав, ама со самото тоа што тренира фудбал, и цело лето е на велисипед, нозете му се партал. Е сега, што може да се направи? Ништо, да се надевам само дека нема да скрши глава рака нога. Ако му тутнам телефон ке е мирен, ама бидејќи бирам да расте колку што е можно поздраво, ке стискам заби и ке се препотувам.